fbpx
Таг: пад

таг: пад

Времето денеска дождливо со пад на температурата

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Врнежи ќе има и преку ноќта. Максималната температура ќе биде за 5 Целзиусови степени пониска од денешната. Од денеска па сè до крајот на продолжениот празничен викенд, нашата земја ќе...

Петгодишно девојче загина при пад од зграда во Струга

Петгодишно девојче синоќа паднало од петти кат од зградата во која живеело со своето семејство и починало. Инцидентот се случил на улицата Ристо Крле во Струга, потврдија од СВР во Охрид. По несреќата девојчето веднаш било пренесено во струшката болница каде, за жал, лекарите можеле само да констатираат смрт. На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител и...

„Фејсбук“ падна, корисниците бесни

Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ од доцна попладнево подолго време не беше достапна. Одвреме-навреме корисниците можат со тешкотии да се најават, но мрежата не е стабилна, што предизвикува лавина бесни и саркастични објави во целиот свет. Ова, според коментарите на интернет, укажува дека паѓаат и се активираат некои од серверите, но и дека најверојатно станува збор за вирус или системски проблем. Од компанијата се извинуваат...

Девизните резерви бележат пад

Според последните расположливи податоци за третото тримесечје на 2015 година, девизните резерви бележат пад. - Намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сè, на редовното намирување на надворешните обврски од страна на државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ - велат од НБРМ. На девизниот пазар, во август...

Девизните резерви бележат пад и во август

Девизните резерви повторно се намалуваат, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Во август, тие изнесуваат 2,177 милијарди евра, што е за 20,6 милиони евра помалку од јули, кога изнесувале 2,198 милијарди евра. Девизните резерви бележат постојан пад од март до август годинава. Во јануари сме имале највисоко ниво на девизни резерви, кога тие изнесувале 2,483 милијарди евра.

Извозот и увозот до јули, намалени во однос на истиот период лани

Извозот во периодот јануари-јули изнесува 2.557.911.000 долари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани, кога извозот изнесувал 2.834.158.000 долари, има пад од 276.247.000 долари. Увозот во периодот јануари-јули изнесува 3.650.953.000 долари, и во однос на истиот период лани, бележи пад од близу 600 милиони долари. Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јули 2015 е...

Кинеската економија предизвика остри падови на светските берзи

Берзите ширум Соединетите Американски Држави (САД) и Европа денеска бележат остри падови откако забавувањето на кинеската економија предизвика паника кај инвеститорите, јавуваат светските медиуми. Кинеската берза во Шангај синоќа го имаше најлошото затворање од 2007 година, со пад на тргувањето од 8,5 проценти, што преку ноќ предзвика пад на акциите ширум Азија. Тргувањето со акции на Дау Џонс на Вол Стрит...

Пронајдени остатоци од индонезискиот авион

Жителите на провинцијата Папуа на крајниот исток на Индонезија ги известиле властите дека пронашле остатоци од авионот за кој тврдат дека се срушил во таа област. Ова го изјавил официјален преставник на авиокомпанијата „Тригана“ откако нивен авион со 54 патници и членови на екипажот денес исчезна од радарот. Оперативниот директор, Бени Сумарјанто, изјавил дека компанијата добила извештај за падот на авионот...

Индонезискиот авион удрил во планина?

Индонезискиот патнички авион удрил во планина при што загинале сите кои биле во него, рекол неименуван извор од локалната авиокомпанија „Тригана“, но за сега нема потврда за оваа информација. Потрагата за авионот е прекината поради лошите временски услови и ќе продолжи утре. Индонезиската авиокомпанија „Тригана“ соопшти дека авионот изгубил контакт со контролата на летање на аеродромот во Окбил. - Не сме сигурни...

Во пад на хеликоптер во Русија загинаа шест лица

Во пад на хеликоптер Мил Ми-8 на истокот на Русија загинале најмалку шест луѓе, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијација“. Во хеликоптерот на авиокомпанијата „Восток“ се наоѓале 13 патници и тројца членови на екипажот. Леталото требало да пристигне на крајната дестинацијата во 10 часот и 20 минути по московско односно во 9.20 по средноевропско време. Бидејќи екипажот не комуницирал со надлежните...

Кинескиот јуан паѓа втор ден, паѓаат и светските берзи

Кинеската централна банка денеска повторно го намали курсот на јуанот, еден ден откако кинеската валута имаше рекорден пад од 1,9 отсто. Со денешниот пад од 1,8 отсто, јуанот за два дена падна во однос на доларот повеќе отколку во последните 20 години. Одлуката на Кинеската централна банка предизвика пад на акциите во светот. Вчера беа забележани загуби во Азија, Европа и во...

