fbpx
Таг: напад

таг: напад

Едно лице приведено на протестот на преминот Табановце

Едно лице е приведено за време на протестот на симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин Табановце. Како што соопшти полицијата, приведениот нападнал полициски службеник, поради што е приведен и против него ќе биде покрената соодветна пријава. Дел од медиумите претходно објавија снимки од протестот на Табановце, каде се гледа туркање меѓу демонстрантите и полицијата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела протестира...

Две кучиња искасале 10-годишно дете

Десетгодишно дете вчера попладне било нападнато и искасано од две кучиња на ул. „Волгоградска“ во Скопје, соопшти полицијата. Синоќа во 20.30 часот, 50-годишниот Т.С. во полициската станица Карпош пријавил дека истиот ден околу 17:20 часот, на ул. „Волгоградска“ две кучиња го нападнале неговиот 10-годишен син. Детето, како што се наведува во полициското соопштение, се здобил со видливи повреди - расекотини на...

Жена нападната од четири кучиња во скопската населба Илинден

Четири кучиња вчераутро нападнале жена во скопската населба Илинден, при што едно ја каснало за грбот, а откако паднала, другите кучиња ја влечеле, информира МВР. Џ.Б.(38), жителка на населбата, пријавила дека била нападната околу 7.30 часот додека се движела по ул.19. Ја спасиле минувачи, кои ги избркале кучињата, а потоа жената побарала помош во Ургентен центар, каде и е констатирана телесна...

Шилегов со работна група ќе бара системско решение за нападите од кучиња

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов формирал работна група од пет члена „за изнаоѓање на системско решение“ за спречување на напади на граѓани од кучиња. Работната група е составена од еден советник во Советот на Град Скопје, еден вработен во Секторот за комунални работи и по еден претставник од здружението за заштита на животни „Анима мунди“, граѓанската иницијатива „Кане Корзо“...

„Анима мунди“: Oдговорност за сопственикот на кучето што нападна деца во Аеродром

Здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“ вели дека шесте лица, меѓу кои и четири деца, во општина Аеродром биле нападнати од расно куче. Од здружениеето бараат одговорност од сопственикот кој го пуштил кучето на слобода. „Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во тие што го воспитале, односно го научиле кучето да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин...

Две жени и четири деца каснати од куче во Општина Аеродром

Во изминатите два дена, во полициската станица Аеродром пријавени се шест настани во врска со напад на куче скитник врз граѓани на подрачјето на населбата Аеродром, помеѓу булеварите Јане Сандански и АСНОМ, се вели во билтенот на МВР. Се работи за шест лица, од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од...

И Чавков доби 30-дневен притвор, спроведен е во затворот во Шуто Оризари

Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, по што е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Иста мерка е одредена и за полицискиот службеник Мунир Пепиќ и за оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на...

Судот му одреди 30-дневен притвор на Игор Дурловски

Кривичниот суд денеска му одреди 30 дневен притвор на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој денеска беше приведен поради насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава. Дурловски, кој е еден од организаторите на насилните протести на „За заедничка Македонија“, се товари за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Судот на пратеничката Жаклина Пешевска ѝ одреди куќен притвор, додека...

Груевски се приклучи на протестот, се крева бина пред Кривичен суд

Околу 300 приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повикот на протест од ВМРО-ДПМНЕ, се собраа пред Кривичниот суд во Скопје, поради приведувањето на пратеници и на други учесници во насилствата од 27 април. Демонстрантите почнаа да со собираат пред Кривичниот суд околу 13.30 часот, а еден час подоцна им се придружи поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој беше...

Заев испрати писмо со сочувство до египетскиот претседател за нападот на Синај

Премиерот Зоран Заев, во име на Владата и на граѓаните на Република Македонија, испрати писмо со сочувство до претседателот на Египет, Абдул Фатах ал-Сиси, за нападот во џамијата во Бир ал-Абед на Синај, во кој загинаа повеќе од 300 лица, меѓу кои и деца. „Прифатете го моето најдлабоко сочувство за трагичниот настан и за загубените животи. Овој ужасен настан предизвика длабока...

Се зголемува бројот на загинати во нападот на Синај

Бројот на загинати во нападот на џамија во северниот дел на египетскиот Синајски Полуостров се зголеми на 305 лица, додека најмалку 126 лица се повредени, соопшти денеска египетското државно обвинителство. Главниот државен обвинител, Набил Садек, соопштил дека нападот го извршиле меѓу 25 и 30 милитанти и дека меѓу загинатите 27 се деца, пренесуваат светските медиумите. Милитантите биле стационирани на главната врата на...

