fbpx
Таг: расправа

таг: расправа

Ковачевски: Поднесовме амандмани со кои предвидуваме власта да скрати од луксузот

Со амандманите кои ги поднесовме како опозиција, предвидуваме Владата да намали 10 милиони евра од градежни објекти за кои сметаме дека може да бидат изградени во нареден период затоа што сега е неопходно да се обезбедат овие средства за поплавените подрачја, изјави пратеникот Васко Ковачевски на вториот ден од расправата за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет. Според...

Расправата за ребалансот на буџетот почнува денеска во матичната комисија

Расправата по новиот ребаланс на буџетот за 2016 година почнува денеска во собраниската комисија за финансирање и буџет. Со ребаланост се бараат дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја. Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Приходите остануваат непроменети, на ниво на проекцијата од 174.291...

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на буџетот

Собранието денеска ја продолжува 111. седница, на која на дневен ред е продолжението на расправата по дополнетиот предлог за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Освен ребалансот на буџетот, пратениците ќе ги разгледуваат и предлог-одлуките за објавување јавен оглас за именување претседател, заменик-претседател и заменик-член на Комисијата за решавање жалби во областа на енергетиката,...

Уставниот суд повторно ја одложи расправата за крстот во Бутел

Уставниот суд повторно ја одложи расправата по иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел, која предизвика тензии кон крајот на февруари и на почетокот на март годинава. Предлогот за одложување на расправата за некоја од следните седници била на судијата Сали Мурати, кој не присуствувал на денешната седница. Уставните...

Пратениците петти ден ќе расправаат за импичментот на Иванов

Пратениците денеска во Собранието ја продолжуваат расправата по предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата од 12 април. Ова е четврто продолжение на седницата за иницијативата за импичмент на Иванов, поднесена од пратениците на СДСМ и на ДУИ. Пратениците од опозицијата сметаат дека со аболицијата на 56 лица, политичари и ниви...

Пратениците ќе ја продолжат расправата за импичмент на Иванов в понеделник

Без конечен исход заврши и третиот ден од расправата во Собранието за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, а продолжението на седницата спикерот Трајко Вељаноски го закажа за понеделник. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повторија ставот дека иницијативата на СДСМ е неоснована, додека опозицијата и пратениците од ДУИ повторно нагласија дека Иванов мора да сноси одговорност за...

Седници на три собраниски комисии

Денеска во Собранието ќе се одржат седници на комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и на комисијата за образование, наука и спорт. На дневниот ред на седницата на комисијата за финансирање и буџет е, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, Предлог-одлуките за давање согласност на Стратешкиот план...

И Папандреу и Самарас и Ципрас го прифатиле предлогот за „Нова Македонија“?

Среде дискусијата за новите даночни поскапувања во Грција дел од грчките партии се обидоа да фатат поени кај граѓаните и околу спорот за името. Искрата ја фрли лидерот на Унија на центристи, Василис Левентис кој побара министерот за одбрана и прв човек на ултрадесничарската Независни Грци да објасни дали и тој прифаќа терминот „Македонија“ да стои во нашето име...

Уставниот суд утре ќе расправа за уставноста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд утре, во 9 часот, ќе расправа по иницијативата за испитување на уставноста и на законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, што во петокот ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива е објавена утрово, на интернет-страницата на Уставниот суд. Имено, променет е целиот дневен ред на утрешната...

ДИК расправа за барањата за податоци што ќе ги испрати до институциите

Членовите на Државната изборна комисија денеска имаат седница на која расправаат за предлог-барањата што ќе ги испратат до институциите, кои во согласност со Изборниот законик треба на комисијата да ѝ ги достават сите податоци за гласачите што таа ги бара. На седницата се разгледуваат барањата за Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за внатрешни работи и за Министерството за надворешни работи. Исто така,...

Собранието на 28 март ќе расправа за извештајот на Јанева

Извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство, кој специјалната обвинителка Катица Јанева го достави до Собранието, на пленарна седница ќе се разгледува на 28 март, потврдија од Собранието. Оттаму велат дека за извештајот најпрво ќе се расправа на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која ќе се одржи на 21 март. Според ставот 1 од членот...

