fbpx
Таг: партии

таг: партии

Работните групи ќе ги усогласуваат законот за внатрешни работи, за влада и за медиуми

Четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска ќе се сретнат за да ги усогласат законските измени што претходно ги договорија со последниот анекс на Договорот од Пржино. Работните групи на партиите ќе треба да ги усогласат измените во законите за влада, за медиуми, како и во законот за министерството за внатрешни работи. Потоа овие законски измени ќе треба да бидат изгласани во...

Експертите скептични за договорот: Можеше и подобро!

Поделени се мислењата на аналитичарите од политичката сфера околу тоа дали е одржлив договорот што вчера го прифатија претставниците на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. Тие договорија измени на Изборниот законик, дополнителен избирачки список со 171.500 лица, како и проверка на спорните 39.502 лица. Во однос на медиумите, партиите се договориле Законот за медиуми и Изборниот законик да бидат изменети...

Што договорија партиите: Нов уредник на МТВ, ад хок тело за медиуми и поддршка за СЈО

Делегацијата на Европската Унија во Македонија на својата веб-страница го објави договорот што го постигнаа четирите политички партии. Во договорот се вели дека партиите се согласија измените на Изборниот законик да почнат да се применуваат од 22 јули. Според него, 171.500 лица ќе бидат ставени на дополнителен дел на избирачкиот список, но нивното право на глас не е спорно. Спорните 39.502 лица...

Законот за внатрешни работи ќе се повлече, проверка на договореното до 31 август

Преодна влада сто дена пред избори, суспендирање на новите измени во Законот за МВР, лидерска средба до крајот на август, прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите се дел од конечниот договор што политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, го постигнаа денеска по неколку рунди преговори. - Имам добри вести, политичките партии постигнаа договор една година по Договорот...

Партиите постигнаа договор за спорните прашања

Политичките партии денеска постигнаа договор за спорните прашања за излез од политичката криза. Сто дена пред предвремените парламентарни избори ќе има техничка влада, а ќе се суспендира новиот закон за министерството за внатрешни работи. Новиот министер за внатрешни работи ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.

НСДП: Преговорите на партиите да бидат јавни и да се водат во Собранието или на МРТВ

Преговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписници на Договорот од Пржино, наместо во актуелниот формат, зад затворени врати, да бидат јавни и по можност да се водат или во Собранието или во студио на националниот радиодифузен сервис - МРТВ, бараат од Нова социјалдемократска партија (НСДП). Оттаму велат дека водењето на преговорите зад затворени врати не „доведе до разврска на...

Преговорите на политичките партии продолжуваат во Клуб на пратеници

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 12 часот продолжуваат во Клубот на пратеници во Скопје. Се очекува да се разговара за последното отворено прашање, односно ингеренциите на министерот за внатрешни работи. Преговорите синоќа, пак, завршија без договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по средбата истакна дека на маса има интересен предлог и дека до...

Ингеренциите на министерот за внатрешни работи на испит во резиденцијата на САД

Во резиденцијата на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, почнаа преговорите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. Се очекува партиите да се договорат за формирање преодна влада при организирање на предвремени парламентарни избори. На средбата присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Посредници на преговорите се американскиот...

Во резиденцијата на САД, денеска продолжуваат преговорите на партиите

Претставниците на политичките партии денеска во 14 часот во резиденцијата на САД во Скопје ќе ги продолжат преговорите за излез од политичката криза. Oд делегацијата на ЕУ во Скопје велат дека амбасадорот Аиво Орав е на консултации во Брисел, па на преговорите ќе присуствува еден од неговите заменици. Во петокот попладне, по шестчасовни преговори, партиите не успеаја да постигнат конечен договор. По завршувањето...

Договор нема, партиите викендов ќе размислуваат за понудените опции

Претставниците на политичките партии и денеска не постигнаа договор на преговорите кои во резиденцијата на Европската Унија во Пржино почнаа претпладнево во 11 часот. По завршувањето на преговорите, американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека имало извесен напредок и затоа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, ќе остават простор партиите во текот на викендот да размислат во однос на предложените опции, за...

