fbpx
Таг: нож

таг: нож

Момче нападнато со нож во Хиподром

Непознати лица изутринава, кај пругите во скопската населба Хиподром, го нападнале 24-годишниот скопјанец Н.М., со нож нанесувајќи му расеченица во пределот на левиот очен капак. Н.М. е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и за пронаоѓање на разбојниците.

Деветнаесетгодишник расечен со нож во тепачка

Деветнаесетгодишно момче било повредено со нож во тепачка меѓу две групи што вчеравечер се случила на булеварот Партизански одреди, информираат од МВР. Според полицијата, вчера, околу 18 часот, дошло до расправија, а потоа и до тепачка меѓу Е.М. (19) и неговиот врсник Љ.И. од една и З.Р. (31), Ш.И. (29) и Е.А. (23) од друга страна. Во тепачката Љ.И. бил...

Две момчиња избодени со нож во тепачка пред салата „Расадник“

Двајца скопјани, на 26-годишна возраст, рано утрово биле избодени со нож во тепачка што се случила пред спортската сала „Расадник“, во населбата Кисела Вода, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, утрово околу 3.15 часот, на улицата Народни херои, пред спортската сала се случила тепачка меѓу Б.П. (25) од една и А.К. (26), А.Ј. (26) и М.П. (26) од друга страна....

Кавадарчанец со нож нападнал полицаец

Дваесет и осумгодишен кавадарчанец минатата недела со нож нападнал полицаец пред полициската станица во градот, информираат од полицијата. Како што соопштуваат оттаму, осомничениот О.К., на 23 јануари, околу 16 часот, без повод и причина му се доближил на полицискиот службеник и почнал да му се заканува, а потоа го нападнал со нож. Тој веднаш бил совладан и уапсен. Од полицијата додаваат...

Тел Авив: Палестинец со нож избоде патници во автобус

Најмалку десет лица се повредени, од кои три посериозно, откако Палестинец со нож нападна луѓе во автобус во Тел Авив. Како што јавуваат израелските медиуми, напаѓачот се обидел да побегне, но полицијата го застрелала в нога и успеала да го фати.

Прободено 25-годишно момче во Кисела Вода

Дваесет и петгодишно момче вчеравечер било избодено од крадци во скопската населба Кисела Вода. Момчето со убоди во стомакот и со повреди на главата е задржано на лекување во Ургентниот центар во Скопје. Тоа вечерта ги пресретнало крадците во влезот на зградата во која живеело и се обидело да се пресмета со нив. Крадците го нападнале со нож, а потоа побегнале. Полицијата...

Албански државјанин го избол со нож зетот во скопско Долно Мојанци

Скопската полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Б.Ш. (34), осомничен дека пред три дена со нож го избол сопругот на неговата сестра, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, осомничениот во саботата отишол во домот на неговиот зет Ј.Ш. (61), во селото Долно Мојанци, и без повод и причина го нападнал со кујнски нож, нанесувајќи му убодна рана во левата...

Го повредиле со нож за 1.000 денари и за „метадон“

СВР Битола поднесе кривична пријава против Џ.М. (30) и Е.И. (32), двајцата од Битола, за разбојништво. Имено, на 9 ноември годинава, во 10 часот, во Старата битолска чаршија, пријавените, со закана со нож и со употреба на физичка сила, извршиле разбојништво над 26-годишно лице од село Кривогаштани, при што му нанеле видливи повреди и му одзеле 1.000 денари и седум шишиња „метадон“.

Скопјанец со нож го нападнал својот татко

Скопјанец вчера попладне го нападнал својот 65-годишен татко и со нож му нанал расеченица на лицето, информираат од полицијата. Како што појаснуваат оттаму, вчера околу 16 часот меѓу таткото Т.Г. и неговиот син К.Г. (41), настанала расправија во која синот првин искршил врата од соба, а потоа го нападнал својот татко и со нож му нанел расеченица во пределот на устата. Синот...

Тетовец со нож нападнал такси-возач

Четириесет и шестгодишен тетовец под дејство на алкохол вчеравечер со нож му нанел повреди на такси-возач, информираат од полицијата. Инцидентот се случил околу 20.45 часот, пред клиничката болница во Тетово, кога тетовецот, кој бил во алкохолизирана состојба, влегол во такси-возилото, што го управувал С.Н., и го нападнал со нож поради нерасчистени долгови. На такси-возачот му била укажана лекарска помош во клиничката...

