fbpx
Таг: Гватемала

таг: Гватемала

Загинаа најмалку 25 лица, уништени цели села во ерупција на вулкан во Гватемала

Најмалку 25 лица загинаа, а стотици се повредени во најсилната вулканска ерупција во последните пет децении во Гватемала. Вулканот Фуего, што се наоѓа на околу 40 километри југозападно од главниот град Гватемала, исфрла камења, црн чад и пепел на небото. Лавата буквално го прекри селото Ел Родео, при што голем број од жртвите загинале во своите домови. Главниот аеродром во главниот...

Силен земјотрес во Мексико и во Гватемала

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди мексиканскиот брег во близина на сојузната држава Чијпад, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами. Како што соопшти американскиот Геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил на осум километри југозападно од Тахимулка, во Гватемала. Засега нема информации за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета. Од Пацифичкиот центар соопштија дека не е издадено...

При судир во затвор во Гватемала загинаа 13 затвореници

Најмалку 13 затвореници загинаа во судир во затвор во Гватемала, меѓу кои и поранешен војник осуден за убиство на католички бискуп пред речиси две децении. Војникот Бајрон Лима бил еден од најмоќните фигури во затворскиот систем во Гватемала. Тој за убиството на бискупот Хуан Херардиј бил осуден на затворска казна од 20 години. - Помеѓу загинатите е Бајрон Лима, кој беше...

Гватемала: Осум загинати во бунт во затвор

Најмалку осум затвореници загинаа, а 24 се повредени во бунт во затвор во Гватемала, кој избил за време на новогодишната ноќ, јавуваат денеска локалните медиуми. Бунтот во затворот во североисточниот град Пуерто Бариос, според затворските власти, најверојатно избил по неуспешниот обид за бегство. Во затворот, во кој е предвидено да се сместат 146 осуденици, има 944 затвореници. За време на бунтот...

Гватемала: Шест загинати во тепачка во затвор

Шест лица загинаа, а неколку се ранети во тепачка во затворот во Гватемала, јавуваат властите. Заменик-министерот за внатрешни работи, Елмер Соса, рече дека полицијата и војската интервенирала по инцидентот и ги осигурала другите затвореници. Портпаролот на затворскиот систем, Руди Ескивел, рече дека е потврдена смртта на шест затвореници. Според него, предвидено е во затворот да издржуваат казна 600 лица, а во моментот...

Комичар избран за претседател на Гватемала

Комичарот Џими Моралес освои мнозинство гласови на претседателските избори во Гватемала, јавуваат светските медиуми, наведувајќи дека новиот претседател нема никакво политичко искуство. Од пребројаните 94 отсто од гласовите, Моралес освоил 68,98 отсто, додека неговата ривалка, поранешната прва дама, Сандра Торес, освоила 31,02 отсто од гласовите, соопшти Врховниот изборен суд на Гватемала. Во првиот изборен круг, Моралес освои 23,85 отсто, а Торес...

Бројот на загинатите во Гватемала достигна 237

Најмалку 237 лица загинаа во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити, при одрон на земјиште што се случи минатата недела. Во местото Санта Катарина Пинула, на југоисточнот дел на Гватемала Сити, дожд предизвика лизгање на земјиштето, по што огромна маса земја, камења и дрва се сруши врз станбена населба во која беа уништени 125 куќи. Како што соопштија официјалните лица, уште...

Сè поголем бројот на загинатите во Гватемала

Најмалку 131 загинат и 300 исчезнати е последниот биланс од несреќата во Гватемала, кога свлечиште затрупа село во близина на главниот град Гватемала Сити, соопштија локалните власти. - За жал, според новите пребројувања, извлековме 131 тело – соопшти синоќа Хулио Санчез, портпарол на службата за спасување на местото на катастрофата. Спасувачите синоќа, исто така, ја прекинале потрагата поради поројниот дожд, но...

Во Гватемела бројот на мртви при одронот на земјиште се искачи на 86

Најмалку 86 лица го загубија животот при одрон на земјиште врз повеќе куќи во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Се проценува дека околу 350 луѓе сè уште се водат како исчезнати и се стравува дека бројот на жртвите во несреќата може да биде многу поголем, со што оваа несреќа би била најтрагична природна катастрофа во Централна Америка...

Во одрон во Гватемала загинаа 30 луѓе, а затрупани се повеќе од 100 лица

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 600 се водат како исчезнати кога рид висок околу 100 метри се срушил во село во предградието на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Членовите на семејствата пријавиле околу 100 исчезнати, но се стравува дека исчезнале и до 600 лица затоа што лавината од кал и од камења се срушила на најмалку 100...

Судот во Гватемала нареди апсење на претседателот

Да се уапси претседателот Ото Перез, поради сомнежи за корупција, нареди судот во Гватемала. Во вторникот парламентот го укина неговиот имунитет по повеќемесечната криза што ја погоди земјата поради обвинувањата за корупција против 64-годишниот пензиониран генерал, кој во 2012 година беше избран за претседател токму поради најавите за борба против криминалот и корупцијата. Главната обвинителка на Гватемала, Телма Алдана, синоќа преку „Твитер“ објави дека...

По одлуката за повисоки плати на УКИМ и професорите на останатите јавни универзитети бараат повисоки плати

Вработените во Универзитетот во Тетово денеска излегоа на протест поради непотпишувањето на Колективниот договор од страна на Собранието за зголемување на платите како на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“....