fbpx
Таг: партии

таг: партии

Дел од српската опозиција договара заеднички кандидат за претседателски избори

Лидерите на српските опозициски партии денеска во Белград разговараа за заеднички кандидат за претседателките избори закажани за 2017 година. Лидерот на Движење за пресврт, Јанко Веселиновиќ, кој го организираше состанокот, рече дека наредната средба ќе се одржи за дваесетина дена во просториите на Социјалдемократската партија на поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ. Претседателот на Левица на Србија, Борко Стефановиќ, рече дека на...

Разлика од 24 отсто меѓу Нова демократија и СИРИЗА според нова анкета во Грција

Голема разлика во рејтингот и во популарноста меѓу Нова демократија и СИРИЗА покажува новата анкета на јавното мислење спроведена од грчката агенција „Паблик ишјус“. Според анкетата, десничарската Нова демократија води со 24 проценти пред владејачката партија на Алексис Ципрас. Резултатите од анкетата спроведена во октомври покажуваат дека рејтингот на Нова демократија меѓу гласачите е 42 отсто, а на СИРИЗА само 18...

Савески: Левица ќе оди на избори сама оти сите од опозицијата нè игнорираа

Партијата Левица на централен комитет донела одлука самостојно да настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември откако нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица. - На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме...

Собранието се распушти, отворен патот за избори на 11 декември

Со 110 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците одлучија да се распушти Собранието на Република Македонија за на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Пред одлуката, пратениците и од власта и од опозицијата образложија зошто Собранието треба да се распушти. За Рената Десковска од СДСМ, дошло време да се стави крај на владеењето на криминалната власт. - Изминатите 10 години...

Хан – Груевски: Исполнети се условите за одржување предвремени избори

Актуелните политички случувања, изборите и мигрантската криза биле темите на разговор на средбата меѓу еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Соговорниците констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Груевски посочил дека изборите се единствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот...

Пет недели пред официјалниот почеток, кампањата е во полн ек

Иако до официјалниот почеток на изборната кампања има уште пет недели, според она што се случува на теренот, таа како да е веќе во тек. Се користат сите можности и, особено, државни ресурси, да се поентира. Тоа може да се заклучи од насловите во медиумите. Ова се само неколку денешни објави на интернет-порталите:

Трајанов: Ако Хан притисне, законите за СЈО можат да се донесат и в понеделник

Собранието денеска не го усвои предлогот на пратеникот Павле Трајанов на дневен ред да се стават измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита за сведоци. За разгледување на законите во редовна постапка, како што изјави Трајанов за „Мета“, гласале сите присутни пратеници од СДСМ, ДУИ, ДПА и независните пратеници,...

Игра на нерви и партиско надмудрување со распуштањето на Собранието

Повеќето парламентарни партии денеска ненадејно се согласија дека Собранието треба да се распушти и дефинитивно да се забетонира датумот 11 декември за одржување на предвремените избори. Турбулентниот политички ден почна со најавата на СДСМ дека ќе побара гаранции за одржување на изборите. Веднаш врати ВМРО-ДПМНЕ со инсистирање СДСМ да поднесе барање за распуштање на Собранието, што за повеќе од еден...

Суомалаинен: Добри мерки се презедоа за да се осигури веродостојноста на избирачкиот список

„Мислам дека се презедоа добри мерки за да се осигури дека избирачкиот список е веродостоен. Избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, не ситуацијата од пред пет или 10 години, туку кога луѓето навистина живеат. Во многу земји тоа се прави автоматски“, вели шефицата на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Во однос...

Жбогар: Фер кампања и веродостојни избори се прв чекор во разврска на кризата

Фер кампања и веродостојни избори во декември се клучен и прв чекор за разврска на политичката криза. Оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и на демократскиот поредок и ја парализира земјата предолго. Ова денеска го изјавил евроамбасадорот Самуел Жбогар на конференцијата „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките...

