Таг: МРТВ
таг: МРТВ
СДСМ прашува како е можно „Македонски шуми“ да нема пари за данок, а да има за палми
Управата за јавни приходи призна дека Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ѝ должи на државата 3,5 милиони евра за неплатени даноци, реагираат од опозицискиот СДСМ. Од партијата преку соопштение велат дека „Македонски шуми“ нема пари за даноци, но има за да ги задоволи егзотичните идеи на Никола Груевски.
„Македонски шуми“ набави 1.100 палми во вредност поголема од половина милион евра, односно 522.347 евра....
Поповски: Резултатот ќе покаже кој бил за демократија
Во еден ваков момент кога сме мета на напади, ние ќе бидеме коректни и нема да издаваме за тоа што се преговара во работните групи. Резултатот ќе покаже кој бил во право и кој е за демократија, а кој не, изјави за „Мета“, Роберт Поповски, претседател на работната група на СДСМ во преговорите на политичките партии во сферата на медиумите.
Провладините...
Калиопи повторно ќе нè претставува на „Евровизија“
„Македонска радио-телевизија“ и оваа година одлучи да ја избере Калиопи за македонски преставник на евровизискиот натпревар за најдобра песна.
Годинешното 61. издание на „Евросонг“ ќе се одржи во мај 2016 година, во Стокхолм, Шведска.
- Убедена сум дека ова ќе биде мојата животна интерпретација, дека тие три минути ќе ги претворам во вечност и ќе направам секој еден Македонец, каде и...
Работните групи договорија да има промени во МРТВ, МИА и во Агенцијата за медиуми
Политичките партии на денешната средба на работната група, договориле рамка во која ќе се прават реформите во медиумите и се договориле тоа да го завршат до 20 овој месец.
Како што велат од работните групи, ќе се разгледуваат прашањата за Агенцијата за медиуми, МРТВ, Закон за медиумите и за Македонската информативна агенција.
- Нашите позиции ќе ги образложиме на работната група, но...
Селмани: Нудиме системски решенија базирани на европски стандарди
На завршната презентација на анализата за реформи во медиумскиот систем на Македонија, претседателот на Здружение на новинари, Насер Семани, рече дека политичките партии заговараат политички пазар, но во ЗНМ ваква реформа нема да помине.
- Нудиме системски решенија базирани на европски стандарди, само прашање е дали политичките партии сакаат вакви решенија. Можни се брзи решенија за проблемите што постојат, а...
ЗНМ: МАНУ и Омбудсманот да го предлагаат програмскиот совет на МРТВ
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) предлага раководството на јавниот сервис МРТВ да се избира со двотретинско мнозинство, а на предлог на независни и на кредибилни институции, како Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Народниот правобранител, за конечно департизирање и деполитизирање на националниот сервис, објавува „24 Вести“.
„Клучно барање ни е изборот на членовите на програмискиот сервис и начинот...
Денеска ќе се одржи дебата за јавниот дифузен сервис
Денеска во 12 часот, во Агенцијата за електронски комуникации ќе се одржи јавна дебата на тема „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис“.
Дебатата ја организира Министерството за информатичко општество и администрација.
ЛГБТИ-активисти ја погребаа МРТВ
Денеска, на последното протестно обраќање во рамки на „Неделата на гордоста“, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија побара целиот уреднички и раководен тим на МРТВ итно да си даде оставка и да ја ослободи МРТВ за да може да биде јавен сервис за сите граѓани. Дотогаш, велат дека оваа институција е мртва. Активистите симболично поставија и погребен венец пред...
ЛГБТИ денеска со протестно обраќање пред МРТВ
Во рамки на „Недела на гордоста 2015“, Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата денеска во 13.15 часот ќе има протестно обраќање пред МРТВ.
„МРТ, како јавен сервис кој го плаќаат сите, па и ЛГБТИ-луѓето, наместо сојузник е медиум низ кој се шири хомофобија и мизогинија. Со кратко соопштение ќе им порачаме да си одат и да го вратат...
Поддршка од Хрватско-македонската граѓанска асоцијација за „Новинарски пленум“ и за генерал Ангелов
Хрватско-македонската граѓанска асоцијација, попозната и како „Хрватско-македонска тангента“, испрати писмо со поддршка до македонскиот „Новинарски пленум“ и до генерал Стојанче Ангелов, во кое ги охрабртуваат да издржат на својата благородна и демократска мисија за ослободување на јавниот сервис, односно негово враќање во сопственост на сите македонски граѓани.
„Токму сега, во екот на политичката криза предизвикана со мегаскандалот со прислушување илјадници луѓе...