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент, стои во месечниот извештај на Македонска берза. Има пад и на бројот на трансакции од 34,56 проценти. Во јули биле реализирани 909 трансакции и промет од 119.787.481 денари. Според извештајот, само 3 проценти од инвеститорите се странски физички и правни лица, а остатокот од 97 проценти се домашни вложувачи.

Франција ќе покрене потрага по други делови од малезискиот авион

Франција соопшти дека ќе покрене нова потрага на островот Рејунион во Индискиот Океан со надеж дека ќе бидат пронајдени уште делови од малезискиот авион, кој со 239 патници и членови на екипажот исчезнаа на летот МХ370 пред 17 месеци. На тој чекор Франција се одлучи затоа што надлежните во Малезија објавија дека пронајдениот дел од крилото на авионот на островот...

Најмалку 11 мртви во пад на хеликоптер во Пакистан

Најмалку 11 лица загинаа во пад на воен хеликоптер во планискиот регион во Северозападен Пакистан, соопшти пакистанската полиција. Хеликопотерот кој служел за пружање медицинска помош, бил на пат кон североисточниот дел на областа Гилгит кога се срушил во близина на дистриктот Мансехра, рекол полициски службеник. Тој навел дека спасувачите досега од урнатините извлекле 11 тела и додал дека причината за несреќата е...

„Луфтханза“ им понуди по 25.000 евра на семејствата на жртвите од падот на авионот

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ понудила по 25.000 евра обештетување на семејствата на секој патник што загина во падот на авионот на „Џерманвингс“, кој, според истрагата, намерно го срушил копилотот Андреас Лубиц. - Не можам да замислам дека некои од семејствата тоа би го прифатиле – рекол адвокатот на 15 семејства, Кристоф Веленс, оценувајќи ја понудата како непримерна. Во трагедијата што се случи на 24...

Бројот на загинати при падот на авион во Суматра достигна 142 лица

Бројот на загинати во падот на индонезинскиот воен транспортен авион на островот Суматра достигна 142 лица. Воениот авион „херкулес Ц-130“ на индонезиските воздухопловни сили се сруши вчера на островот Суматра, во населено места во градот Медан. Во авионот имало 113 лица, односно 12 членови на екипажот и 101 патник, за кои се верува дека биле припадници на војската заедно со своите семејства. Индонезиските воздухопловни...

Тројца загинати во пад на авион врз куќа во Бостон

Тројца патници во мал авион загинаа кога авионот се сруши на една куќа во Плејнвил, југозападно од Бостон. Авионот полетал од аеродромот „Ланкастер“ во Пенсилванија и требало да слета на „Норвуд меморијал“ во Масачусетс, но во шест часот по локално време паднал на двокатна куќа. Четиричленото што живеело во куќата успеало навреме да побегне, пред објектот да го зафати пожар. Припадници на федералната агенција за истражување...

Затворањето на грчките банки предизвика падови на европските и на азиските берзи

Берзите во Европа и на Азија бележат големи падови откако Грција ги затвори сите свои банки и почна со контрола на нивниот капитал, пренесуваат светските медиуми. Потегот на грчките власти доаѓа откако Европска централна банка (ЕЦБ) реши да не ја зголеми кредитната помош за земјата. Индексот на лондонскиот ФТСЕ 100 паднал за речиси 2 отсто, во раното тргување, а претходно во...

Девет лица загинаа при пад на мал авион на Алјаска

Девет лица, од кои осум туристи и пилот, кои тргнале да ги разгледуваат фјордовите во близина, загинале откако малиот авион со кој патувале се урнал во близина на Кечикен, на југоситочниот дел на Алјаска. Спасувачките екипи успеале да дојдат на местото на падот на авионот, но поради неповолното време и теренот, не можат да стигнат до телата на жртвите.

Пад на популарноста на италијанскиот премиер и на неговата партија

Популарноста на италијанскиот премиер Матео Ренци и на неговата Демократска партија е во опаѓање поради корупцискиот скандал и имиграционата криза, се наведува во истражувањето на јавното мислење направено од италијанскиот институт „Демос“. Популарноста на партијата паднала за девет отсто и сега е 32 отсто. Втора партија по популарност е Движење пет ѕвезди на поранешниот комичар Бепе Грило со 26,1 отсто...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...