сабота, 15 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Мосак Фонсека | 9 резултати

„Мосак Фонсека“: Никој не известува за хакерскиот упад

6 април 2016

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ која е во центарот на скандалот „Панама пејперс“, изјави дека неговата компанија е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на сите светски лидери и познати личности што ги криеле парите во даночните оази. Адвокатот на фирмата од каде што […]

Франција ја враќа Панама на листата земји кои се даночен рај

5 април 2016

Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, денеска соопшти дека официјален Париз повторно ќе ја стави Панама на списокот држави и територии што не соработуваат по прашања од даночната политика. Одлуката на враќањето на листата доаѓа по објавувањето на „Панама пејперс“, кои открија дека државници и видни бизнисмени затајувале данок и переле пари во Панама. Меѓународниот конзорциум […]

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

5 април 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел […]

Тасева: Да не се прејудицира туку да се провери дали има Македонци поврзани со „Панама пејперс“

5 април 2016

„Не треба да се прејудицира дека доколку Македонци имаат сметки во Панама, тие се поврзани со нелегални пари. Сепак, тоа треба да се провери. Новинарите и истражувачите ќе ги прават достапни информациите етапно и по фази и тогаш треба да се види дали воопшто македонски државјани имаат сметки, какви се тие, дали се лични, компаниски […]

„Мосак Фонсека“: Ова е меѓународна кампања против приватноста

4 април 2016

Претставник на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ чии документи под името „Панама пејперс“ беа објавени во јавноста, вели дека објавувањето на тие материјали е криминал и напад на Панама. – Тоа е криминал, кривично дело – изјави еден од основачите на компанијата, Рамон Фонсека, додавајќи дека тоа е напад на Панама затоа што на некои земји […]

Страна 1 од 1