Уставниот суд ја прифати иницијативата за помилување изборни нерегуларности

Со пет гласа „за“ и со четири „против“, Уставниот суд ја прифати иницијативата да го разгледува Законот за помилување, кој предвидува да не може да се помилуват лица осудени за изборни нерегуларности. Судот денеска расправаше по иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за помилување. Ова значи дека во оваа фаза најпрво е изразен сомнеж за уставноста на оспорениот закон, а во...

Продолжува комисиската расправа за универзитетот „Дамјан Груев“

По речиси една недела пауза, денеска во Собранието продолжува седницата на Комисијата за образование. На седницата закажана во 15 часот на дневен ред се предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје и предлог-законот за изменување на Законот за високото образование. Последната седница на комисијата заврши со кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Расправаата за основање на...

Дескоска: Генерации се задолжени за сметка на луксузот на власта

Во расправата за предлог-буџетот за 2016 година, која сè уште трае во Собранието, преовладуваат политичките конфронтации меѓу пратениците. Тие од опозицијата укажуваат на непродуктивноста и на нетранспарентноста при трошењето на парите на граѓаните, како и на преголемото задолжување, кое со еврообврзницата може да достигне и до 50 проценти од БДП. Пратениците од владејачката партија, пак, ги бранат политиките на партијата и тоа што досега го сториле...

Во Собранието ќе се дебатира за загадувањето на воздухот

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднела информација за загадувањето на воздухот за која пратениците треба да дебатираат, рече пратеникот Стефан Богоев од СДСМ на дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“. - Денеска како пратеничка група до Собранието поднесовме информација за загадување на амбиенталниот воздух во Македонија. На првата наредна собраниска седница, која...

„Б“ како Буџет 2016 или како „Бушава азбука“

Денеска е во тек петтата расправа за дополнителниот предлог-буџет во Собранието, при што се очекува тој, најдоцна до полноќ, да биде изгласан. И покрај тоа што се носи најважниот стратегиски документ од кој зависи остварувањето на економските политики, планираниот проектиран економски пораст, како тема на дискусија меѓу пратениците се најдоа и Итар Пејо, Ченто и „Бушава азбука“. Пратениците од владејачката партија се...

Беџети: Расправата за буџетот е само еден лош театар

Денеска е во тек третата собраниска расправа за дополнителниот предлог-буџет, на која пратениците меѓу себе се расправаат за тоа што направила власта, а што опозицијата, а најмалку дебатираат за ставките во буџетот што ги засегаат граѓаните и од кои зависи економскиот просперитет на државата. Пратениците од собраниските говорници признаа дека јавноста е сведок на лош театар. Опозицијата ја обвинува власта дека...

Стојановски: Целта на буџетот е да се купи глас повеќе за предвремените избори

На денешната седница во Собранието, на која продолжи расправата за дополнителниот предлог-буџет, владејачката партија ја обвини опозицијата дека создала вештачка политичка криза, која е причина за послабите проекции за економијата. Но, и покрај тоа, како што порача пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, се најавуваат нови странски инвестиции. - Буџетот за 2016 година е комбинација на развојна и на социјална компонента....

Денеска продолжува седницата за буџетот

Расправата за буџетот продолжува и денеска во Собранието. Опозицијата нема да даде поддршка за него бидејќи, како што истакна Марјанчо Николов, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен и, според пратеникот на опозицискиот СДСМ, со него секој од нас е задолжен со нови 150 евра. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакна дека во буџетот има развојна и социјална компонента и очекува следната...

Николов: Со буџетот за 2016 година, секој од нас е задолжен за 150 евра

Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ, на собраниската расправа за предлог-буџетот, истакна дека опозицијата нема да го поддржи буџетот за 2016 година бидејќи е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен. За историски највисокиот буџет од 3,2 милијарди евра, Николов додаде дека е нетранспарентен и не се знае каде Владата ќе ги потроши парите. - Овој буџет е наменет за тажна сегашност и...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...