fbpx

Стурџен повика на пауза на Брексит, а преговорите со ЕУ почнуваат за една седмица

-

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, повика на „кратка пауза“ во процесот Брексит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ, за да се отвори простор за општ став за овој голем чекор. Таа бара поединечните влади на земјите што го сочинуваат Обединетото Кралство и главните политички партии да учествуваат рамноправно во процесот.

Формалните преговори помеѓу Британија и ЕУ почнуваат на 19 јуни.

Но, Стурџен вели дека нестабилноста предизвикана од минатонеделните парламентарни избори, налага пристапот на Британија да се смени. Таа бара да продолжат членството во заедничкиот европски пазар и во царинската унија на ЕУ, додека премиерката на Британија, Тереза Меј, останува на тоа дека земјата ќе излезе и од нив. Стурџен, исто така, бара правата на државјаните на членки на ЕУ што живеат во Обединетото Кралство да бидат гарантирани.

На минатонеделните парламентарни избори, конзервативците го загубија мнозинството во Долниот дом на британскиот парламент, а Меј сега преговара поддршка за нејзината малцинска влада од северноирската Демократската унионистичка партија. Шкотската национална партија на Стурџен освои 35 места во парламентот, со што повторно има мнозинство во шкотскиот политички блок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...