fbpx
Таг: настава

таг: настава

Почна средбата на „Родителски пленум“

Неколку десетици родители на средношколци од сите училишта во Скопје и во Македонија се собраа пред гиманзијата „Јосип Броз Тито“ да дебатираат за актуелниот бојкот на средношколците, како да им се помогне и кои се наредните чекори што треба да ги преземат. По завршување на средбата, од „Родителски пленум“ најавија дека преку соопштение ќе ја известат јавноста што било договорено на средбата.

Бојкотот продолжува, се бараат посредници за преговорите со МОН

Без договор заврши и третата средба меѓу „Средношколски пленум“ и Министерството за обрзование и наука. Ниту средношколците ниту министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и по три остварени средби не отстапуваат од своите барања. Средношколците за наредните средби бараат присуство од Народниот правобранител, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет бидејќи, како што велат, не сакаат да...

Денеска трета средба меѓу МОН и „Средношколски пленум“

По 17 дена бојкот на наставата, „Средношколски пленум“ денеска има трета средба со претставници на Министерството за образование и наука. Вчера преговорите завршија без конкретен договор меѓу двете страни, но средношколците се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Во меѓувреме, тие велат дека бојкотот на наставата и „Средношколски фронт“ во Паркот на...

Барањата на средношколците ќе се дискутираат на владина седница

Преговорите помеѓу „Средношколски пленум“ и Министерстовото за обрзование и наука ќе продолжат, а барањата на средношколците ќе се разгледаат на денешната седница на Влада. По денешната средба, средношколците велат дека не добиле конкретно ветување, но се оптимисти и веруваат дека ќе наидат на разбирање од Министерството за образование и наука. Тие на средбата ги изложиле своите ставови и барања...

Средношколците Македонци и Албанци заедно на протестен марш

Учениците Албанци и Македонци попладнево излегоа на протест, кој се одржа на тетовскиот плоштад, и на марш по булеварот Илинденска. Тие побараа да се укине екстерното тестирање и новиот начин на полагање државна матура. - Не може неколку тестови да ни го оценат целото знаење што сме го стекнале во текот на целата година. Ние не се откажуваме така лесно од...

„Средношколски пленум“ продолжува со бојкот

„Средношколски пленум“ ја демантира информацијата објавена во некои медиуми дека средношколците го прекинуваат бојкотот на наставата. - Не е точна информацијата дека го прекинуваме бојкотот  на наставата. Бојкотот продолжува како и досега, а за сите наредни активности навремено ќе ја известиме јавноста. Имаме притисоци, но не се откажуваме од борбата за подобро образование – вели Моника Пешевска од „Средношколски пленум“. Таа...

На бојкотот се приклучија и средношколците Албанци во Тетово

Со бојкот на наставата и со протестен собир на градскиот плоштад, учениците од прва и од втора година кои следат настава на албански јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, го искажаа својот револт против екстерното тестирање. На собирот беа присутни околу 200 ученици, кои носеа транспаренти со пароли на албански јазик „Стоп за екстерното тестирање“ и „Не се предаваме“. - Учениците...

Средношколците што бојкотираат ќе мораат да одработуваат?

Средношколците од повеќе средни училишта веќе неколку дена ја бојкотираат наставата, а секојдневно, и покрај притисоците, на бојкотот се приклучуваат сè повеќе училишта. Како дел од пристисоците што им се прават на средношколците се и најавите од некои директори дека изгубените часови ќе мора да ги одработат преку викенд или дека ќе им ја продолжат училишната година. Во Битола, втор ден по бојкотот...

Со бојкотот, растат и притисоците врз средношколците

Средношколците од денеска повторно ја бојкотираат наставата во средните училишта. Од „Средношколски пленум“ велат дека бојкотот ќе продолжи сè додека Министерството за образование е глуво на нивните барања и сè додека одбиваат да се сретнат со нив. „Бојкотот, како радикална мерка, е избран поради тоа што двата марша кои беа организирани беа игнорирани од институциите. Нашите барања се да се...