Ингеренциите на шефот на полицијата го кочат договорот

Дали денеска ќе има преговори на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино зависи од тоа дали амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, ќе оценат дека има шанси конечно да се постигне договор. Од извори во преговарачките тимови дознаваме дека се чека добра волја кај лидерите на партиите да дојдат до компромис...

„Транспарентност Македонија“: Партизација и непотизам се главни обележја на оваа власт

„Партизацијата на сите институции, непотизмот и кронизмот се главно обележје на владеење на власта во последните десет години, кога голем број блиски роднини, пријатели и партиски послушници се поставени на високи позиции во централната и во локалните власти, спротивно на антикорупциската регулатива. Голема одговорност за ваквото грубо кршење на законите има Државната комисија за спречување на корупцијата, која во...

Во ноември избори, а во август проверка дали се исполнети условите и договореното

Избори во ноември, но со претходна проверка во август дали се исполнети условите и сите забелешки од преговорите  - е можно решение, дознава „Мета“ од преговарачките тимови на политичките партии.  По денешните неколкучасовни преговори помеѓу Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ,  Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, постои извесен оптимизам кај сите учесници во разговорите. Според нашите...

СДСМ песимист, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оптимисти за преговорите

Претставниците на политичките партии кои и денеска разговараа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и со американскиот амбасадор Џес Бејли за надминување на политичката криза во земјава, повторно излегоа со различни впечатоци околу напредокот на разговорите. За СДСМ не станува збор за некои посебни поместувања. - Не може да се преговара и да прифатиме во избирачкиот список да останат...

За владејачките партии, постигнат е благ напредок во преговорите

Политичките партии постигнале благ напредок на денешната средба со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав во резиденцијата на Европската Унија во Пржино. Како што изјавија претставниците на владејачката коалиција, Никола Тодоров и Артан Груби, се разговарало за прочистувањето на избирачкиот список и за реформите во медиумите. Артан Груби рече дека е оптимист и се надева дека со конструктивен пристап наскоро...

Претставници на партиите во Пржино разговараат за медиумите

Почна работната средба на претставниците на политичките партии кои денеска зедно со амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли во Пржино ќе разговараат за реформите во медиумите. На средбата присуствуваат Рената Дескоска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Имер Алиу од ДПА и Артан Груби од ДУИ. Средбата доаѓа по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. Тој се сретна...

Медиумите се на денешната преговарачка агенда на работните групи

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, денеска во 11.30 часот, во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, ќе разговараат за реформи во медиумите. Средбата доаѓа по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. Тој се сретна со лидерите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух...

Анкета на ИРИ: Паѓаат рејтинзите на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, но сè уште водат

Педесет и пет отсто од граѓаните сметаат дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не си ја завршува добро својата работа и не заслужува реизбор, а 33 отсто сметаат дека заслужува повторно да се најде на таа функција, покажува најновото истражување на направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Груевски, од 66 отсто поддршка во  јуни 2008 година, падна...

ВМРО-ДПМНЕ од донации инкасирале 1,48 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година добила донации во вредност од 91.164.035 денари или 1,48 милиони евра, од 3.675 донатори, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија, објавен денеска. Најголемата опозициска партија СДСМ, не доставила колкава е вкупната вредност на донации, туку е наведена само бројката од 473 донатори и колку секој од нив донирал поединечно. ДУИ имале 525 илјади евра приходи, од кои...

Даниелсон: Императив е да се повлече аболицијата од Иванов

Политичките партии и релевантните власти мораат итно да се справат со ситуацијата, во интерес на граѓаните за да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат. Договорот од Пржино е од огромно значење. Политичките лидери мора да го зачуваат и почитуваат нивниот политички договор и клучните принципи, владеењето на правото, одговорноста инклузивноста и кредибилните избори, рече директорот на Директоратот за проширување...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...