fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

ЗНМ: Го злоупотребуваат референдумот за да ги вратат владините кампањи во медиумите

Делегација на Здружението на новинарите на Македонија се сретнала со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, со кои разговарале за измените на Изборниот законик и референдумот, кои имаат директно влијание врз работата на медиумите, информираат од ЗНМ. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, истакнал дека власта и опозицијата го злоупотребуваат референдумот за да обезбедат финансирање на нивната политичка пропаганда за изборна...

СЕММ, ЗНМ и ССНМ бараат медиумите да работат професионално

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), бараат медиумите да ги задоволат основните правила за професионална работа, вклучувајќи почитување на Кодексот на новинарите, транспарентност во сопственичката и уредувачка структура, како и прифаќање на саморегулацијата како единствен заштитник на медиумските слободи и независност. „Ова вклучува...

ЗНМ бара судовите да применуваат, а не да толкуваат закони

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани на средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, побарал судот во најскоро време да ја разгледа иницијативата на Здружението, со која се бара Апелацискиот суд во Скопје да ги процесуира тужбите за клевета против онлајн медиуми согласно практиката на апелациските судови во Битола и Охрид. Како што објави ПИНА...

Новинарите се соочуваат со притисоци и по промената на власта

Владата се пофали дека медиумските работници се ослободени од политички притисоци. Но поведението на дел од функционерите во власта и искуствата на новинарите во секојдневната работа се доказ дека ова сè уште не е точно. Закани, притисоци, навреди, влијанија - сите овие методи се уште се дел од секојдневието во медиумската сфера, говорат повеќе новинари за Платформата за истражувачко...

ЗНМ: Загрижува фактот што незадоволни граѓани револтот го истураат врз новинарите

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осуди физичките напади на новинари и сниматели на протестот против договорот за името пред Собрание. Од таму велат дека загрижува фактот што незадоволните граѓани се уште нивниот револт го истураат врз новинарите и го повикаа МВР итно да ги идентификува напаѓачите и да ги изведе пред лицето на правдата. Од Здружението го осудија...

ААВМУ ги осудува нападите врз новинарите, но и непрофесионалноста на некој од нив

Агенцијата за аудио и адудиовизуелни медиумски услуги ги осудува вчерашните напади врз медиумските работници, насилничко приведување на новинари, но и непрофесинално однесување на некои новинари, соопштуваат од ААВМУ. Од таму додаваат дека „медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања...

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите не се непријатели

Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право, порача претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, на работилницата во Скопје за подобрување...

Суд во Албанија пресуди во корист на новинари тужени од богат судија

Суд во Тирана ги отфрли обвинувањата за „морална повреда“ на судијата на Апелацискиот суд, Ѓин Ѓони и неговата сопруга, кои ја тужеа БИРН Албанија и новинарите на оваа мрежа, јави БИРН. По неколку одлагања, вчера судот во Тирана донесе ослободителна пресуда во процесот што судијата и неговата жена-бизнисменка го почнаа поради известувањето на БИРН за богатството на Ѓони. Претседавачкиот судија Астрит...

Спасовски: Не се расчистени 15 случаи на напади врз новинари

Петнаесет случаи за напади врз новинари сѐ уште не расчистени, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција во владата. – Во последните неколку години имавме бројни напади на новинари. МВР направи анализа за да се утврди на кое ниво се истрагите досега. Се утврди дека во одредени постапки пропуштени се дејствија кои требало да бидат направени во...

ЗНМ: Неодговорното однесување на некои судии е заобиколен обид за лиценцирање на медиуми и новинари

Здружението на новинари на Македонија е незадоволно од начинот како Граѓанскиот суд во Скопје и Апелацискиот суд во Скопје го применуваат Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, рече денеска на прес-конференција претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој додаде дека „и покрај јасната одредба во законот, кој ја регулира одговорноста на електронските публикации, овие судови продолжуваат да ги одбиваат тужбите...

