fbpx
Таг: Обединето кралство

таг: Обединето кралство

Галовеј: Северна Македонија работеше, но треба да работи уште повеќе за да ја врати довербата во судството

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, во интервју за „Порталб.мк“ зборува за процесот на реформи во јавната администрација и судството. Таа вели дека спроведувањето на законите и плановите е клучот за враќање на довербата на луѓето во институциите и дека Северна Македонија треба да пристапи на решавањето на овој проблем систематски. Го споменува случајот „Рекет“ како разочарувачки и зборува...

Мицкоски се пожалил на Меј дека државата е во влошена економска состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средба со британската премиерка Тереза Меј, која беше во кратка посета на Македонија, разговарал за актуелната политичка и општествена ситуација во земјава и можностите за соработка со Обединетото Кралство. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко. Тој стакна дека Владата демонстрира недостиг на...

Иванов во работна посета на Обединетото Кралство

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска е во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, соопштија од кабинетот на претседателот. За време на престојот во Лондон, Иванов ќе се сретне со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау, и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер. Како што се наведува...

Лондон се согласи на условите на ЕУ за преговорите за Брексит

Обединетото Кралство се согласи преговорите за излегувањето на земјата од ЕУ да се одвиваат во две фази, беше соопштено вчера доцна вечерта, откако заврши првиот ден од подготовките. Британскиот министер за Брексит, Дејвид Дејвис, и преговарачот на ЕУ, Мишел Барние, вчера разговараа во зградата на Европската комисија, додека нивните тимови ги договараа организациските прашања. Како што побарала ЕУ, првин ќе...

Почнуваат преговорите за Брексит, првото истапување од членство во историјата на ЕУ

Обединетото Кралство денеска ги почнува историските преговори за излегување од ЕУ, односно Брексит, една година откако гласачите на референдум се определија за напуштање на европското семејство. Британскиот министер за Брексит, Дејвид Дејвис, главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, и нивните тимови, го почнаа состанокот во Брисел претпладнево, а на крајот на денот ќе одржат прес-конференција. Преговорите почнуваат во атмосфера на несигурност...

Пораст на бројот на Британци што станале германски државјани

Бројката на Британци што во 2016 година станале државјани на Германија е за 361 отсто поголем во однос на 2015 година, пишува британскиот весник „Гардијан“, кој го припишува драстичниот пораст на стравувањето на Британците од неможноста да работат и да студираат во ЕУ поради Брексит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Според германското федерално биро за статистика, точно 2.865 Британци побарале...

Стурџен повика на пауза на Брексит, а преговорите со ЕУ почнуваат за една седмица

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, повика на „кратка пауза“ во процесот Брексит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ, за да се отвори простор за општ став за овој голем чекор. Таа бара поединечните влади на земјите што го сочинуваат Обединетото Кралство и главните политички партии да учествуваат рамноправно во процесот. Формалните преговори помеѓу Британија и ЕУ почнуваат на 19 јуни. Но, Стурџен...

Данкан: Ги повикуваме политичките лидери да работат во интерес на граѓаните

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му овозможи на парламентарното мнозинство предводено од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да формира влада. „Ова е битен чекор напред. Обединетото Кралство ги повикува сите политички лидери да работат заеднички, конструктивно и во интерес на Македонија и на сите нејзини граѓани. Ние сме подготвени да...

Велика Британија го поддржа изборот на Џафери, бара ненасилен трансфер на власта

Портпаролката на канцеларијата за надворешни работи на Велика Британија го поздрави изборот на нов претседател на Собранието на РМ и апелира за непречен и ненасилен трансфер на власта на избраната мнозинска коалиција. „Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него. Ги повикуваме сите...

Тереза Меј повика на предвремени избори во Британија на 8 јуни

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, денеска изненади со повик за одржување предвремени парламентарни избори на 8 јуни, велејќи дека го сменила ставот да не се одржуваат такви избори за да се обезбеди стабилност во текот на преговорите за Брексит. За да се одржат предвремени избори, во Долниот дом на Парламентот на утрешната седница ќе мора ваквото решение да се...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...