сабота, 18 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: почит | 13 резултати

Делегација на Општина Крушево оддаде почит и положи цвеќиња на гробот на Тоше Проески

јануари 25, 2021

Со поклон и положување на свежи цвеќиња на гробот на Тоше Проески, денеска делегација на Општина Крушево предводена од градоначалникот, Томе Христоски оддаде почит на балканската поп икона, на денот кога требаше да го слави својот 40 роденден. „Одбележуваме уште еден роденден без Тоше, но тој е присутен во сите нас. Тој има само датум […]

Конеска: Децата растат со ниска самодоверба, потребни се развојни промени

јули 29, 2019

Денешните ученици се сè поагресивни, незаинтересирани, без чувство за другиот, имаат ниска емоционална интелигенција и висока нетолеранција. Тоа укажува на проблеми сврзани со воспитната улога на наставникот, но пред сè на родителската улога. Овие вредности се сè помалку развиени и непоттикнати и затоа мора да се менуваат, вели Марија Конеска, психолог и едукатор која секојдневно […]

Меркел: Мораме да го чуваме наследството на Хелмут Кол

јули 1, 2017

Повеќе од 20 шефови на држави и повеќе стотици официјални претставници денеска присуствуваа на комеморацијата во Европскиот парламент во Стразбур, по повод смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Тие истакнаа дека Кол придонесе за обединувањето на Европа и за помирување на поранешните противници на континентот. Ковчегот покриен со знамето на Еврпската Унија, кој го […]

Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Киро Глигоров

јануари 1, 2017

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на петгодишнината од неговата смрт. – СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров, кој градеше мостови на соработка во нашата држава и во светот, […]

Почина канадскиот пејач, поет и уметник Леонард Коен

ноември 11, 2016

Вчера, на 82-годишна возраст, почина канадскиот пејач, текстописец и поет Леонард Коен. Веста за неговата смрт е објавена на официјалниот фејсбук-профил на музичарот, но не се наведени детали околу причините за смртта. „Со длабока тага соопштуваме дека почина легендарниот поет, текстописец и уметник Леонард Коен“, стои во соопштението. Канадскиот премиер Џастин Трудо му оддаде почит […]

Делегација на МВР оддаде почит на пилотите што загинаа кај Струмица

јули 10, 2016

Делегација на Министерството за внатрешни работи, денеска оддаде почит на загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков на спомен-обележјето во аеродромската база Брест во Петровец, соопштија од МВР. Делегацијата на МВР била придружувана од семејствата на трагично загинатите пилоти. Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година кај Струмица.

Знамето на САД на половина копје до четврток на зајдисонце

јуни 13, 2016

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, денеска издаде наредба знамето на САД на Белата куќа, сите јавни згради, бродови на американската морнарица, амбасади и конзуларни преставништва во странство да бидат поставени на половина копје, во чест на жртвите од масакрот што се случи вчера во Орландо, а во кој животите ги загубија 50 лица. Знамињата, […]

Делегации на партиите и семејствата оддадоа почит на загинатите кај Карпалак

август 8, 2015

По повод 14-годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегација на СДСМ, предводена од потпретседателката Фросина Ременски, и делегација од општинската организација на СДСМ од Тетово, денеска оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак. На тој трагичен ден, животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан […]

Свеќа и почит за Васил Шишков

декември 22, 2014

Група граѓани, пријатели и колеги на познатиот актер Васил Шишков, вечерва организираат достојно испраќање на уметникот, кој синоќа ненадејно почина. Вечерва, во 19 часот, во паркот Жена-борец, ќе се соберат да му оддадат последна почит на актерот.

Страна 1 од 1