fbpx
Таг: Маја Коцијанчич

таг: Маја Коцијанчич

Коцијанчич: Итно да се постигне договор за преостанатото прашање

Брисел го поздрави напредокот што вчера беше постигнат на преговорите во резиденцијата на ЕУ во Пржино, но ги повика партиите итно да најдат одговор и за последното отворено прашање. - Го поздравуваме прогресот што партиите го направија за време на вчерашните разговори и ги охрабруваме итно да се договорат за преостанатото прашање, што може да се постигне со неопходна добра волја од...

Брисел ги сопре финансиите за Коридорот 8

Европската комисија одлучи да не го финансира Коридорот 8 поради проблемите и недостатоците во транспортниот сектор на Македонија, соопшти Маја Коцијанчич. - Проектот за транспортно поврзување, кое земјата го поднесе, Коридорот 8, ќе биде разгледан откако истакнатите проблеми во секторот, како што е секторот за стратегија и за координација, ќе бидат решени и ќе бидат исполнети условите. Има многу недостатоци...

Коцијанчич: Обврските се неисполнети, ЕУ ја крати финансиската помош за Македонија

Влошениот политички амбиент е една од причините зошто Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи и да ги имплементираат фондовите на ЕУ, одговори портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, на прашањето на „Мета“ зошто Европската комисија скрати 27 милиони евра од ИПА-фондовите. Таа...

Коцијанчич за говорот на Иванов: Сите да се воздржат од мешање во работата на СЈО

Европската комисија денеска ги повика политичките лидери и другите државни институции да го почитуваат и да не се мешаат во работата на Специјалното јавно обвинителство. - Сите треба да се воздржат од мешање во работата на Специјалното јавно обвинителство, кое е задолжено за воспоставување на правната одговорност за тоа што беше обелоденето со прислушуваните разговори – изјави за „Мета“ портпаролката...

Коцијанчич: Следните недели се клучни за Македонија

Брисел денеска повторно ги повика македонските политички лидери да седнат на преговарачката маса и да создадат услови за веродостојни избори и истакна дека следните недели се клучни за европската иднина на Македонија. - Советот за надворешни работи вчера разговараше за ситуацијата во поранешната југословенска Република Македонија. Како што истакна високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, постои многу...

Коцијанчич: Аболицијата да се поништи за да нема селективна правда

Европската комисија го следи последниот развој на настаните, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање на „Мета“ како ја коментираат одлуката на Собранието за селективна аболиција и какви мерки би можеле да следат од Брисел. - Нашата позиција е многу јасна за ова посебно прашање, а таа е изразена во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за...

Коцијанчич: Нема минимум услови за избори на 5 јуни, лидерите да не се преправаат дека е сè во ред

Не се исполнети ниту минимум услови за веродостојни избори на 5 јуни, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница, како и владата што би произлегла од нив, вели во изјава за „Дојче веле“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според Коцијачич, во актуелните услови, која било влада што ќе произлезе од избори во кои трите најголеми партии (СДСМ, ДУИ и...

Коцијанчич: Ретроградните чекори ги минираа Пржино и Виена

Европската комисија денеска изрази жалење што нема да се одржи утрешна лидерската средба во Виена, соопшти денеска за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Ние постојано велевме дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици за државата. Длабоко ќе жалиме ако некои ретроградни чекори во Скопје ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за приклучување кон Европската Унија...

Коцијанчич: Средбата во Виена е за спас на Договорот од Пржино

Лидерската средба во Виена нема цел да постави некој нов договор туку да обезбеди имплементирање на постојниот Договор од Пржино, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Целта на состанокот е да се дискутира за начините за решавање на кризата и да се обезбеди дека лидерите ќе продолжат со имплементација на Договорот од Пржино и со реформските приоритети,...

Брисел потврдува: Лидерска средба ќе има, но не се знае кога и каде

Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан. - Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со Делегацијата на ЕУ и со...

