среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: неработен ден | 48 резултати

Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците

21 декември 2021

Министерката за труд и социјална политика во денешното интервју за Утрински брифинг оцени дека со новото законско решение кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник. Инаку, на вчерашната седница на Собранието, Законот за работни односи беше изгласан со 62 гласа „ЗА“ и еден […]

Работниците излегоа на протест, бараат итно да се донесе Законот за недела да биде неработен ден

12 декември 2021

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) попладнево излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) за да го изрази незадоволството од неизгласувањето на законското решение со кое недела треба да се прогласи за неработен ден, но и да потсетат дека бараат измена на Законот за минимална плата. На протестот беше […]

Владата предлага од 1 октомври неделата да биде неработен ден

8 јуни 2021

Од 1 октомври годинава, неделата да биде неработен ден, предлага Владата. Измените на Законот за работни односи и на Законот за трговски друштва, што Владата ги усвои на денешната седница, се донесени во договор со работодавачите и синдикатите, објасни на денешната прес конференција премиерот Зоран Заев. Останува тие да бидат изгласани во Собранието. „Неделата станува […]

24 Мај – Денот на сесловенските просветители, неработен ден за сите граѓани

18 мај 2021

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. „Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во […]

Рамазан Бајрам, 13 мај, е неработен ден за сите граѓани

7 мај 2021

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 13 мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а понеделник втор ден Велигден, за сите

26 април 2021

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 30 април (петок), пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Понеделник (3 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го […]

Измените во ЗРО за прогласување на неделата за неработен ден одложени за следната година

26 март 2021

Создавањето на предвидливо бизнис опкружување е една од најважните теми за секој стопанственик, па затоа, пред донесување на било какво законско или под законско решение, Владата ќе продолжи отворена дискусија и консултации со бизнис секторот, за да се унапреди деловното опкружување и да се обезбеди предвидливост и одржливост на економските текови. Ова го истакна вицепремиерот […]

Петок, 28 август е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

24 август 2020

Петок, 28 август Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Воедно, МТСП им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед во државата.

Владата го прогласи за неработен ден 15 јули, денот на одржување на изборите

8 јули 2020

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, поради одржување на изборите за пратеници во Собранието, и нема да се одработува. „Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата од 74. седница, одржана на 7 јули, заради непречено спроведување на предвремените парламентарни […]

15 јули ќе биде неработен, на 13 и 14 јули ќе гласаат болните, позитивните на ковид-19 и оние во самоизолација

16 јуни 2020

Владата на вчерашната 68-ма седница донесе Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година. Молкот пред денот на гласање ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела. Гласањето на 15 јули ќе започне во 07 часот и ќе трае непрекинато до 21 часот. На […]

Први јануари е неработен ден за сите граѓани

25 декември 2019

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празницитe, 1 јануари 2020 година (среда), Нова година е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата година.

Божиќ, 25 декември, неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

18 декември 2019

Првиот ден на Божиќ 25 декември (среда) е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Божиќ.

Понеделник 9 декември е неработен ден за сите граѓани

2 декември 2019

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.

Среда (23 октомври) е неработен ден за сите граѓани

16 октомври 2019

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Среда, 28 август, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

21 август 2019

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 28 август 2019 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните […]

Следниот вторник, Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани

29 мај 2019

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно со Законот за празниците, 4 јуни 2019 година (вторник), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, МТСП на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

19 април 2019

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Понеделник 22 април е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

15 април 2019

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 22 април 2019 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

27 јануари е неработен ден за припадниците на српската заедница

21 јануари 2019

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија. „Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните припадници на српската заедница во Македонија им го честита празникот Свети Сава“, се […]

Божик ќе биде неработен ден за сите граѓани

2 јануари 2019

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 7 јануари 2019 година (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Претходниот ден, Бадник, пак е неработен за православните, односно бидејќи станува збор за недела, за оние што работат и во неделите тој треба да биде […]

Страна 1 од 3