четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: претепан | 17 резултати

Поднесено обвинение за убиството на Никола Саздовски

11 септември 2018

Обвинителен акт за убиство е поднесен денеска против двајцата осомничени за свирепото претепување на Никола Саздовски во Автокоманда на 29 јуни годинава, соопшти  Основното јавно обвинителство Скопје. Исто така, за нив е побарано продолжување на притворот. Истражната постапка против третиот осомничен, кој се смета за соизвршител, е прекината поради тоа што е во бегство. Против […]

Во Обвинителство стасало вештачењето за смртта на Никола Саздовски

16 јули 2018

Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска до обвинителството го доставил вештачењето за причинско-последичната врска на нанесените повреди кај 21-годишниот Никола Саздовски, од претепувањето на автобуска постојка во Автокоманда со неговата смрт пред една седмица. ​Наодот од вештачењето е кај надлежниот […]

Поповски: Јавноста ги знае сите информации за истрагата за Никола Саздовски

10 јули 2018

Роберт Поповски, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентост, по многуте реакции во јавноста и социјалните мрежи за водењето на истрагата за убиството на 21-годишниот скопјанец Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше брутално претепан на автобуска постојка во Автокоманда и вчера почина, порача дека јавноста е навреме информирана за истрагата за случајот. Поповски, во […]

Маж претепан до смрт пред продавница во Охрид

24 јули 2017

Маж на возраст од 59-години вчера колабирал и починал во Охрид од повредите добиени во тепачка, извести СВР Охрид. Поради тоа, кривична пријава за убиство е поднесена против Н.С. (79), З.С. (45) и Д.С. (24), сите од Охрид. Според СВР Охрид, вчера околу 17.30 часот, пред продавница на раскрсницата на улиците Будва и Радојца Новичиќ […]

Срби и Грк претепале до смрт американски турист на Закинтос

7 јули 2017

Американски турист починал како резултат на повредите добиени од претепувањето од страна на српски туристи и на еден Грк. Нападот се случил во кафе-бар на грчкиот остров Закинтос, а му претходела расправија меѓу група Американци и група Срби. И двете групи биле под дејство на алкохол. Околу 3.15 часот денеска, близу локалот „Бар код“ во […]

Зијадин Села в понеделник првпат ќе се појави во јавност по нападот

19 мај 2017

Претседателот на Движење за реформи на ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, првпат по нападот во Собранието на 27 април, кога беше брутално претепан, ќе одржи прес-конференција в понеделник, извести портпаролот на ДР-ДПА, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. „ДР-ДПА со задоволство известува дека в понеделник, во 13 часот, во седиштето во Тетово ќе се одржи првата прес-конференција […]

Насилници претепале скопјанец и демолирале кафуле во Шутка

29 март 2017

Седум-осум непознати лица вчеравечер во кафуле во населбата Шуто Оризари претепале млад скопјанец, а потоа превртеле неколку маси и го скршиле стаклото на влезната врата, по што заминале, соопшти СВР Скопје, информирајќи дека во врска со инцидентот засега се приведени тројца и се работи на расчистување на случајот. Случајот во полиција вчера во 21.30 часот […]

Претепан снимател на „Анадолија“ во Белград

5 јануари 2017

Снимател на турската новинска агенција „Анадолија“, Нихад Ибрахимкадич, рано утринава беше повреден при напад во близина на железничката станица во Белград. Снимателот е префрлен на одделението за интензивна нега во Воено-медицинската академија. Како што наведе агенцијата „Анадолија“, непознатите напаѓачи го нападнале Ибрахимкадич од зад грб, а за време на нападот не зборувале ништо и не […]

Разбојник ограбил и до смрт претепал 91-годишен жител на Свети Николе

29 јули 2016

Вчера, во периодот меѓу 13 и 18.20 часот, непознат сторител претепал и ограбил 91-годишен жител на Свети Николе, во неговиот дом, информираат од МВР. Старецот, на кој му била укажана лекарска помош во светиниколската болница, ноќеска околу 2 часот им подлегнал на повредите. Според полициските информации, разбојникот во станот на улицата Рахилка Гонева, влегол преку […]

Тодор Петров претепан по осветувањето на крстот во Бутел

27 февруари 2016

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, еден од донаторите на крстот чии темели утрово беа осветени во општината Бутел, бил претепан од непознати лица, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Како што јавуваат медиумите, Петров бил претепан по завршувањето на настанот на кој тој одржа говор. Во моментов тој се наоѓа на Ургентниот центар, каде му се […]

Обвинителството почна истрага за убиството на старецот во село Маково

22 февруари 2016

Основното јавно обвинителство Битола покренало истражна постапка против осомничениот за вчерашното убиство на 80-годишниот жител на мариовското село Маково, соопшти денеска јавното обвинителство. Тој се товари дека по расправија со овчарски стап до смрт го претепал старецот. „Осомничениот се товари дека пред селската продавница – кооперација во село Маково, општина Новаци, по вербална расправија, лишил […]

Го претепале до смрт оти ја фалел Катица Јанева, а ги кудел Јанкулоска и Јанакиески

22 февруари 2016

Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Токму тоа била причината поради која сега осомничениот […]

Штипјанец го претепал татка си со дрвен предмет

17 јуни 2015

Седумдесет и петгодишен штипјанец вчера бил претепан од својот син, кој го нападнал со дрвен предмет, удирајќи ги по главата и по телото, информира полицијата. Од ударите, на старецот му биле нанесени тешеки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип за укажување лекарска помош. Според полицијата, се преземаат мерки за целосно расчистување […]

Страна 1 од 1