fbpx
Таг: министерство за животна средина и просторно планирање

таг: министерство за животна средина и просторно планирање

Виница, Штип и Пехчево први ќе почнат со чистењето на депониите, за Североистокот ќе се бара нова компанија

Во дел од општините од Источниот плански регион при крај е подготовката на планско-урбанистичката документација за чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата, додека некои од локалните самоуправи и понатаму работат на изработката на документацијата која е предуслов за да се отпочне процесот. Општините Виница, Штип и Пехчево први ќе започнат со чистењето на натрупаниот отпад на локациите, бидејќи...

Законот за климатска акција годинава нема да се донесе, морало да се доусогласи со Енергетската заедница

Ново одложување на донесувањето на Законот за климатска акција во земјава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот од годинава ветија дека законското решение ќе влезе во владина постапка за усвојување до крајот на првиот квартал од 2022 година, по што би се испратил на гласање во Собранието. Сепак, од министерството сега велат дека Законот за климатска...

Статус кво со изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, постојните депонии се палат

Наместо меѓународен тендер за избор на компанија што ќе ја гради модерната регионална депонија кај овчеполското село Мечкуевци, источниот дел на Македонија се соочува со палење на постојните депонии и енормно загадување на воздухот во летните месеци. Откако Општина Свети Николе на почетокот од годинава се изјасни дека е против изградбата на регионалната депонија на нејзина територија пред самото распишување...

Депонијата со гипс кај велешкото село Згрополци заборавена од надлежните, иако е жешка еколошка точка [фото]

Околу 3,7 милиони тони отпаден гипс од некогашното работење на Хемиската индустрија Велес (ХИВ) се лоцирани во ридиштата во близина на велешкото село Згрополци. Станува збор за една од жешките еколошки точки во земјава, која е лоцирана покрај стариот пат Велес-Градско, на околу 1,5 километри надвор од некогашната фабрика. Иако е категоризирана како локација со низок ризик по животната...

Со средства од буџетот ќе се изработи студија за решавање на проблемот со шестовалентниот хром во Јегуновце

Со буџетскиот ребаланс што вчера помина на владина седница, а Собранието на РСМ треба допрва да го усвои, се издвојуваат финансиски средства за трајно решавање на проблемот со индустриската депонија во Јегуновце, информираат од Министерството за финансии. На оваа локација во моментов се складирани 850.000 тони индустриски отпад од работењето на фабриката „Југохром“, а меѓу отпадните материи се наоѓа...

Ревизорите со критики за спроведување на мерките за ублажување на климатските промени во земјава

Многу зборување и ветувања, но малку реализација на дело. Државниот завод за ревизија (ДЗР) со серија на критики кон властите во врска со спроведувањето на мерките и политиките за ублажување на влијанието на климатските промени во земјава. Развојот на правната и стратешката рамка за координирана климатска акција во земјава се одвива со задоцнување од три години, а до денешен ден...

Над 60 отсто од фекалиите завршувааат непречистени во реките и езерата, се чекаат пречистителните станици [инфографик]

Количеството на отпадни води што ги создале македонските домаќинства и компании во 2021 година се зголемило, но и понатаму 62 отсто од создадените фекалии во земјава се вливаат како непречистени во реките, езерата и подземните води и го загадуваат водното богатство на земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), само 38 отсто од отпадните води лани биле пречистени...

Од продажба на ќеси собрани над 720.000 евра, средствата ќе одат за селекција на отпад низ градовите

Од продажбата на биоразградливи ќеси за само четири месеци се собрани над 44,7 милиони денари или над 720.000 евра, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП). Станува збор за периодот од 1 декември лани до крајот на март 2022 година, при што пресметките и уплатите на трговците од продажбата на пластични ќеси се вршат...

Воведувањето данок на јаглерод за компаниите е предизвик, но и можност за енергетска транзиција

Претставници на компании, граѓански организации, академски и државни институции денеска разговараа за предизвикот за воведување на данокот на јаглерод. Кои се деловните можности и предизвици на енергетската транзиција, како и можните добри прилики и ефекти од оданочувањето на јаглеродот и потребата за подготовка на приватниот сектор за одговарање на обврските поврзани со климатските цели за 2030 година. Ова беа...

Две години се одолговлекува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, Вардар останува загаден

„Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година“ е насловот на текстот на Мета.мк објавен на 27 ноември 2019 година во однос на изведбата на капиталниот проект што треба да го реши проблемот со загадувањето на водите на реката Вардар во главниот град. Од крајот на 2019 година до денес, најдовме барем неколку...