Ангелов: Не помислувајте да го апсите Заев, ќе падне крв
Генералот Стојанче Ангелов и денеска со група граѓани протестираше пред Македонската радио-телевизија бидејќи јавниот сервис одбива да ги објави аудиоснимките од прислушуваните разговори што ги објавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Ангелов рече дека бара техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот да одлучи кому ќе му ја даде власта. Тој рече дека биле подготвувани меѓуетнички тензии...
„Новинарски пленум“ ќе дебатира за состојбата и за обврските на МРТВ
„Новинарски пленум“ в понеделник, во 18 часот, во Клубот на новинари, ќе организира дискусија за состојбата, професионалниот интегритет и за обврските на МРТВ како јавен сервис. Од пленумот на дискусијата го покануваат и уредничкиот тим на Македонската радио-телевизија, на чии претставници и преку СМС-пораки им испратиле покани пред една седмица. Од „Новинарски пленум“ информираат дека досега не добиле одговор на...
„Новинарски пленум“ бара средба со уредничкиот тим на МРТВ
Претставници на „Новинарски пленум“ денеска испратиле СМС-пораки до новинарите кои се дел од уредничкиот тим на МРТВ, Горан Петрески, Билјана Василева-Трендафилова, Стојан Трпчевски и Душко Арсовски, со барање за средба, информираа преку соопштение од пленумот.
„Поради загриженоста за состојбите во кои е западната нашата професија, ве покануваме на средба на која отворено би дискутирале за сите предизвици со кои се...
Пред МРТВ се „пееше“ бушавата азбука на режимот
Стотина граѓани се собраа пред Македонската радио-телевизија (МРТВ) на протестот, кој почна во 12 часот, поради одбивањето на националниот сервис да ги емитува аудиоснимките од „бомбите“ што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
Пред присутните, покрај предводникот на протестите, Стојанче Ангелов се обратија и истакнати личности од општествениот и од културниот живот во државата.
Доајенот на македонското спортско новинарство, Атанас...
Со натписи „Уа цензори“ почна протестот пред МРТВ
Стотина граѓани се собраа пред Македонската радио-телевизија (МРТВ) на протестот, кој почна во 12 часот, поради одбивањето на националниот сервис да ги емитува аудиоснимките од „бомбите“ што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
Неколкумина од насобраните граѓани се движат заедно еден до друг, носејќи букви кои заедно сочинуваат парола која гласи: „Уа цензори“.
Листови хартија на кои е испишана истата...
Ангелов поднесе кривична пријава против Марко Зврлевски
Стојанче Ангелов денеска поднесе кривична пријава против јавниот обвинител Марко Зврлевски за злоупотреба на службената положба и овластување и за спречување пристап кон јавен информатички систем, бидејќи, како што рече Ангелов, преку соопштение барал од медиумите да не ги емитуваат и пренесуваат снимките од „бомбите“ што ги обајвува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, пренесува „Нова ТВ“.
- Ние сме свесни...
Граѓаните со бакнежи и со прегратки, се обидоа да ја ослободат МРТВ
Неколку стотини граѓани денеска напладне се обидоа, заедно со генерал Стојанче Ангелов, на ненасилен начин да упаднат во МРТВ за да ја ослободат телевизијата од контролата на власта и да ги достават снимките од прислушуваните разговори.
Полицискиот кордон ги спречи насобраните граѓани, придружувани од актерите Синоличка Трпкова, Сашо Тасевски и Софија Куновска да влезат во МРТВ. Насобраните жени, по повикот...
Стојанче Ангелов и вечерва протестираше пред МРТВ
Стојанче Ангелов и неговите приврзаници вечерва повторно се собраа пред Македонската радио-телевизија, јави телевизија „24 Вести“.
Тој уште еднаш побара јавниот сервис да ги објави снимките што ги презентира опозицијата и порача дека нема да поднесе кривична пријава за уредникот на информативната програма на МТВ, Горан Петрески, бидејќи, како што рече, му паднало жал зашто бил уплашен.
Ангелов најави дека протестот освен...
Обезбедувањето на МРТВ упадна во „Сто тројка“
Обезбедувањето на МРТВ синоќа упадна во емисијата на радиото „Канал 103“ и на водителот му побара лична карта.
Директно се слушна и во програмата како обезбедувањето на водителот му наредува да оди пред него и покрај тоа што веќе му даде лична карта и му објасни дека програмата се емитува во живо.
Обезбедувањето упадна по поканата од радиото до Стојанче Ангелов да...
Иванов ќе ѝ додели „Орден за заслуги за Македонија“ на МРТВ
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“.
Орденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија и за нејзиниот придонес за негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности и на културното творештво на Република Македонија.