fbpx
Таг: неработен ден

таг: неработен ден

Подобри услови и поголеми плати за текстилните работнички, бара здружението „Гласно“

Вработените во конфекциите во Штип, иако е неработен ден, по повод државниот празник 8 Декември - Денот на Св. Климент Охридски, денеска беа на своите работни места. Поради ова штипското здружение „Гласно“ организираше протест на кој симболично на транспаренти беа поставени работнички мантили. Протестот, како што велат од здружението, е обид да се крене гласот против условите во кои работат...

МТСП: 8 декември е неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 8 декември (четврток), кога се празнува денот на свети Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните кои го чествуваат и го слават патронот св. Климент Охридски.

„Денот на дрвото“ ќе се одработува следната година

Вчерашниот неработен ден, на кој беше спроведена акцијата „Ден на дрвото“, ќе се одработува во текот на следната година. Ваква одлука донела Владата на седницата одржана на 25 ноември, а конкретниот датум, кога ќе биде одработен вчерашниот ден, ќе биде дополнително утврден. „На седницата одржана на 25 ноември 2016 година, Владата донесе одлука 30 ноември 2016 година да биде прогласен...

8 Септември е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември (четврток), кога се прославува Денот на независноста, е неработен ден за граѓаните. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.

Рамазан-бајрам, 5 јули, е неработен ден за сите граѓани

Празникот Рамазан-бајрам, 5 јули 2016 година (вторник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаат празникот Рамазан-бајрам.

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика информираше дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 17 јуни (петок), Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Петок, 29 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 29 април 2016 година, Велики петок, ќе биде неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. „Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед што го чествуваат, им го честита празникот Велики петок“, пишува во соопштението на Министерството.

Понеделник е неработен ден за Турците во Македонија

Денот на настава на турски јазик, понеделник, е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Оттаму на граѓаните припадници на турската заедница им го честитаат Денот на наставата на турски јазик.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...