fbpx
Таг: куќен притвор

таг: куќен притвор

Судот по втор пат им го продолжи притворот на осомничените за 27 април

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифати барањето на Обвинителство и им ги продолжи притворите на 28 осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, соопштија попладнево од судот. Со одлуката на судот, по втор пат им е продолжена мерката притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, Богдан Илиевски – Бетмен, актерот Владо Јовановски,...

Пешевска останува во куќен притвор, пресече Апелација

Апелацискиот суд ја потврдил одлуката на Кривичен суд, за продолжување на куќниот притвор на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска за учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година. На денешната јавна седница таа кажа дека не сторила тероризам и не ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Пешевска се произнесе дека не е виновна и бараше да и се укине куќниот притвор. - Не...

Судот не му дозволи на Тарчуловски да го слуша Столтенберг во Собранието

Кривичниот суд го одби барањето на пратеникот Јохан Тарчуловски да му биде дозволено да го напушти својот дом на четири часа за да може во Собранието да го следи обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска и утре ќе претстојува во посета на земјава. Тарчуловски е еден од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април,...

Продолжен притворот на пратениците и на Чавков, Илиевски, Дамовски, Дурловски…

Кривичниот суд во Скопје денеска им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во...

Василевски останува во „Шутка“, а Димовски во домашен притвор – судот им ги одби жалбите

Пратениците во Собранието, Сашо Василевски и Љупчо Димовски остануваат во притвор, односно во куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка. Василевски и Димовски се дел од шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Постапувајќи по жалби изјавени против решенија...

Тројца осомничени за 27 април од куќен притвор одат во истражен затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера уважил дел од жалбите на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на тројца осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, им го заменил куќниот притвор, што претходно им беше одреден, со построга мерка - притвор, потврдија од судот. Како што соопштија оттаму, станува збор за лицата М.П., Г.Ѓ....

Чавков, Дурловски, Илиевски добија притвор од 30 дена, шест лица добија куќен притвор

Основниот суд Скопје 1 денеска преку соопштение информираше дека за насилствата во Собранието на 27 април годинава, по барање на ОЈО за организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на 13 лица им определил притвор во траење од 30 дена, додека на шест лица им е определен куќен притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи...

ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за Темелко за следната недела

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за притворот на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, што беше најавен за вечерва пред Владата и го презакажа за 3 декември, соопшти партијата. Протестот беше најавен како реакција на продолжувањето на притворот на Темелко, но Кривичниот суд викендов донел решение со кое ја укина ваквата мерка и ја замени со куќен притвор. Како што потврдија...

Темелко излегува од притвор, судот ја заменил мерката со куќен притвор

Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор. Кривичниот суд во Скопје донел решение со кое мерката притвор се заменува со куќен притвор, потврдуваат од судот. Како што информираат од судот, одлуката била донесена по добиено позитивно мислење од Специјалното јавно...

ОЈО: Kуќен притвор и мерки на претпазливост за двајца напаѓачи во Собранието

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднело две кривични пријави, против две лица за учество во толпа, информираат од Обвинителството. „За едното лице, надлежен јавен обвинител по прибирање на доказите ја утврди дадената правна квалификација. Со оглед на обемната медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот предложи до судија на предходна постапка...

Врховниот суд ја прифати жалбата на СЈО, притворот на Талески повторно пред Апелација

Апелацискиот суд Скопје повторно ќе одлучува за куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Врховниот суд ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го укина решението на Апелацискиот суд, па го врати предметот на повторно одлучување. „Во Врховниот суд на Република Македонија е заведен предмет Вкж 1 бр.21/2016 по повод жалба против решението на Апелацискиот суд Скопје Ксж бр.431/16 од...

Талески се врати на работа четири дена по укинување на притворот

Четири дена од укинувањето на мерката куќен притвор, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен од СЈО за криминал со школскиот превоз, се појави на своето работно место. По три месеци минати во куќен притвор, извори од Општината потврдуваат дека по 10 часот Талески дошол во својот кабинет и веднаш свикал состанок со дел од вработените. Според истите извори, Талески изминатите денови...

Апелација го укина притворот за Талески, му наложи двапати неделно да се пријавува во суд

Наместо куќен притвор, со денешното решение на Апелацискиот суд, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, доби мерки за претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Талески двапати неделно, секој работен понеделник и петок, ќе треба да се пријавува кај овластено лице во Основниот суд Битола. „Апелацискиот суд Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т., кој е дел од предметот...

СЈО побарало трето продолжување на куќниот притвор за Талески

Специјалното јавно обвинителство во петокот до Основниот суд Скопје 1 доставило предлог за продолжување на домашниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврди обвинителката Ленче Ристовска од СЈО за „Мета“. - До Основен суд Скопје 1 во петокот поднесен е предлог за продолжување на мерката куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески. Сега чекаме да видиме што ќе одлучи судот...

 ЛДП: „Еразмус“ ги потврди двојните аршини на македонското правосудство

Либерално-демократската партија денеска преку соопштение го повика македонското правосудство да ги применува правдата и законите еднакво за сите. Од ЛДП велат дека случајот „Еразмус“ ги потврдил двојните аршини на македонското правосудство. „По барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да им забрани на четворица осомничени професори од Економскиот факултет да продолжат да предаваат. Прашуваме, во што е разликата...

ЛДП: Осомничените во „Еразмус“ не смеат да работат, а Талески може да потпишува од притвор

Македонското правосудство продолжува со апсурдните и двојни аршини, обвини денеска Либерално-демократската партија (ЛДП). Од партијата реагираат на барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција до Кривичниот суд да им биде изречена забрана за работа на професорите и на асистентите на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, осомничени во случајот „Еразмус“. „Обвинителството за спречување организиран криминал, бара од...

Талески од куќен притвор распишал конкурс за директор на ЈКП „Нискоградба“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, од куќен притвор распишал конкурс за избор на директор на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ од Битола. На интернет-огласникот „Најди работа“ на 3 септември е објавен оглас под број 670323, во кој стои дека градоначалникот на Општина Битола распишува јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Нискоградба“, Битола. Огласот трае до утре - 9 септември. Директорската...

Судот за Талески: Нам ни е јасно што е куќен притвор, за другото не сме надлежни

Советничката во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од ВМРО-Народна партија, до денеска нема добиено одговор од четирите инситуции од кои бара правно толкување дали Талески од куќен притвор смее да ја води Општина Битола и да потпишува службени документи. - Моето барање до надележните институции е уредно доставено и очекувам да се произнесат по него. Се надевам дека ќе...

СЈО да се изјасни дали градоначалникот Tалески има право на потпис од притвор

Битолските советници денеска на седница на Совет расправаат за кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2016 година, потпишан од градоначалникот Владимир Талески. Откако градоначалникот го предложил буџетот, сега од дома бара извештај како тој се извршува, потврдуваат службите на Општина Битола. Опозициските партии во Советот побараа оваа точка да се повлече од дневниот ред и да не се дискутира...

Фестивалот „Браќа Манаки“ не трпи последици од притворот на Талески

Директорот на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, не би сакал да е во кожата на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој трет месец е во куќен притвoр поради сомнежи за малверзации со тендерите за превоз на ученици. Откако тимот на Куновски се пожали дека имале невозможни услови за работа, новинарите прашаа дали имаат опструкции или какви било последици...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...