fbpx
Таг: премиер

таг: премиер

Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот за името

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да ѝ помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесе правилни одлуки, а не да поставува некакви ултиматуми, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Грција, Алексис Ципрас,...

Заев: Никој нема да биде изземен од одговорноста за корупција

Во неговото обраќање по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, премиерот Зоран Заев порача дека коруптивното дејствување е сериозна закана за економскиот и за севкупниот развој на Македонија. Тој порача дека борбата со ова зло е обврска што ја презела оваа власт, но ги повика и граѓаните да учествуваат рамноправно во справувањето со ова зло за државата. Увери...

Заев две години е под постојани закани од атентат, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека премиерот, Зоран Заев, додека бил само лидер на СДСМ, но и сега, откако е претседател на Владата, е под постојани закани од атентат. Заев добивал индиректни закани додека како лидер на СДСМ пред две години ги објавувал материјалите од незаконското прислушување, односно проектот „Вистината за Македонија“. Овие...

Борисов телефонски му честиташе на Заев за успешното спроведување на изборите

Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со својот бугарски колега, Бојко Борисов, кој, како што соопштија од Владата, му го честитал на Заев успешното спроведување на локалните избори. „Премиерот Борисов му го честиташе на премиерот Заев успешното спроведување на локалните избори во Република Македонија и истакна дека организацијата на изборите создаде услови во кои граѓаните можеа слободно, врз основа...

Заев: Правда во Македонија ќе има, да не се делиме по етничка основа

На предизборниот митинг во Кичево, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, вечерва најави подобри времиња и поубав живот за сите во земјава. - Во декември лани сите сплотени одржавме лекција на цел свет. Соборивме режим со пенкало и со глас. Ние немаме предрасуди, шарени сме во коалицијата, нè има од сите етнички заедници затоа што оваа наша земја е на...

Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направивме ние

„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме. Инаку Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарскиот весник „Труд“. Тој сепак не одговори на прашањето зошто на конференцијата на премиерите на балканските земји вчера во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев. Во Варна вчеравечер...

ДУИ: Давутоглу рече дека Ахмети е клучен фактор за стабилноста во Македонија

Поранешниот турски премиер, Ахмет Давутоглу, на денешната средба со претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Скопје, рекол дека Ахмети е клучен фактор за стабилноста на Македонија и на регионот, земајќи предвид дека Албанците живеат во шест држави низ регионот и се главна оска на стабилноста на Балканот, соопшти ДУИ. Претседателот на партијата на средбата со Давутоглу, кој...

Премиерот на Исланд си поднесе оставка

Претседателот на Исланд, Гудни Јохансон, денеска ја прифатил оставката на премиерот Бјарни Бенедиктсон, кој изјавил дека новите парламентани избори во земјата најверојатно ќе се одржат на 4 ноември, јавуваат светските медиуми. Исландската влада на десниот центар, која беше формирана пред девет месеци, се распадна вчера по повлекувањето на малцинскиот коалиционен партнер - Центристичката партија за светла иднина, откако било откриено...

Заев – Жбогар: Постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија оди напред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, а на средбата Заев порачал дека владата е решена да гради квалитетен живот за сите граѓани. Евроамбасадорот, како што извести Владата, рекол дека во Брисел постои оптимизам за идните чекори на Македонија и дека земјата ја има досега најголемата шанса за напредок во евроинтеграциите. - Постои голем оптимизам во Брисел...

Ципрас вети успешен крај на програмата за спас на Грција

Грција успешно ќе ја заврши спасувачката програма во 2018 година, помогната од суштинскиот економски пораст, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вети дека ќе ги поддржи младите Грци, како и малите бизниси во процесот на обновување на земјата. На отворањето на 82. Меѓународен саем во Солун синоќа, Ципрас изјави дека грчката економија ќе постигне пораст во 2017 година по деветгодишната...

Владината програма на Харадинај наиде на остри критики

На вонредната седница на Собранието на Косово, свикана од опозицијата, новата владина програма презентирана од премиерот Рамуш Харадинај наиде на силни критики. Шефот на парламентарната група на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, ја критикуваше владината програма, велејќи дека е сигурен дека тоа е дело на самиот премиер Харадинај, бидејќи според Коњуфца се работи за многу сиромашна програма од содржински аспект. Коњуфца...

Брнабиќ: Србија ќе даде сѐ од себе за да има најдобри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија. порача дека Србија ќе даде сѐ од себе за со Македонија да има само најдобри односи. Таа рече дека не разговарала со својот македонски колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко околу можноста Македонија да го...

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот и претседател на СДСМ,...

Заев: Ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби

Испраќам порака до владините и до државните институции дека ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби, рече премиерот Зоран Заев на денешната конференција „Одвојување на државата од политичките партии“, во организација на Граѓанската асоцијација „Мост“. - Владата на Македонија гради институции за и на граѓаните и има цел на претстојните локални избори да ги заштити граѓаните од партиски злоупотреби. Вршителите...

Заев: За кандидатите за градоначалници ќе се водиме според анкетите

Кандидатите за градоначалници и советници во општините, СДСМ ќе ги бира според резултатите од анкетите кои се во тек, соопшти денеска премиерот Зоран Заев за време на посетата во Берово. - Општините во севкупниот живот на граѓаните се сериозен фактор со влијание. Под нив се училиштата, градинките, комуналните претпријатија, допираат во секоја сфера од животот и семејството. Затоа да бидеме...

Сослушана сопругата на Нетанјаху поради трошење јавни пари за приватни цели

Израелската полицијата два часа ја испитувала сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомнеж дека користела јавни пари за приватни трошоци. Како што пренесува израелското јавно радио, таа е испитана вчера во седиштето на Националната единица за разоткривање проневери во Тел Авив, поради обвинението дека користела јавни пари за лични трошоци за водење на домаќинството во официјалните и во приватните резиденции. Како...

Заев и Борисов денеска ќе го потпишат договорот за добрососедство

Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев денеска во Скопје со сите државни и воени почести ќе ја пречекаат високата бугарска владина делегација, предводена од премиерот Бојко Борисов. Официјалната церемонија за добредојде на бугарската делегација, која е во дводневна посета на Македонија, ќе се одржи на платото пред Владата, со интонирање на државните химни на Република Македонија и на...

Пакистанскиот премиер поднесе оставка откако судот му забрани да ја врши функцијата

Пакистанскиот премиер Назав Шариф поднесе оставка по одлуката на Врховниот суд да му се забрани вршење на функцијата поради истрагата за корупција. Одлуката на судот следеше по истрагата во која неговото семејство, наводно, не можело да го објасни своето големо богатство. - Тој веќе нема право да биде член на парламентот – рече судијата Ејаз Афзал Кан и додаде дека Шариф...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од оваа влада видоа само долгови

„Граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови. Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови. Од ден на ден долговите на Република Македонија рапидно и енормно се зголемуваат. СДС успеа за неполни два месеца граѓаните да ги задолжи за 70-тина милиони евра“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку сопштение денеска. Од опозициската партија велат дека Владата предводена од...

Швајцарската амбасадорка на Заев му врачила стратегија за соработка меѓу двете земји

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада, која му ја врачила долгорочната стратегија за соработка помеѓу двете земји, со која Швајцарија планира значително да ѝ помогне на Македонија во понатамошниот напредок и развој. Поддршката се однесува на програми за унапредување на работата на Собранието, програми за унапредување на изборниот процес, како...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...