Коцијанчич: Парите од ЕУ не ги ставаме само на банкарските сметки на владата

Европската комисија досега дала помош за Македонија за изградба на капацитетите на државата на многу полиња, вклучувајќи подигнување на капацитетот на релевантните министерства и граничната служба за управување со границата, за прашања од областа на азилот и мигрантите, се вели во изјавата на портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за „Нова“, во врска со тврдењата дека земјава не добила...

Бугарски „Капитал“: Хан не е изваден од контекст, тоа ни го потврди и Коцијанчич

Бугарскиот неделник „Капитал“ денеска за „Мета“ соопшти дека еврокомесарот Јоханес Хан не е изваден од контекст и оти веродостојно е пренесена неговата изјава. - Изјавата на Хан е точно пренесена и не е извадена од контекст. Ја преслушав уште еднаш снимката и ги прегледав забелешките, а потоа и контактирав со портпаролката Маја Коцијанчич. Таа немаше никакви забелешки за интервјуто и ми...

Коцијанчич за „Мета“: Бугарски „Капитал“ го извади Хан од контекст

Портпаролката на еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Маја Коцијанчич, денеска за „Мета“ појасни дека изјавата на Јоханес Хан за бугарскиот весник „Капитал“ е извадена од контекст. - Верувам дека изјавата е извадена од контекст. Позицијата на комесарот останува иста како во последното негово соопштение – изјави Коцијанчич за „Мета“. Бугарскиот весник „Капитал“ на 22 јануари објави интервју со еврокомесарот, во...

Коцијанчич за „Мета“: Ја охрабруваме новата влада да спроведе кредибилни избори

Европската комисија повторно ги потсетува политичките партии дека спроведувањето на Договорот од Пржино е од најголема важност за враќањето на Македонија кон евроатлантскиот пат, изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, додавајќи дека работата на специјалниот обвинител е од витално значење за да се врати довербата во владеењето на правото. - Ја имаме предвид оставката на поранешниот премиер...

Брисел не сака да го коментира предлогот за медиумите на Ванхауте

Европската комисија не сака да шпекулира за деталите од тековните преговори за законот за медиуми, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментираат предлог-законот што го доставил олесувачот Питер Ванхауте, а кој не е во согласност со законите за медиуми на ЕУ. - Продолжуваме со работата што ја правиме како Европска унија, со целосно...

Коцијанчич: Европската комисија ги осудува заканите кон новинарите

Европската комисија им дава голема важност на слободата на изразувањето и на слободата на медиумите, изјави Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните наводни закани од опозицијата кон новинари блиски до власта. Коцијанчич потсети дека во извештајот за напредокот за Македонија се осудува заканувањето и застрашувањето на новинарите од кого било. - Тоа е наведено и во препораките за Македонија,...

ЕК го поздрави изборот на новата влада

Европската комисија денеска кусо реагираше на вчерашниот избор на новата влада во Македонија, предвидена со Договорот од Пржино. - Европската комисија беше многу јасна со инсистирањето да се имплементира политичкиот договор што беше донесен со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан во текот на летото. Сите чекори во таа насока ги поздравуваме - рече Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и за...

Коцијанчич: Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно

„Комесарот одблизу ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е запознаен со пролонгирањето на одлуката што треба да се донесе, а регулира важни прашања“, вели Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот Јоханес Хан. - Комесарот е загрижен дека некои од роковите што ги договорија политичките лидери не се испочитувани. Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно...

Коцијанчич: Денеска да се договори законот за избори

Европската комисија денеска ги повика потписниците на Договорот од Пржино веднаш да се договорат за изборните реформи. - Европската комисија жали што партиите не успеале да ги финализираат изборните реформи, и покрај направениот прогрес на состанокот на работните групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии денеска да постигнат договор. Изборите се приближуваат. Затоа изборниот закон треба да биде усвоен што...

Коцијанчич: ЕК не коментира првостепени судски одлуки

Европската комисија очекува сите судски процедури во земјата да бидат спроведени со целосно почитување на принципите на националното, како и на меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска практика во согласност со Европската конвенција за човекови права, изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан. Коцијанчич, сепак, не сакаше да ја коментира вчерашната одлука на Основниот суд Скопје -1,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...