Меѓуетничките односи се влошуваат поради партиите

Во Македонија се влошуваат меѓуентичките односи, а главни виновници за тоа се политичките партии. Ова беше заклучокот на трибината „Влијанието на евроатлантските интеграции врз меѓуетничките односи“, која се одржа на Државниот универзитет Тетово. - Во Македонија партиите се со етнички предзнак, а тоа е многу погубно за самата демократија и за меѓуетничкиот соживот. Ваквите партии ги влошуваат меѓуетничките односи и треба...

Трајанов ги врати законите на СЈО за да им даде повеќе време за притисок на ЕУ и на САД

Поднесувањето на законите за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во Собранието во редовна постапка ја отвора можноста за консултации и за координација меѓу партиите во законодавниот дом, но и со гарантите на Договорот од Пржино (Европската Унија и Соединетите Американски Држави н.з.) околу прифаќањето на предложените измени. Ова е главната идеја за повторното ставање на дневен ред на измените на...

Сигурни се само изборите на 11 декември, сè друго зависи од Вељаноски

Доколку политичките партии опстојат на датумот за избори на 11 декември, првиот датум кога Собранието треба да се распушти е 12 октомври за да може предвремените избори за пратеници, според Уставот, да се одржат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Актот за распишување на изборите, пак, го донесува претседателот на Собранието и со него...

Нова демократија пред СИРИЗА според медиумската анкета во Грција

Предност од 12,5 отсто на десничарите Нова демократија пред СИРИЗА покажува новата анкета на солунскиот универзитет „Македониа“ за телевизијата „Скаj“. Десничарите, според анкетата, имаат поддршка од 28,5 отсто од гласачите, додека СИРИЗА ја подржале само 16 отсто. Ултрадесничарската и неонацистичка Златна зора и понатаму е на третото место со стабилна поддршка од 7,5 отсто, а потоа следуваат Комунистичката партија со 5,5...

Путин ги повика граѓаните на Русија в недела да гласаат на парламентарните избори

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните на својата земја в недела да гласаат на парламентарните избори, јавуваат светските агенции. „Барам да одите да гласате и да го изразите својот став“, изјавил Путин во телевизиски говор, кој не бил најавен од Кремљ. Тој изјавил дека учеството на гласањето е задача на секој граѓанин на земјата. „Убеден сум дека без разлика на...

Што смее, а што не смее да се прави за време на кампања?

Доколку партиите не се премислат и не ги одложат изборите повторно, на 12 октомври треба да се распушти Собранието и да се распишат избори, а на 21 ноември да почне изборната кампања. Според Изборниот законик, изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите, а и во првиот и во вториот круг таа завршува 24 часа пред денот на гласањето. Кампањата...

Хан: Партиите го почитуваат договореното

Со договорот на политичките партии за спроведување на изборите на 11 декември и со почетокот на одбројувањето 100 дена до тој датум, се почитува договорено, како и договорот од јуни-јули минатата година, вели еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, за Радио „Слободна Европа“. Тој истакнува и дека со изборите не завршува реформскиот процес во Македонија. - Мислам дека сега сфатија оти се наоѓаат на сериозна точка од...

Членовите на ад хок телото познати, треба да предложат уште еден член – Албанец

Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски се четворицата кандидати за членови на ад хок телото кои ги предложија партиите. Димишкова и Чилиманов се предлози на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски на СДСМ. Според Изборниот законик, петтиот член, кој не е по партиски предлог, а треба да биде Албанец, четворицата партиски претставници треба да го договорат, по што директорот на...

Селмани: Нема да учествуваме во играта без граници на партиите

„Ние баравме вистински реформи во медиумите, а потписниците на Договорот од Пржино ни испорачаа политичка фарса. Уште еднаш повторувам дека нема да учествуваме во играта без граници на партиите“, напиша претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, на својот фејсбук-профил. Инаку, новинарските организации на вчерашниот состанок со раководството на опозицискиот СДСМ категорично одбиле да учествуваат во консултациите за ад...

Законите усогласени, на ред е Собранието да ги изгласа

По речиси пет часа преговори, партиите ги усогласија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и на Изборниот законик што беа договорени на 20 јули годинава. Работните групи ги усогласија и деталите околу ад хок телото што во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите. Како што изјавија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Никола Тодоров и Радмила...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...