fbpx
Таг: Итна помош

таг: Итна помош

Автомеханичарите против замената на амбулантните возила според километражата

Со цел да се избегне ситуацијата возилата на Итната медицинска помош (ИМП) во Македонија да се расипуваат секојдневно, Министерството за здравство предвидува нов правилник, според кој овие возила ќе се сервисираат и заменуваат зависно од бројот на поминати километри.  Со овој критериум на Министерството не се согласуваат автомеханичарите, бидејќи според нив, критериум за замена и сервисирање на возилата би...

Пет лица починале од високите температури во Бугарија

Пет лица починале вчера од топлото време, со екстремно висока температура во Бугарија. Температурата на одделни места во земјата достигнала до 44 Целзиусови степени, јавуваат бугарските медиуми. Меѓу починатите бил и 75-годишен маж, кој излегол да трча во паркот во Софија и починал на самото место. Екипите на итната помош во Софија вчера интервенирале на околу 200 повици од граѓани, а...

Тодоров ги довел во ризик и бебињата во возилата на итната помош, обвинува СДСМ

Набавените 69 возила на итната медицинска помош, до кои се сликаше Никола Тодоров, немаат приклучок за инкубатор за бебиња, па бебињата за кои е потребна итна интервенција се превезуваат со стари возила кои често се расипуваат, обвинија денеска од СДСМ. - Откако завршија два човечки животи во возило на итната медицинска помош, кое се расипа на патот од Крива Паланка...

Возач загина во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа околу 21.15 часот се случи на магистралниот пат Охрид - Струга, во близина на бензиската пумпа „Бесјани“. Станува збор за Благоја Р. (37) од струшкото село Мороишта, кој веднаш по несреќата со возило на итна помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сообраќајната незгода...

Жена загина во сообраќајна несреќа на влезот во Штип

Во сообраќајна несреќа на влезот во Штип загина 65-годишна жена од селото Тераници, општина Чешиново - Облешево. Жената се превезувала со синот во возило „опел тигра“, кога во него удрил „џип чироки“, со бугарски регистарски таблички, сопственост на возач од Пехчево. „Несреќата се случила вчера попладне во 16.40 часот кај селото Чардаклија. Од ударот „опелот“ се запалил, но пламенот набргу бил...

Пустош во Ченто по невремето: Скокале од балкони за да се спасат од поплавите

Возило на Итната медицинска помош само што изнесе средовечна жена од нејзиниот дом во населбата Ченто, која, како што раскажуваат членови на нејзиното семејството, во обид да ја избегне поплавата во куќата, од синоќешното невреме, морала да скокне од балконот на првиот кат. Соседите велат дека состојбата на улицата Алија Авдовиќ била најстрашна. Поплавени се сите дворови и подруми, а...

Судењето за настаните во Диво Насеље ќе паузира еден месец

Судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година, ќе има пауза од околу еден месец, а следното рочиште е закажно за 6 септември, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. И следното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста и нема да им биде дозволено на новинарите да го...

Итната помош дала „виза“ за рочиште за „Диво Насеље“, обвинетите немале повреди од ќотек

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово, од 9 и од 10 мај минатата година, и покрај интервенцијата на екипа на Итната помош, која била повикана откако шестмина обвинети се пожалиле на здравстени проблеми и на повреди, кои, наводно, ги добиле при транспортот од затворите каде издржуваат притвор. Поради...

Четворица загинати при пад на хеликоптер на романската итна помош

Во село на југот на Молдавија се урнал хеликоптер на романската итна помош, при што загинале четири лица. Според официјални лица во Молдавија, хеликоптерот се урнал поради магла, во близина на шума. Портпаролот на итната служба на Романија, Џорџ Ханган, изјави дека хеликоптерот пренесувал болно лице од тој регион во молдавскиот главен град Кишинев. Романија има договор со Молдавија за превоз на пациенти во итни случаи.

Греди од куќа затрупале двегодишно дете во Кочани

Двегодишно дете од населбата Оризари во Кочани го загубило животот откако околу 14 часот се скршиле гредите од руинираниот дел на куќата и паднале врз него, затрупувајќи го, информираат од полицијата. Екипи на итната медицинска помош, локалната противпожарна бригада и на полицијата, кои пристигнале на местото, заедно со жители на населбата почнале со расчистување на урнатините за да го пронајдат...

Десетина повредени при судир на градски автобуси во Аеродром

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи во населбата Аеродром, при судир на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватен градски автобус, кој сообраќа на линијата со број 23. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека кај нив во 8 часот била пријавена сообраќајната несреќа на булеварот Јане Сандански, спроти трговскиот центар „Три бисери“. Засега не...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...