fbpx

Уставниот суд утре ќе расправа за уставноста на распуштањето на Собранието

-

Уставниот суд утре, во 9 часот, ќе расправа по иницијативата за испитување на уставноста и на законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, што во петокот ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива е објавена утрово, на интернет-страницата на Уставниот суд. Имено, променет е целиот дневен ред на утрешната седница, утвреден претходно, и за утре е закажана само една точка „Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.9/2016 и 33/2016) Реферат У.бр.104/2016“.

До Уставниот суд е поднесена уште една иницијатива, која како и онаа на Џафери се однесува на друго горливо прашање околу политичката криза, односно повлекувањето на аболицијата на 56 лица, политичари и нивни соработници, од претседателот Ѓорге Иванов.

Од Уставниот суд за „Мета“ потврдуваат дека до нив е поднесена иницијатива за преоценка на членот 11 од Законот за помилување, односно законитоста на овој член врз основа на кој претседателот Иванов ја темели одлуката за аболиција.

Иницијатвата ја подел жител на Скопје, Миливој Мицовски, а таа, како што ни потврди генералниот секретар на Уставниот суд, Оливера Филиповска, стигнала пред инцијативата на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Според неофицијални информации, поради потребата од итно постапување по овие иницијативи, претседателката на Уставниот суд ја откажала службената посета на Русија. Но, од Уставниот суд нема потврда на информацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...