„Средношколски пленум“: МОН сака да го задуши револтот кај средношколците

„Средношколски пленум“ ја осуди постапката на Министерството за образование и наука со која преку класните раководители бара согласност од родителите за стапувањето во бојкот. „Новата одлука на МОН, со која се бара согласност од родителите, ја сметаме за груб притисок врз средношколците и бојкотот воопшто. Ова го оценуваме како злоупотребата на моќта на Министерството во насока на дејства против средношколскиот револт,...

Тетовските средношколци протестираа и ја бојкотираа наставата

Дел од учениците од Земјоделското училиште кои следат настава на македонски јазик, со протестен марш по улиците, го искажаа незадоволството поради новиот начин на полагање државна матура и екстерно тестирање. Учениците Македонци и од другите тетовски училишта ја бојкотираа наставата. Тие велат дека имале притисоци да се откажат од протестите и да се вратат на настава. - Некои од професорите се обидоа...

Бојкот на наставата и во охридското економско училиште „Свети Кирил и Методиј“

На вчерашниот бојкот на наставата од средношколците од гимназијата „Свети Климент Охридски“, се приклучија и нивните врсници од трета и од четврта година во новоформираното средно стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ – поранешни економски паралелки на гимназијата. Револтот го искажуваат со мирен собир во дворот на училиштето во времето кога треба да се одвиваат часови. Нема да ја посетуваат наставата,...

Додека средношколците бојкотираат, инспекции ги притискаат директорите

Веќе два дена средношколците ја бојкотираат наставата во дел од средните училишта низ земјата и покрај притисоците со кои се соочуваат. Во скопските средни училишта, учениците се во училиштата, но не ја посетуваат наставата, туку седат во холот или ходниците на училиштата. Средношколците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ велат дека два дена ги посетува инспекција која се обидува да...

„Средношколски пленум“ од утре почнува бојкот на наставата

„Средношколски пленум“ најавува дека од утре средношколците ќе почнат со бојкот на наставата во средните училишта. Од пленумот повторно го повикаа Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги прими на средба и на преговори. „Ѝ соопштуваме на јавноста дека од неделава што следи, „Средношколски пленум“ ги радикализира своите мерки и активности околу запирање на лошите реформи во образованието....

Штипските средношколци повторно на протест

Штипските средношколци втор ден ја бојкотираат наставата. Попладнето излегоа на протест низ центарот на Штип, со барање да се укине математиката како трет предмет во полагањето на матура. Протестот го започнаа учениците од гиманзијата „Славчо Стојменски“, а потоа им се придружија и учениците од останатите средни училишта. - Протестираме бидејќи ја воведоа математиката како задолжителен предмет. Тоа учениците ги вознемирува бидејќи...

Студентите од техничките факултети ја бојкотираат наставата

Студентите од техничките факултети ја бојкотираа наставата еден ден пред седмиот пленум наречен „Автономна зона“, на кој треба да се дискутира за окупација на универзитетите. На официјалната фејсбук-страница на „Студентски пленум“ стои соопштение за бојкот на техничките факултети. „Бојкотот на техничките факултети е успешен! Ајде пленумци, битката за подобро високо образование е далеку од завршена“, стои на фејсбук-страницата. Денеска во Собранието...

Прекината наставата во општините Охрид, Струга и Дебарца, сите планински села отсечени

Поради прекинот со електрично напојување, утринава не се одржа настава во првите смени во сите училишта во Охрид, Струга и во општина Дебарца. Поради високите снежни намети, сите села од Дебрца се практично отсечени. Неизвесно е дали настава ќе има и во втората смена во Охрид, додека во Дебарца и во Струга и официјално ќе нема настава и во...

Нема настава во училиштата во Долнени

Поради снежното невреме, нема настава во училиштата во дел од селата во општина Долнени. Скратени часови има во селата Канатларци и Тополчани и прекин на електричната енергија во Мариово и во Тополчани.

Тетовските гимназијалци утре се враќаат на училиште

По дводневен бојкот, од утре, учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ повторно ќе одат на училиште. Ова беше договорено на вчерашниот состанок на градоначалничката Теута Арифи со управата на гиманзијата и со советот на родители. Наставата, според договорот, нема да се одвива во досегашната барака, туку ќе биде најдено привремено решение што ќе биде договорено во текот на утрешниот ден.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...