fbpx

Пронајдена муниција при претрес на стан во Тетово

-

Екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера извршила претрес во стан на 49-годишниот П.М. каде пронашла и запленила повеќе парчиња муниција, со различен калибар, информира полицијата.

При претресот, кој бил извршен по судска наредба, под креветот во кујната, полицијата пронашла „три рамки со вкупно 89 куршуми за автоматска пушка, калибар 7,62 милиметри, 32 куршуми од истиот калибар, завиткани во хартија и во картонска кутија, 13 патрони за ловечка пушка и две панцирни плочки“.

Осомничениот П.М. бил повикан во СВР Тетово и со него бил извршен разгoвор, а по целосното расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...