Поповски: По 10 години, конечно повеќе критички текстови од пофалби во медиумите

По 10 години има повеќе критички текстови отколку пофалби во медиумскиот простор, порача денеска министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на редовната владина прес-конференција. – Го одбележуваме овој ден на медиумите, во демократска, слободна и европски ориентирана Република Македонија. За прв пат, после 10 години, ќе има можеби повеќе критички текстови од пофалби, укажувања, сугерирања...

ССНМ: Мора да се подобрат правата на новинарите заради доброто на професијата

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) порача дека е неопходна итна промена на приоритетите и фокусирање на работните и професионални права на новинарите и медиумските работници, како место од кое почнува, но и во кое може да заврши, искривоколчувањето на професијата. ССНМ посочува на извештаите за...

„Репортери без граници“: Омразата кон новинарството е закана за демократијата

Македонија, според Индексот на слобода на медиумите во светот за 2018 година на „Репортери без граници“ се наоѓа на 109. место, што е скок за две позиции од минатата година, кога била на 111. место. Според извештајот насловен „Омразата кон новинарството е закана за демократијата“, во светот расте анимозитетот кон новинарите и непријателското расположение кон медиумите, поттикнато од политичките водачи...

Владите од регионот се обврзаа на поевтин роаминг и поголема дигитална поврзаност

На крајот на дводневниот Дигитален самит на Западен Балкан, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски одржаа прес конференција на која ги пренесоа пораките и заклучоците кои произлегоа од првиот самит за дигиталната агенда на регионот. Манчевски ги изнесе и конкретните заклучоци за кои се обврзаа сите земји од Западен Балкан. - Ние сме...

На порталот „Отворени финансии“ ќе се следи трошењето на парите на граѓаните

Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) подготвуваат портал „Отворени финансии“ кој што треба да биде пуштен во употреба кон крајот на годината. Овој портал ќе содржи податоци за трошењето на парите на граѓаните, односно за што се трошат парите, колку и кон која институција се вршело плаќање од буџетот и слично. Во првата фаза ќе бидат достапни...

Ванхауте: Реформите во медиумите ќе опстојат само ако има политичка волја

Понатамошен значаен напредок може да се постигне за неколку години, под услов Владата, а особено надлежниот министер, да останат вклучени во поддршката на слободното и професионално медиумско опкружување - вели белгискиот експерт во интервјуто за „Вистиномер.мк“ и „Мета.мк“. Питер Ванхауте, медијаторот во разговорите меѓу политичките партии за време на процесот за постигнување на Договорот од Пржино неодамна престојуваше во Македонија по...

Полицијата во Северна Митровица ја загрозила безбедноста на новинарите

Регионалната платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8.000 членови, ги осудува последните инциденти кои се случија врз новинарите за време на полициската интервенција во Северна Митровица. Од таму информираат дека инцидентот се случил на 26 март, кога специјалната полициска единица Регионална единица за оперативна поддршка (ROSU) во Северна Митровица го...

СЕММ: Порталите се најчеста мета за жалби за неетичко известување

Статистиката, од Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите (СЕММ) покажува дека, во периодот од 2014 до 2017 година, најголем дел од жалбите за неетичко известување на медиумите - 79 проценти - се однесувале на интернет порталите. Потоа следуваат телевизиите со 12,6 отсто, весниците и неделниците 8 отсто и новинските агенции 0,5 отсто. Најмногу жалби, 59, поднеле организации...

ОБСЕ загрижен за безбедноста на новинарите во Косово

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир, и шефот на мисијата на ОБСЕ во Приштина, Јан Брату, изразија длабока загриженост за безбедноста на новинарите кои известувале за интервенцијата на полицијата во северниот дел на Косовска Митровица, кога беше уапсен директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ. За време на полициската операција на 26 март, повредени...

Селмани до Поповски: Врзете си ги кучињата пред да биде предоцна

Неколку десетици новинари денеска напладне излегоа на протест пред Владата за да побараат да се преземат мерки за заканите и навредите кои функционерот на ДУИ, Бекир Асани, му ги упати на претседателот на здружението на новинари, Насер Селмани. На протестот, Селмани рече дека новинарите постојано се изложени на закани и притисоци и побара да се преземат мерки да се замолчат...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...