fbpx

Владината програма на Харадинај наиде на остри критики

-

На вонредната седница на Собранието на Косово, свикана од опозицијата, новата владина програма презентирана од премиерот Рамуш Харадинај наиде на силни критики. Шефот на парламентарната група на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, ја критикуваше владината програма, велејќи дека е сигурен дека тоа е дело на самиот премиер Харадинај, бидејќи според Коњуфца се работи за многу сиромашна програма од содржински аспект. Коњуфца изјави дека отсуството на владиниот кабинет на оваа собраниска седница е показател за тоа како ќе владее новата Влада.

Коњуфца дополнително нагласи дека владата треба да објасни како ќе ги подобри економијата, здравствениот систем, образованието и други клучни области за благосостојба на граѓаните. Инаку, премиерот на Косово, Харадинај, изјави дека нема да присуствуваат на денешната вонредна седница, свикана од опозицијата, бидејќи вчера опозицијата сама побарала да се прекине дебатата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...