Кратенката МАНУ на  Македонската академија на науките и уметностите ќе остане непроменета и по преименувањето на академијата, а за нејзиното ново целосно име ќе одлучат самите академици, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.

Тој за новото име на Армијата на Република Македонија (АРМ) рече дека ќе биде познато наскоро, но секако ќе биде во духот на Преспанскиот договор.

Бошњаковски на прес-конференција денеска ги образлагаше точките на вчерашната владина седница, на која меѓу другото, нови имиња добија АД ЕЛЕМ, државната новинска агенција МИА и Македонска пошта.

Одговарајќи на новинарско прашање за „мерцедесот“ од безмалку 600.000 евра, односно дали тој ќе биде продаден а со парите да се купат возила за Итна помош, што беше предизборно ветување на СДСМ, Бошњаковски рече дека набавката на нови амбулатни возила е во тек.

– Амбулантни возила веќе се набавуваат. „Мерцедесот“, пак, е симбол на расипништво и оваа Владата се откажа од него, премиерот никогаш не го користи. Дел е од судската постапка и дедека таа постапка е активна тој мерцедес ќе остане таму каде што е. Во истиот момент кога ќе заврши, ќе видиме што ќе се случи – рече владиниот портпарол.