Таг: криумчарење
таг: криумчарење
Приведени 14 илегални мигранти
Вчера, околу 6.45 часот, полициски службеници од полициската станица Сопот, од правец на село Речица и село Ваксинце забележале како од автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички излегуваат 14 мигранти, кои веднаш почнале да бегаат.
Полициските службеници ги привеле мигрантите, кои по извршениот разговор изјавиле дека за паричен надоместок биле превезени со возилото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и...
Уапсен жител на Ваксинце поради шверц на мигранти
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал приведе македонски државјанин осомничен за шверц на мигранти.
Полицијата имала информации дека И.Д. (46), за паричен надомест, подолг временски период сместувал илегални мигранти на локација во село Ваксинце.
Полициски екипи денеска извршиле претреси на три локации и во куќата, сопственост на И.Д., пронашле илегални мигранти.
Против И.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти.
Српската полиција уапси осомничен за терористички напади во Македонија
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во четири одделни полициски акции, уапсени се двајцата најголеми водачи на нарко-банди во Србија, пресечен е најголемиот синџир за шверцување оружје на територијата на Србија и на Франција, а дека е уапсен и осомничениот Б.Б. за терористички напади во Македонија.
Стефановиќ на прес-конференција изјави дека, на граничниот премин Брњак, врз основа...
Кривични пријави за три лица за криумчарење мигранти
Во текот на минатата недела, МВР расчисти три одвоени случаи на илегален транспорт на мигранти, при што до надлежното Основно јавно обвинителство се поднесени кривични пријави против три лица.
Кривични пријави се поднесени против А.Р. (51) од Студеничани, Б.Ј. (27), државјанин на Република Труција, и Х.Ј. (40), државјанин на Република Албанија. Од судија на претходна постапка на А.Р. и на Б.Ј....
Кривична пријава против 16 лица осомничени за криумчарење мигранти
Министерството за внатрешни работи, по вчерашната акција, поради постоење сомневање дека организирале група и потикнувале на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти, како и дека илегално транспортирале мигранти и помагале, поднесе кривична пријава против 16 лица.
Осомничените се на возраст од 24 до 78 години и тоа шестмина од Куманово, пет од Ваксинце, двајца од Скопје, по едно...
Кумановец осомничен дека шверцувал лекови од Косово
Кумановската полиција поднела кривична пријава против 41-годишниот А.И. и приватната аптека „Шпенди фарм“, поради сомнеж за недозволена трговија и за шверцување, соопшти полицијата.
Како што информираат оттаму, осомничениот А.И. во јули минатата година од Косово набавил поголемо количество лекови, чиј промет е ограничен и кои не биле евидентирани во регистарот на лекови во Македонија, за да ги препродава во својата аптека.
Според полицијата,...
Шверцерите на мигранти заработуваат милиони евра
Италијанскиот обвинител Франческо Ло Вои изјави дека криминалните мрежи заработуваат милиони евра годишно на нелегален транспорт на мигранти преку Средоземно Море, а секој наполнет брод им донесува приход од 80.000 евра.
Тој додаде дека секоја криминална група заработува повеќе милиони евра годишно, а самите се организираат да излезат во пресрет на барателите, за голем број луѓе да дојдат во Европа.
Според еден...
Кривична за Македонци кои илегално превезувале мигранти
Изминатата недела, во три одвоени случаи на илегално превезување мигранти, регионалниот центар за границата Југ, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29) од село Ваксинце, А.Д.(21) од село Лојане, Кумановско, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А. (38) од село Студеничани, Скопско, поради сомневање дека илегално превезувале мигранти.
Истовремено во овие активности откриени се...