Паника во и околу метро-станицата Оксфорд во Лондон

Една од најфреквентните метро-станици во Лондон вечерва е евакуирана, откако беше пријавен инцидент со пукање. Имаше информации и дека се пукало на улиците во близина и, според досегашните сознанија, најверојатно станува збор за терористички напад. Полицијата не соопштува детали, туку само упати апел до граѓаните да не се движат во тој дел на Лондон без потреба. На улиците во близина...

Бројот на загинатите во Синај се зголеми на 184 лица

Бројот на загинатите во експлозијата и во нападот на џамијата на Синај се зголеми на 184 лица, а на повредените на 120 лица, јавуваат светските медиуми. Вооружените напаѓачи упаднале во џамијата за време на молитвата на локалните безбедносни припадници. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а Египет веќе со години се бори со екстремистите, чии напади се радикализираа по смената...

Нападната џамија на Синај – 85 загинати и 80 повредени

Најмалку 85 лица загинаа, а 80 се повредени во експлозија и вооружен напад на џамија на египетскиот полуостров Синај. Како што јавуваат светските медиуми, вооружени напаѓачи упаднале во црквата за време на молитва. Египетското министерство за здравство не ја исклучува можноста бројот за загинатите да се зголеми. Очевидци велат дека експлозивна направа била активирана кај џамијата „Ал Руадах“ во градот Бир ал-Абд,...

Уапсени три лица поврзани со нападот на „Шарли ебдо“

Француската полиција уапсила три лица кои се поврзани со нападот на редакцијата на магазинот „Шарли ебдо“, што се случи во јануари 2015 година. Како што јавуваат француските медиуми, уапсени се двајца мажи и една жена. Досега се поднесени кривични пријави против 14 лица поврзани со овој напад, а 13 се наоѓаат во притвор, каде го чекаат судењето. Во нападот на „Шарли ебдо“ загинаа...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија, загинаа 50 луѓе

Најмалку 50 лица загинале во североисточниот нигериски град Муби, кога бомбаш самоубиец, тинејџер, се разнел во џамија, соопштија локалните власти. Според портпаролот на нигериската полиција, Отман Абубакар, сè уште не се знае колку лица се повредени затоа што се префрлени во многу болници. Абубакар изјави дека бомбашот самоубиец го детонирал експлозивот додека се наоѓал со други верници во џамијата, а верниците...

Јовески: Расветлувањето на нападот врз Собранието од 27 април ќе ми биде приоритет

Кандидатот за нов државен јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за „Гласот на Америка“ на македонски јазик тврди дека една од најлесните задачи ќе му биде одвојувањето на Обвинителството од владејачкиот апарат бидејќи самиот никогаш не потпаднал на притисоци и влијанија и преку своето искуство ќе ги охрабри обвинителите да работат чесно и според законот истовремено гарантирајќи им ја...

Жител на село Чегране застрелал соселанец по што избегал

Триесет и седумгодишниот Л.С., жител на село Чегране вчера во 15:33 часот кај местото викано „Гропа“ атар на село Неготино-Гостивар, по расправија со Е.Е. (33) од истото село кој напасувал овци, му го доближил пиштолот до десната дланка на Е.Е и испукал еден куршум, при што го ранил, а потоа побегнал од лице место, соопшти МВР. По укажаната лекарска помош...

Тројца повредени при расправија на малолетници

Малолетник од Скопје е прободен со остар предмет во пределот на грбот, синоќа на булевар „Видое Смилевски Бато“. Како што соопшти минситерството за внатрешни работи, синоќа, околу 21.30 часот додека малолетникот Б.В од Скопје на бул.„Видое Смилевски Бато“ бил заедно со уште неколку другари, му пришле малолетникот С.Д., неговиот брат Н.Д (22) и уште едно постаро лице. Кога пристигнале С.Д...

Нападнати и ограбени тројца малолетници на Партизанска

На булеварот „Партизански одреди“ синоќа се извршени две разбојнишва врз малолетници, откако непознати лица нападнале две малолетни лица од Ресен и Другово и едно лице од Скопје. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во првиот случај во 18.05 часот во Скопје кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица А.М. од Ресен и М.Б. од село Другово кичевско,...

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...