fbpx

Отворена анкета за нови имиња на улици, мостови и плоштади во Скопје

-

Град Скопје денеска отвори анкета за граѓаните за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти).

Граѓаните може да испратат предлози на два начина – или преку онлајн прашалникот или пак преку класично писмо на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82. Анкетата, и преку интернет и преку класично писмо, ќе трае до и тоа до 18 август годинава.

Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје, која потоа ќе состави своја листа на имиња и ќе ја достави до Советот. Нема сите предлози од граѓаните да бидат прифатени и вклучени во оваа листа, објаснуваат од Град Скопје.

При нејзиното подготвување ќе се има предвид правичната застапеност на историјата, културата и науката на граѓаните кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...