По повод 14-годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегација на СДСМ, предводена од потпретседателката Фросина Ременски, и делегација од општинската организација на СДСМ од Тетово, денеска оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак.

На тој трагичен ден, животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.

Венци цвеќе на Карпалак положија делегација на Владата, предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, на Министерството за одбрана и на Генерал-штабот на чело со началникот на ГШ на АРМ, генерал-полковник Горанчо Котески, од Кабинетот на Претседателот на државата, семејства на загинатите, Општина Прилеп, повеќе здруженија на бранители, партиски делегации, како и други граѓани и здруженија.