Секоја година во земјава најмалку еден рис страда од криволов

Најмалку еден балкански рис секоја година страда од криволовци. Во земјава се останати само уште околу 35 возрасни единки од ова прекрасно животно. Во околните земји Албанија и Косово има уште петнаесетина рисови, бројка што укажува на фактот дека опстанокот на дивата мачка е сериозно загрозен и ја става на листата на  Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN)...

Спакувани се 450 тони линдан и 200 тони контаминирана земја од ОХИС, но уште чекаат извоз

Околу 450 тони линдан и 200 тони контаминирана земја се спакувани во специјализирани буриња и контејнери и чекаат да бидат извезени на безбедно уништување. Со ова, заврши првиот дел од проектот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, кој се реализираше со поддршка на УНИДО. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека чистењето на опасниот...

Централната лабораторија за животна средина се акредитираше за пет нови методи

Централната лабораторија за животна средина на Министерството за животна средина се акредитираше за пет методи за испитување на отпадните води. Како што информираат од Министерството, акредитацијата на лабораторијата е проширена со сертификати за уште пет нови методи за мерење на параметри со кои се определува квалитетот на отпадните води за количество на амониум јони, сулфати, хлорид, вкупен фосфор и...

Чистењето на жешките еколошки точки чини десетици милиони евра, мора да се најде економски одржлив модел

Десетици милиони евра ќе мора да се изнајдат за чистење и повторно доведување во природна состојба на жешките еколошки точки во земјава. Арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница, линданот во ОХИС, депонијата за гипс во ХИВ-Велес, јаловиштата во дел од рудниците се само некои од жешките еколошки точки, врз чија околина ќе...

Првите количини опасен линдан од ОХИС ќе се извезат во мај [фото]

Првите количини линдан, ископан од малата депонија во ОХИС ќе бидат извезени на почетокот на мај. Чистењето на опасниот отпад, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, оди побрзо од очекуваното, па наместо една година, би требало целосно да заврши до крајот на годинава. Од средината на март, кога започнаа ископите на малата депонија, па досега, исчистени и...

Новиот Закон за инспекција во животната средина усвоен, треба да обезбеди поефикасни контроли на загадувачите

Законот за инспекциски надзор во животната средина, по неколку години доцнење, денеска, конечно беше усвоен од Собранието. Новиот закон, што го изработи Министерството за животна средина и просторно планирање, треба да обезбеди реформирање и подобра организација и соработка на инспекциските служби на централно и на локално ниво, што треба да резултира со подобра и поефикасна заштита на животната средина. Од...

Владата ќе ги одземе ингеренциите на општина Свети Николе за регионалната депонија во Мечкуевци

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) ја започна процедурата за одземање на ингеренциите на Општина Свети Николе за проектот за изградба на регионална депонија во Источен и Североисточен плански регион. Општината ќе нема ингеренции, но ќе има претставници во новото регионалното комунално претпријатие. Одземањето на ингеренциите ќе биде само во делот на функционирање на регионалното комунално претпријатие за...

Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде чиста за две недели

За петнаесетина денови ќе биде чиста малата депонија со линдан во кругот на некогашната хемиска индустрија ОХИС. Повеќе од половината од токсичниот пестицид е веќе спакуван и чека да замине за Франција на безбедно уништување. На локацијата останува да се допакува уште контаминираната почва, која пак, ќе се испрати во Холандија. Компанијата „Полиеко“, која е задолжена за чистење на депонијата...

ЕБОР со одлични оценки за владината апликација за изградба на регионалните депонии во земјава

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дала 73 поени и со термините „добро управуван“ и „инклузивен“ ја оценила владината апликација за кредит во висина од 55,3 милиони евра за изградба на регионалните депонии по стандардите на ЕУ за пет региони од земјава. Банката на почетокот од јуни годинава треба да ја објави финалната одлука за финансиската поддршка на...

Изминатава зима имало драстични разлики во присуството на ПМ-2,5 честичките во делови на Скопје [инфографик]

Драстични разлики во мерењето на опасните ПМ-2,5 честички се регистрирани од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во одредени делови од Скопје. Истовремено, ПМ-10 честичките остануваат проблем за граѓаните на целиот град, покажуваат месечните извештаи за аерозагадувањето во Скопје за февруари и март 2022 година што се изработени од ова министерство. Мерните станици покажале дека во...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...