недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: преименување | 18 резултати

Улица во Берово го доби името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол

декември 1, 2021

Советот на општина Берово едногласно ја усвои иницијативата за преименување на улица во Берово со името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол. Тој беше еден од симболите на борбата против шумските пожари што ја зафатија Малешевијата изминатово лето. Иницијативата за преименување на улица во Берово по словенечкиот пожарникар беше поднесена од беровскиот градоначалник Звонко Пекевски. По […]

Коалицијата на опозицијата „За подобра Македонија“ го смени името во „За обнова на Македонија“

октомври 22, 2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше состанок со коалиционите партнери за да ги информира за она што се случуваше на последната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски. Коалиционите партнери разговарале за претстојните предвремени парламентарни избори и одлучиле да се преименуваат во „За обнова на Македонија“. „Поради тешката реалност во која што живеат македонските граѓани, предложив […]

Отворена анкета за нови имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје

јули 29, 2019

Град Скопје денеска отвори анкета за граѓаните за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Граѓаните може да испратат предлози на два начина – или преку онлајн прашалникот или пак преку класично писмо на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82. Анкетата, и преку […]

Владата пресече: Арена „Филип Втори“ се преименува во Арена „Тоше Проески“

април 9, 2019

На денешната 129. седница, Владата донесе Одлука за преименување на мултифункционалната национална арена „Филип Втори“ во Национална арена „Тоше Проески“. Од останатиот дневен ред, донесена е одлука да се ослободат од плаќање партиципација за лекување повредените патници од автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, а исто така била отфрлена предлог-Регулаторната стратегија за развој […]

Новиот претседател предложи главниот град на Казахстан да се преименува во Нурсултан

март 20, 2019

Новопоставениот претседател на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, предложи главниот град Астана да се преименува во Нурсултан, само ден откако Нурсултан Назарбаев поднесе оставка од претседателската функција по 29 години на власт. Парламентот на централноазиската земја денеска го прифати во прво читање предлог-законот за преименување на градот. – Предлагам главниот град Астана да го преименуваме во Нурсултан […]

Бошњаковски: Академиците ќе го одберат долгото име на МАНУ

март 20, 2019

Кратенката МАНУ на  Македонската академија на науките и уметностите ќе остане непроменета и по преименувањето на академијата, а за нејзиното ново целосно име ќе одлучат самите академици, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата. Тој за новото име на Армијата на Република Македонија (АРМ) рече дека ќе биде познато наскоро, но […]

Владата ги преименува ЕЛЕМ, Македонска пошта и МИА и одобри намалување на роамингот

март 20, 2019

На вчерашната 126-та седница, Владата вчера, меѓу другите точки, го прифатила нацртот на Договорот за понатамошно намалување на цените на роамингот во Западен Балкан и преименуваше три државни претпријатија. Според обврските од Преспанскиот договор,  новиот назив на АД  Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – […]

Уставните измени стапија на сила, од вчера сме Република Северна Македонија

февруари 13, 2019

Преспанскиот договор од вчера и официјално е на сила и почнува остварувањето на неговите одредби, со што и Македонија го смени своето име во Северна Македонија. Владата исто така го промени нејзиното име во Влада на Република Северна Македонија. Како што објасни Владата, вчера во „Службен весник“ е објавен Преспанскиот договор, а на сила се […]

Кочанските советници ја преименуваа улицата „ВМРО“ во „Маршал Тито“

октомври 31, 2018

Мнозинството во Советот на Општина Кочани го врати името на една од централните улици, што неколку децении го носеше името на претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз – Тито. Советниците од коалицијата на СДСМ го сменија името на улицата во „Маршал Тито“ со поддршка на еден независен советник. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во време кога […]

За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

октомври 24, 2018

Руската новинска агенција „Спутњик њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија. Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“, руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот […]

МАНУ ќе прави напори да не се менува нејзиното име

септември 11, 2018

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се консултира со експерти за да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа, беше кажано вчера во научната расправа „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликација врз евроатланските интеграции на Република […]

Отстранет споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром

март 1, 2018

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Македонски, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот „Александар Велики“. Споменикот на аеродромот беше поставен во 2011 година откако ТАВ стана концесионер. Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, беше донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава, а во знак на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори

февруари 7, 2018

Во врска со преименувањето на аеродромот и автопатот, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема иредентизам во актуелните имиња, се вели во соопштението на партијата. Од таму додаваат дека би било добро „граѓаните да слушнат дали одлуката на владата е дел од некоја поширока стратегија или повторно станува збор за еднострани постапки од кои Македонија нема […]

ФАЦ: Можно е Владата по изборите да го смени името на скопскиот аеродром во „Мајка Тереза“

септември 20, 2017

Македонската влада по локалните избори е можно да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики“ во „Мајка Тереза“, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во опширната анализа за Македонија под наслов „Не под ова име“, пренесува „Дојче веле“. Во анализата, весникот во добар дел посветува внимание на спорот за името меѓу Македонија и Грција. ФАЦ ја цитира […]

Страна 1 од 1