Таг: настава

таг: настава

УНИЦЕФ загрижен поради прекинот на наставата на учениците, ќе мора да се надомести изгубеното

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште, се наведува во денешното соопштение од УНИЦЕФ, откако постана јасно дека штрајкот на наставниците продолжува низ училиштата во земјава. Од УНИЦЕФ велат...

УНИЦЕФ: Тоа што нема настава ја продлабочува образовната криза

УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение што ќе ги стави децата на прво место и што нема да доведе до дополнителен продолжен прекин на наставата во училиштата, соопштија од  од организацијата. Претставничката Патриција ДиЏовани смета дека вработените во образовниот сектор,...

Поради голем број на хоспитализации се отвараат нови ковид оддели во болниците

Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата за заштита од заразни болести препорача Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”, информираат во Министерството за здравство. На состанокот на Комисијата присуствувал министерот...

МОН: Oколу 0,02 проценти од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19

Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02 проценти од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19, истиот процент е и кај наставниците, информираат од таму. „Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2 проценти. Дел од нив се веќе негативни и вратени...

Главниот кризен штаб предлага наставата да се одвива со физичко присуство

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија (ГККШ), кој го водеше премиерот Заев беше оценето дека се создадени услови почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе...

Универзитетите задоволни од оваа aкадемска година, успехот на следната ќе зависи од имунизацијата на студентите и професорите

Учење од далечина
Првиот академски час на државните универзитети минатиот октомври започна во неизвесност, но академската 2020/2021 година на крај заврши успешно. За првпат во историјата на македонските универзитети поголем дел од академскиот кадар и студентите една цела академска година поминаа дома, одржувајќи ги предавањата и испитите преку средства за далечинско учење. Новите корона услови ја ставија на тест подготвеноста на образовниот систем...

Истражување: Оваа учебна година онлајн наставата многу подобро организирана во споредба со лани

Родителите, децата и наставниците сметаат дека оваа учебна година (2020/2021) наставата на далечина била многу подобро организирана во споредба со второто полугодие од минатата учебна година (2019/2020). Техничките потешкотии биле надминати, а исто така наставата се организирала според распоред на часови и биле исполнети целите на наставната програма. Ова го покажува истражувањето направено од „Реактор“ по нарачка на УНИЦЕФ, а...

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои едниот задолжителен мајчин...

Од следење настава од педалинка, до играње видео игри за време на предавање – како се злоупотребува онлајн наставата?

На први октомври во повеќе училишта започна учебната година со настава од далечина преку националната платформа schools.mk, каде учениците ги слушаат и гледаат предавањата на нивните наставници и професори. Но, новиот начин на одвивање на наставата значеше и нови предизвици со кои ќе се соочат како учениците, така и нивните учители, но и целокупниот образовен систем. А проблемите веќе можат...

Порталб: За време на пандемијата, децата со посебни потреби посетуваат три форми на настава

Во отсуство на дефектолози, кои според законот треба да ги има секое основно училиште, повеќето општини го компензираат ова преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во услови на пандемија, учениците со посебни потреби го започнаа образовниот процес без проблеми, истовремено со другите ученици, и тоа на три начини, пишува Порталб.мк. Во Општина Тетово од вкупно 12 основни училишта, вработени...

МОН: Продолжувањето на наставата со физичко присуство зависи од тоа колку одговорно ќе се однесуваме сите

Учениците и наставниците да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и одговорно да се однесуваат и на двор од училиштата со цел да се спречи ширењето на болеста, апелира Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму велат дека онлајн наставата ја следат над 80 отсто од учениците. Ако сите се придржуваме на мерките за заштита, протоколите функционираат, велат од...

Децата кои немаат компјутери за онлајн настава, часовите ќе ги следат во училниците

Министерство за образование и наука информира дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следење на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата. „За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наставниците предаваат на другите деца...

Училиштата во Охрид и Дебрца забрзано се подготвуваат за новата учебна година

Согласно одредбите од Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, општина Охрид и сите основни и средни училишта на подрачјето на општината навремено ги започнаа сите потребни подготовки во пресрет на почетокот на новата учебната година. - Општина Охрид веќе подготви преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на...

Владата одлучи градинките да се отворат на 9 септември

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитување на деца - детски градинки/центри за ран детски развој, кое се планира да почне на 9 септември, информираат од владината прес-служба. Во наредните денови, градинките низ целата земја се должни да се подготват за работа. „Согласно заклучоците за ова прашање, Владата...

Учениците ќе вадат маска од лице само кога јадат, ќе чекаат ред за во тоалет, родителски средби нема да има

Владата денеска го усвои протоколот за физичка настава во основните и во средните училишта. Наставата во училиштата низ државата ќе започне на 1 октомври, а дотогаш училишните раководства треба да ги подготват објектите за да може непречено и безбедно да се реализира наставата. Здравствените и образовните власти одлучија наставата да се одвива онлајн, освен за учениците од прво до трето...

Родители бараат онлајн настава, МОН децидни – од септември ќе се учи во училница

„Поддршка за онлајн настава во учебната 2020/2021 година“ е името на групата на Фејсбук, која брои околу 3.500 членови, а која деновиве „врие“ од коментари поврзани со стартот на новата учебна година. Многумина родители најавуваат дека нема да ги пуштат децата на училиште бидејќи како што велат, здравјето им е приоритет. Сепак, и покрај барањата наставата да се изведува...

Наставата во училница е неопходна, се подготвуваат правила за работа на училиштата

Во едни училишта во државата има подобри просторни услови, во други полоши. Некаде има многу голем број на ученици, па ќе мора да се воведе учење во смени, а во други пак, има помали паралелки и нема да има потреба од смени. Затоа, наставата со физичко присуство ќе се одвива на различен начин во различни училишта, но важно е...

Полициски час утре и в понеделник, пензиите ќе се исплаќаат од среда

Покрај стандарниот полициски час, од 19 часот вечерва, до 5 часот утре, Владата наложи и долг полициски час што ќе почне утре во 11 часот (претпладне) и ќе трае до 5 часот во вторник. На својата 56-та седница вчера, Владата ја изменила и одлуката за карантин за македонските граѓани што се враќаат од странство, па ако тие приложат ПЦР тест...

Инспекторат: Нема ни компјутери ни опрема, па нема ни настава по информатика во школите

Поради нефункционалната информатичка технологија, наставниците не се во можност да реализираат ИКТ во наставата. Ова е констатирано во последниот извештај на просветните инспектори, кои дале и препорака училиштата да најдат начин како да го решат проблемот со поголема употреба на компјутери на часовите. Со оглед на тоа дека училиштата немаат можност самостојно да купат компјутерски уреди за да го решат...

Едвај тројка за училиштата од просветните инспектори, само шест добија четворка

Со оценка 2,77 просветните инспектори го оцениле квалитетот на воспитно-образовниот процес во македоските училишта. Ова стои во последниот извештај на Државниот просветен инспекторат, кој се однесува на квалитетот на наставата во основното и во средното образование. Вакви извештаи инспекторатот подготвува еднаш годишно, за секоја измината учебна година. Оценката се дава по претходна проверка на наставните планови и програми, постигнувањата на учениците,...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...