fbpx

И Папандреу и Самарас и Ципрас го прифатиле предлогот за „Нова Македонија“?

-

Среде дискусијата за новите даночни поскапувања во Грција дел од грчките партии се обидоа да фатат поени кај граѓаните и околу спорот за името. Искрата ја фрли лидерот на Унија на центристи, Василис Левентис кој побара министерот за одбрана и прв човек на ултрадесничарската Независни Грци да објасни дали и тој прифаќа терминот „Македонија“ да стои во нашето име и која е позицијата на грчката влада, што предизвика низа „патриотски“ реакции од Каменос, напад врз Нова демократија и школско појаснување за грчката позиција од екс шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.

Левентис изнесе случка од негов разговор со странски амбасадор во Грција кој му посочил дека претходните премиери Јоргос Папандреу, Андонис Самарас и актуелниот премиер Алексис Ципрас сите го прифатиле предлогот за името „Нова Македонија“, барајќи објаснување дали и Каменос со тоа што е дел од владата на СИРИЗА се согласува со овој став.

– Која е позицијата на владата? Коалицискиот партнер прифаќа „Нова Македонија“, Каменос не… ама ќе ми речете се случува ли нешто сериозно во оваа сала и што сериозно се случува воопшто во оваа држава? – истакна Левентис.

Каменос во веќе познат стил се држеше до објаснувањето дека тој не поддржува име во кое ќе фигурира терминот Македонија, објаснувајќи дека за него и Независни Грци се уште важи одлуката од времето на стариот Костас Караманлис.

– Одлуката на политичките лидери под раководство на претседателот Костас Караманлис за името Македонија не е сменета. Грција има национална позиција за која не се преговара – истакна Каменос.

При неговото излагање гласно коментираше екс шефицата на грчката дипломатија Бакојани објаснувајќи дека Грција од 2008 година има поинаква национална позиција за името.

– Јас зборувам за одлуката од претседателот Караманлис за некористење на името Македонија и ја слушам Бакојани како вели дека нејзината позиција е сменета. Да ве потсетам дека во владата во која бевте министер за надворешни работи премиерот Караманлис стави вето за да нема учество на Скопје во НАТО под името Македонија – потенцираше Каменос.

На ова министерот за одбрана доби лекција за тоа која е официјалната позиција на Грција изминативе години. Бакојани потенцираше дека пред Грција да оди на Самитот на НАТО во Букурешт сите партии во грчкото собрание, освен тогашната ЛАОС на Јоргос Караџаферис, усвоиле единствена национална позиција околу спорот за името, односно сложено име со географска одредница ерга омнес.

– Оваа е националната позиција, таа ја поддржавме во Букурешт, со таа победивме во Букурешт и таа и натаму продолжува да биде позицијата на државата. Ако министерот за одбрана, оди контра министерот за надворешни работи, следи поинаква политика парламентот има право да го знае тоа – истакна Бакојани, потсетувајќи го Каменос дека како тогашен заменик-министер за поморска трговија и дел од грчката влада ја поддржал оваа грчка позиција.

Каменос го искористи одговорот како нов напад за непатриотски позиции на Нова демократија, коментирајќи дека десничарската партија очигледно го сменила ставот и дозволува користење на името Македонија.

– Мислам дека Нова демократија ја менува одлуката на претседателот Караманлис и се согласува на користење на името Македонија. Ова е јасна политичка карактеристика и ќе се види следниве денови колку ќе се согласат – истакна Каменос, без да појасни за што точно треба да се изјаснат во следните денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...