Двајца разбојници му го украле возилото на кавадаречки таксист

Двајца разбојници вчера во Прилеп нападнале такси-возач и, заканувајќи му се со нож, му го украле возилото, информираат од МВР. Според полицијата, настанот се случил околу 22.30 часот, кога двајцата патници физички го нападнале такси-возачот А.К. (29), кој ги превезувал од Кавадарци до Прилеп, и заканувајќи му се со нож, насила го исфрлиле од возилото, марка „шкода“, а потоа со...

(ВИДЕО) Мичиген: Четири лица избодени со нож во воз

Полицијата во Мичиген приведе лице кое е осомничено дека со нож избоделo четири лица во воз во местото Најлс, соопшти локалната полиција. Никој не е убиен во нападот, наведе полицијата, но не соопшти во каква состојба се жртвите, ниту пак откри повеќе детали за инцидентот и за осомничениот. Најлс е место со околу 12.000 жители, а се наоѓа на 16 километри...

Се скарале на улица, па се избоделе со нож

Вчера, околу 19.40 часот, во Скопје, на улицата Љубљанска, додека В.Ќ. (20) и неговиот брат С.Ќ. (23) од Скопје, со патничко возило „голф“ се движеле по еднонасочна улица, се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои почнале вербална расправија, а потоа физички ги нападнале, по што едното лице со нож му нанело расекотини на В.Ќ....

Се скарале кој прв да помине, па го прободел со нож

Околу 24 часот во Кичево, на улицата 11 Октомври, по расправија за првенство на минување, Ј.М. (24) бил удрен во пределот на стомакот со остар предмет, од лице во возило, по што побегнал од местото на настанот. Тој веднаш отишол во Итна медицинска помош, од каде, поради сериозноста на повредите, е упатен во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Три лица повредени со нож вчера попладне во Скопје

На улицата Џон Кенеди во Скопје, вчера, околу 15 часот, непознато лице со нож им нанело повреди на Б.С. (26) и на Х.С. (18), двајцата од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во Ургентен центар - Скопје и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, при што кај Б.С. се констатирани тешки телесни повреди, убодна рана во пределот на стомакот, додека  Х.С.,...

15-годишник осомничен за напад на средношколец во Тетово

15-годишен малолетник од Тетово е осомничен дека вчера, околу 16 часот, во Тетово, во поранешното Средно медицинско училиште, прободел со нож ученик по тепачка помеѓу две групи, информираат од МВР. На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар - Скопје, каде е задржан за понатамошно лекување. „15-годишниот малолетник со неговиот родител вчеравечер бил повикан во ПС Тетово, а нешто...

Во тепачка, во училишен двор во Тетово, ученик повреден со нож

Денеска, околу 16 часот, со остар предмет е повреден ученик во трета година од тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Според МВР, во дворот на гимназијата, дошла група и почнала расправија со дел од учениците, по што почнала и тепачка помеѓу двете групи. Повредениот бил префрлен во тетовската клиничка болница, од каде по барање на семејството, бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.  Момчето...

Уапсен маж кој се заканувал со нож во „Сити мол“

Маж на возраст од околу 35 години, синоќа околу 22 часот, бил уапсен во приземјето на трговскиот центар „Сити мол“ во скопската населба Карпош 4, пренесуваат медиумите. Според очевидци, мажот се заканувал со нож. Тој бил забележан од униформирани полицајци, кои успеале да го совладаат и да му го одземат ножот. Според првичните и неофицијални информации, на ножот и на раката...

Разбојници се обиделе да ограбат колонијал во Прилеп

Вработен во колонијална продавница во Прилеп бил повреден со нож, од двајца разбојници кои утрово влегле во продавницата и се обиделе да ја ограбат, информираат од полицијата. Според полициските информации, обидот за грабеж се случил околу 3.30 часот, во колонијалната продавница „Забрането пушење“, на улицата Сотка Ѓорѓиоски. Едниот од двајцата маскирани разбојници му се заканил со нож на вработениот Л.В....

Прободен малолетник во трговскиот центар „Лептокарија“

Ученик бил ранет со нож утринава околу 10 часот и 30 минути пред пекарницата „Специјал“, во трговскиот центар „Лептокарија“, пренесува проталот „Прес 24“. Според информациите на порталот, инцидентот почнал како вербална расправија меѓу средношколци од ГУЦ „Здравко Цветковски“, по што еден од учениците извадил нож и нападнал друго момче. Сторителот бил малолетен ученик од село Грчец. Повреденото момче добило телесни...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...