fbpx
Таг: министерство за животна средина и просторно планирање

таг: министерство за животна средина и просторно планирање

Мета факт: Владата не ги воведе ветените еколошки налепници за категоризација на возилата

Владата на Република Северна Македонија кон крајот на 2018 година вети воведување на еколошки налепници за категоризација на возилата, со рок за имплементација во 2019 и 2020 година. Ова ветување беше наведено во Програмата за намалување на аерозагадување на Владата на РСМ и до денешен ден е неисполнето. Извршната власт на 15 ноември 2018 година ги презентираше планот и програмата...

Ќе се чистат локации загадени со жива, се почнува од ОХИС

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе започне со изработка на Стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива. Активностите од документот практично ќе се применат во погоните со жива на поранешниот гигант ОХИС, како пилот-локација. Како што информира министерот Насер Нуредини, Канцеларијата за POPs ќе работи на Национален имплементационен план за редукција и елиминација на жива, на почеток...

Кочењето на регионалната депонија во Свети Николе стигна до Извештајот на ЕК

Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од ЕУ. „Започнаа активности за изградба...

Ниту половина од даноците за животна средина не се инвестираат во нејзината заштита [инфографик]

Даноците за животна средина што се уплаќаат на државно конто се значително поголеми од инвестициите и трошоците за заштита на животна средина во земјава. И покрај тоа што македонското општество се соочува со бројни еколошки предизвици, магичниот круг на парите вели дека ниту половина од уплатените даноци за животна средина во Македонија не се инвестираат во заштита на животната...

Шар Планина една година е национален парк, но сè уште не се знае дали ќе се градат мали хидроцентрали или не

Ќе се откажат ли инвеститорите кои имаат концесии во заштитеното подрачје на новиот Национален парк „Шар Планина“ од изградба на мали хидроцентрали и колку пари ќе побараат како обесштетување? И по една година од прогласувањето на паркот, овие прашања сè уште немаат одговор. Минатата година во јули, кога беше и прогласен четвртиот национален парк во земјава, министерот за животна средина Насер Нуредини најави...

Шара да стане бренд за еко туризам и да се развива во хармонија со природата

Да се развива алтернативен туризам, одржливо да се управува со природните ресурси, како и со живеалиштата и екосистемите, да се зачува природното и културното наследство, а истовремено да се обезбеди локален развој и да се едуцира населението кое живее на територијата на Националниот парк Шар Планина, се основите на кои се темели Нацрт-Планот за управување со паркот. Планот денеска беше...

НП „Шар планина“ сѐ уште не е во функција, граѓаните се жалат на заканите за планината

Нацрт-планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година има нејаснотии во толкувањето. Ова беше еден од проблемите што беа посочени во јавната расправа за Шар Планина, за што Министерството за животна средина и Даниел Богнер, експерт за управување со заштитени подрачја, ветија дека ќе ги поправат во наредниот период. Новата јавна установа „НП Шар Планина“...

Ќе продолжи чистењето на линданот од ОХИС, 250 тони отпад се спакувани и чекаат извоз

По пауза од еден месец, оваа седмица ќе продолжи ископувањето на линдан од малата депонија на ОХИС. Во првиот дел од проектот за чистење на ова историско жариште од некогашната хемиска фабрика, коешто го финансираше УНИДО, исчистени беа над 600 тони отпад, од кои над 470 тони од опасната хемикалија и 126 тони контаминирана земја. Во вториот дел од проектот...

Наместо да опаѓаат, емисиите на стакленички гасови во Македонија растат [инфографик]

Откако го достигна историски најнискиот рекорд на емисии на стакленички гасови во 2016 година, Македонија повторно го зголеми испуштањето на штетните супстанци во атмосферата кои придонесуваат за негативното влијание на климатските промени. Секторот Енергетика во ваквиот негативен раст предничи. !function(){"use strict";window.addEventListener("message",(function(e){if(void 0!==e.data){var t=document.querySelectorAll("iframe");for(var a in e.data)for(var r=0;r<t.length;r++){if(t.contentWindow===e.source)t.style.height=e.data+"px"}}}))}(); Според последните податоци за 2019 година објавени во Извештајот за националниот инвентар на стакленички...

ДИЖС: Државата треба да обезбеди средства за решавање на арсенот во Лојане и отпадниот гипс во Згрополци

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) врши инспекциски надзори и од извршените контроли на старите еколошки загадувања само го известува Министерството за животна средина, но нема други обврски поврзани со санирањето на жешките еколошки точки во земјава. „Министерството треба да обезбеди средства овие локации да бидат прописно заградени и означени, како и да обезбеди средства и за нивна ремедијација. Инспекторатот...

