fbpx
Таг: куршуми

таг: куршуми

Поднесени 12 обвиненија за инцидентите за време на протестите во Скопје

Три лица од вкупно 12 против кои Основното јавно обвинителство Скопје денес поднесе обвинителни предлози за инцидентите за време на протестите во Скопје се гонат за Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Останатите 9, по спроведената претходна постапка се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе...

По атентатот, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина

Кратко време откако беше пренесен во болница по атенатот врз него, поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, починал во болница откако состојбата му се влошила, јави Би-Би-Си. Абе (67) држеше говор во рамките на изборна кампања во градот Нара на југот на јапонија, по што беше застрелан. Напаѓачот, 41-годишник, беше совладан по нападот и однесен во полициска станица. Поранешниот јапонски премиер,...

Србинка приведена на аеродромот „Александар Велики“

Дваесет и шестгодишна Србинка вчера напладне е приведена откако при пасошка контрола на аеродромот „Александар Велики“ во нејзниот рачен багаж се пронајдени два куршума со калибар 7,62 милиметра, соопшти полицијата. Во разговор со надлежните, С.М., која живее во Бугарија, изјавила дека не знаела за куршумите и оти се сомнева дека некој намерно ѝ ги ставил во торбата. Двете парчиња муниција се...

Големо количество оружје пронајдено кај Блаце, на регионалниот пат кон Косово

Големо количество оружје денеска било пронaјдено во близина на Блаце, на регионалниот пат кон Косово, соопштија од Министерство за внатрешни работи. „Денеска од страна на единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со единицата за брзо распоредување, единицата „Алфа“ и единицата за увид на местото на...

Берово: Пронашол пиштол и куршуми додека собирал печурки

Четириесет и четиригодишниот беровец Т.Б. на шумскиот пат кај местото Гајски преслап, во атарот на Берово, вчера околу 10.30 часот, додека собирал печурки, пронашол пиштол калибар 7,62 милиметри и една рамка со три куршуми. МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопјанец фатен во Кичево со нелегална ловна пушка и со арсенал муниција

Скопјанецот А.Ј (23) е фатен на железничката станица во Кичево со нелегална ловна пушка и со арсенал муниција. При извршен преглед, кај него се пронајдени и му се одземени едно огнено оружје - ловна пушка марка „ТОЗ БМ” со калибар 16 милиметри од руско производство, како и повеќе видови куршуми. Поради постоење основан сомнеж за недозволено изработување, држење, посредување и тргување...

Од куќа во Скопје украден сеф со златен накит и со 200 куршуми

Синоќа, околу 19.30 часот, непознат сторител извршил кражба во куќа, сопственост на 73-годишен скопјанец, на улицата Женевска во Скопје. Како што информираат од полицијата, крадецот од спалната соба во куќата одзел сеф во кој имало златен накит и околу 200 куршуми. Од полицијата велат дека преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.

Откриени пет куршуми во багажот на патник на скопскиот аеродром

Вчера, околу 18 часот, на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, бил приведен 36-годишниот Ш.Т., откако во неговите патни торби биле пронајдени пет куршуми од пиштол, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, осомничениот патувал со австриски пасош, а куршумите за гасен пиштол биле откриени при рентген-контрола на неговите патни торби. Тој бил приведен во просториите на граничниот премин, а во...

Кривични пријави против две лица, поради нелегално поседување оружје и муниција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, во два одделни случаи, поднела кривични пријави против 35-годишен штипјанец и против 57-годишен жител на Карбинци, кои се товарат за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје и со распрскувачки материи, информира полицијата. Во едниот случај, полицијата, кон крајот на април годинава, извршила претрес на две локации во Радовиш, сопственост на штипјанецот...

Пронајдена муниција при претрес на стан во Тетово

Екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера извршила претрес во стан на 49-годишниот П.М. каде пронашла и запленила повеќе парчиња муниција, со различен калибар, информира полицијата. При претресот, кој бил извршен по судска наредба, под креветот во кујната, полицијата пронашла „три рамки со вкупно 89 куршуми за автоматска пушка, калибар 7,62 милиметри, 32 куршуми од истиот калибар, завиткани во...

Пукано од возило на раскрсница во Ченто

Непознато лице завчера на раскрсница во скопската населба Ченто, од возило истрелало неколку куршуми, од кои дел завршиле во автомобилот на 24-годишен жител на селото Стајковци. Според полициските информации, инцидентот се случил во саботата, околу 22 часот, на раскрсницата од улицата Методија Андонов Ченто и улицата Маџари. Во моментот кога Б.И. (24) со своето возило застанал на семафорите од раскрсницата,...

Кривична пријава за велештанец поради поседување кокаин

Струшката полиција поднела кривична пријава против А.Б. (27) од струшкото село Велешта, кој се товари за недозволена трговија со дрога и за поседување оружје. Како што информираат од полицијата, на 2 мај оваа години, при претрес на неговиот дом, полицијата пронашла неколку мали најлонски пакувања со кокаин, семе од „канабис сатива“ (марихуана) и неколку куршуми со различен калибар. Дел од пакувањата...

Кумановец осомничен за нелегално поседување оружје

Кумановската полиција поднела пријава против М.М. (28), кој се товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Како што информираат од полицијата, нивна екипа на почетокот на април годинава, извршила претрес во домот на осомничениот и пронашла 20 куршуми од различен калибар и еден стартен пиштол, кој М.М. го поседувал со потврда издадена од СВР Куманово.

Расправијата ја завршиле со куршуми

Синоќа, околу 21.30 часот, на улицата Ордан Чопела, по претходна расправија помеѓу М.З. (49) и Ш.Р. (44), во еден момент М.З. истрелал еден куршум од огнено оружје и му нанел тешка телесна повреда во пределот на десното стапало на Ш.Р., по што го напуштил местото на настанот. Застреланиот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Од страна на СВР-Скопје...

Пронајдена опрема за пресување и за пакување дрога

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал по претходно подготвен план за преземање активности во врска со сознание за недозволена трговија со дрога, изврши претреси на две локации на подрачјето на Гостивар и на Маврово. При претресите запленети се калапи и друга погодна опрема за пресување наркотична дрога, 434 куршуми со калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, како и...

Груевски: Гумените куршуми се европска практика

Македонската полиција ќе употребува гумени куршуми против насилни демонстранти по теркот на европските колеги. Премиерот Никола Груевски уверува дека измените, кои на полицијата и законски ќе ѝ дозволат повеќе оружја во справување со поголеми нарушувања на јавен ред и мир, се усогласени со ЕУ, пренесе „Алсат-М“. - За детали во врска со тој закон, јас ве упатувам во Министерството за внатрешни...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...