fbpx
Таг: Павле Богоевски

таг: Павле Богоевски

Судењето на Павле Богоевски одложено за 30 јануари

Основниот суд Скопје 1 денеска третпат го одложи судењето на активистот на „Шарена револиција“ и кандидат за пратеник на коалицијата предводена од СДСМ, Павле Богоевски. Денеска судењето беше одложено по барање на Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Богоевски. Тој соопштил дека од лични причини нема да може да биде присутен на рочиштето. Ново рочиште судот закажа за 30 јануари следната година. На...

Судењето на Павле Богоевски е одложено за 21 декември

Денешното рочиште за судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 21 декември затоа што адвокатот на обвинетиот побара разумен рок да го анализира доказот што денеска беше додаден во листата на докази. Доказот е вештачење од Бирото за судски вештачења за вредноста на предизвиканата штета врз Министерството за култура. Наместо Богоевски, кој е и кандидат за пратеник на...

Денеска продолжува судењето на активистот Павле Богоевски

Денеска продолжува судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, кое минатиот месец беше одложено затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура. Богоевски се товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Тој на минатото рочиште рече дека се изјаснил за невин, дека бил дел од групата што Зврлевски ја нарекува...

Манчевски и Богоевски порачаа: Граѓаните на 11 декември ќе го казнат Груевски

Никола Груевски пишува фејсбук-статуси за наводни нови работни места затоа што не може да ги погледне в очи граѓаните што 10 години ги лаже, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. - Во тие 10 години, власта на Груевски затвори најмалку 10.000 домашни фирми. Колку не мислеше Груевски на домашните фирми покажува тоа што домашните претпријатија добиваа мизерни 2 евра...

Нефункционална е санацијата на штетите од поплавите, истакнаа граѓанските активисти

Три месеци по катастрофалните поплави што ги погодија Скопје и околината, санацијата на штетите оди бавно и незадоволително, истакнаа граѓански активисти на денешната прес-конференција во село Стајковце, кое беше погодено од поплавите во август оваа година. - Саниран е многу мал процент од штетата, а не се отстранети ниту причинителите за катастрофалната поплава што го зафати овој регион. Асфалтирањето е изведено...

Богоевски и Васиљ бараат Спасов да си поднесе оставка, а МВР да го расветли случајот

Граѓанските активисти Павле Богоевски и Влатко Васиљ денеска на прес-конференција го повикаа дополнителниот заменик-министер за социјална политика, Диме Спасов, да си поднесе оставка поради вчерашните случувања. Богоевски рече дека Спасов мора да одговара за своите постапки, како и лицата што му помогнале да го прикрие делото. - Нашиот систем не смее да продолжи да толерира прекршување на законите од тие што треба да ги...

Судењето за активистот Богоевски одложено за 14 ноември

Судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 14 ноември затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура. - Обвинителниот предлог не само што е повик за политички мотивиран прогон на луѓе што протестираат, туку е и катастрофално лошо подготвен и правно неиздржан. Обвинителството се дрзна да поведе постапка без претходно...

„Шарена револуција“: Утре сите пред суд да му дадеме поддршка на Павле Богоевски

„Шарената револуција“ ги повика граѓаните, утре, во 10.45 часот, да дојдат пред Основниот суд Скопје 1 и да му дадат поддршка на активистот Павле Богоевски. Во најавата за настанот на „Фејсбук“, пишува дека Богоевски се товари за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. „Еден за сите, сите за еден! Утре во 10.45 ние ќе бидеме заедно со нашиот соборец Павле Богоевски,...

Штипјани собраа 1.500 евра за казнетите учесници во „Шарена револуција

Во еден ден штипјани ги собраа парите потребни за да се платат казните на тројца учесници во протестите на „Шарената револуција“, поради боење и шарање на улица во градот. Прилозите се собираа во текот на целиот ден во едно од штипските кафулиња. Донаторската акција заврши со забава, кога беше објавено дека се собрани потребните 1.300 евра за плаќање на прекршочните...

Активисти на „Шарена револуција“ приведени, па ослободени по вечерашниот протест

Полицијата ги ослободи активистите на „Шарена револуција“, Симона Спировска и Павле Богоевски, кои вечерва беа приведени по протестот. Спировска била уапсена во близина на Aмбасадата на Шпанија, додека Богоевски пред полициската станица Беко. Спировска, по излегувањето од станицата, соопшти дека заработиле прекршочна пријава поради неносење документи за лична идентификација, како и поради бојадисувањето на Министерството за правда. Богоевски, пак, добил...

ВМРО-ДПМНЕ: Само платениците останаа да ја бранат честа на СДСМ

СДСМ е во очај и го губи тлото под нозе, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за приведувањето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски. „СДСМ гледа дека граѓаните не ја поддржуваат нивната деструктивна политика. Со палењето, ограбувањето и со уништувањето на јавниот имот, СДСМ го допре дното. Нападите и навредите врз полицијата и недолжните граѓани кои...

Полицијата го ослободи приведениот активист Павле Богоевски

Со транспарентот што се обиде да го постави на Камениот мост и поради кој беше приведен, активистот Павле Богоевски во придружба на Уранија Пировска излезе од полициската станица Пролет. Насобраните граѓани со овации го пречекаа Богоевски и заедно го поставија платното на оградата на полициската станица, а на него пишува „Година по година, криминално здружение! Партијата да се одвои од гатачката! Ај, па...

СДСМ: Режимот да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите

Режимот на Никола Груевски веднаш да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите, порача опозициската партија СДСМ. „СДСМ и целата демократска јавност најостро го осудуваат однесувањето на полицијата на Чавков и приведувањето на демонстрантот, само затоа што носел транспарент што не му се доаѓал на режимот. Бараме приведеното лице веднаш да биде ослободено“, стои во соопштеното. Според СДСМ, со приведувањето на...

„Шарената револуција“ пред ПС „Пролет“ бара ослободување на активистот Богоевски

Неколку десетици граѓани се собраа вечерва пред полициската станица „Пролет“ во знак на револт поради приведувањето на активистот на „Шарената револуција“ Павле Богоевски. Пред станицата граѓаните извикуваат „слобода “, „ВМРО полициска“, „лопови“ и „држава полициска“. Сведоци на настанот велат дека полицијата не соопштила зошто го приведува Богоевски, - Наводно е приведен за попречување на полициско лице при извршување на задача, но никој...

Уапсен Павле Богоевски, „Шарена револуција“ повикува на протест

Полицијата вечерва го приведе активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски, при обид да спроведе герила-акција на Камениот мост, спроти Музејот на ВМРО, каде се одржува роденденската забава на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Активистите на „Шарена револуција“ од плоштадот Македонија се обиделе да поминат преку Камениот мост и да стигнат до музејот, но полицијата ги спречила. Камениот мост е затворен за движење, односно...

„Шарената револуција“ најави нова герила-акција за вечерва

Активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски, денеска преку својот личен профил на „Фејсбук“ ги повика граѓаните денеска во 21 часот да се соберат пред Специјалното јавно обвинителство за да ја спроведат денешната герила-акција. „Ги повикуваме сите соборци и соборки денеска, во 21 часот, пред СЈО. Денеска е 1. Уште еден ден до 18 јуни, до денот кога требаше да се гарантира...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...