Општините претворени во паркиралишта и се дават во ѓубре, никој не работи на Законот за комунална полиција

Ќе добијат ли Скопје и другите македонски градови комунална полиција? Дали законите за чистота, комунален ред, зеленило, паркирање и многу други, кои се одамна усогласени со европските и го уредуваат речиси секој аспект од урбаното живеење, конечно ќе добијат и вистинска примена во праксата. Долгогодишни се барањата на граѓаните на улиците да се вратат маалските полицајци. Редот и чистотата...

По објавата на „Мета.мк“, инспектори појдоа на депонијата со отпаден гипс кај Згрополци

Нема табла со известување за опасност, не е поставена ограда околу депонијата, нема присуство на луѓе во околината, но има пристапен земјен пат до рамниот дел од депонијата и забележани се траги од измет на кози и овци на пристапниот пат до депонијата. Ова се само дел од податоците наведени во Записникот за извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат...

Депонијата со згура од Топилница и понатаму го демне Велес [фото]

Депонијата со згура на Топилница сѐ уште го демне Велес. Три години откако беше доделена концесија за нејзин извоз како техногена минерална суровина, само мали количини заминаа од градот. Црниот рид, во кој се проценува дека има над 1,8 милиони тони отпад, сѐ уште стои, а на локацијата веќе неколку месеци нема никаква активност. Таму се наоѓаат неколку машини...

Заемот од ЕБОР за изградба на регионалните депонии ги чека пратениците да се вратат од одмор

Потпишувањето на договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на регионални депонии по стандардите на ЕУ во пет региони во земјава е возможно да се случи откако Собранието на РСМ ќе го изгласа Законот за заем, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Истиот е сѐ уште во собраниска постапка и од...

На 16 септември ќе се одржи јавна расправа за планот за управување со Шар Планина до 2031 година

Во Тетово на 16 септември ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-Планот за управување со Националниот парк Шар Планина за периодот 2022-2031 година и Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина за изготвениот нацрт-план, информираат од јавната установа Национален парк Шар Планина (ЈУНП Шар Планина) и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Тие ја известуваат заинтересираната јавност дека...

Во Македонија нема тело што врши контрола на спроведувањето на мерките за климатска акција

Државниот завод за ревизија бара од државата да преземе активности за создавање предуслови за непречено функционирање на национално тело што ќе биде задолжено за контрола и координација на имплементацијата на проекти и прашања поврзани со климатската акција во Македонија. Оваа ревизорска препорака за формирање Национално тело за климатски промени е доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, при...

Матка ќе се репрогласи како споменик на природата до крајот на годината

Кањонот Матка сè уште чека репрогласување како споменик на природата и вистинска заштита на реткостите кои можат да се најдат на овој локалитет. Министерството за животна средина во моментов работи на додефинирање на текстот на Нацрт-законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, откако ги доби писмените забелешки од Градот Скопје, Општината Сарај и другите засегнати институции....

ЕУ знае колкави ѝ се емисиите на стакленички гасови за лани, Македонија има најнови податоци за 2019 година

Во Европската Унија на квартално ниво редовно се објавуваат податоците за емисиите на стакленички гасови, кои предизвикуваат влијателни дебати меѓу државните раководства, невладините организации и граѓаните за создавање на нови, поцврсти и навремени мерки за намалување на влијанието на климатските промени. Во Македонија, последните податоци за емисиите на стакленички гасови на национално ниво се објавени за 2019 година, а...

Преспанското Езеро изумира без своите води, мерките за негова заштита ќе се спроведуваат шест години

Широките песочни плажи на Преспанското Езеро се идеални за туристите во летните месеци, сè до оној момент кога посетителите ќе сакаат сончањето да го заменат со капење во езерските води. Тиња, алги, матни и плитки води се секојдневието на секој посетител на Преспанското Езеро, а негативната состојба со повлечените води го вклучува и алармот за тоа како преживува богатиот...

Се чистат дивите депонии во Националниот парк „Шар Планина“

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со директорот на Управата за животна средина при МЖСПП, Хисен Џемаили, и директорот на ЈУНП „Шар Планина“, Ибрахим Дехари, денеска направија обиколка на активностите за чистење на дивите депонии и транспорт на отпадот на дел од предвидените локации што се наоѓаат на територијата на Националниот парк „Шар Планина“. Активностите опфаќаат...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...