fbpx
Таг: граница

таг: граница

Словенија го пушти возот со 150 бегалци

Словенечката полиција ги пушти 150-те бегалци што со воз од Хрватска дојдоа до границата за да влезат во земјата. Трите вагони со бегалци вчера беа исклучени од композицијата, а полицијата претходно соопшти дека ќе ги врати бегалците во Хрватска. Возот со околу 150 мигранти што словенечките власти го запреа вчера во Добова, на границата со Хрватска, сепак влезе во Словенија иако бегалците ги...

Словенија воведува привремени гранични контроли

Словенија ќе воведе привремена погранична контрола на својата граница со Унгарија поради бегалската криза, изјави денеска премиерот Миро Церар. Словенија, која се граничи со Австрија, Италија и со Хрватска, се подготвува за прилив на мигранти откако Унгарија ја затвори својата граница со Србија, поради што повеќе стотини мигранти се насочиле кон Хрватска. Бегалската криза утринава се префрли и во Хрватска, откако...

Владата не расправала за ограда на границата со Грција

Подигнувањето ограда на границата со Грција и евентуалното испраќање војска досега не било разгледано на седница на Владата, дознава „Мета“ од високи владини извори. Од Владата, исто така, засега нема најава за продолжување на вонредната состојба на јужната граница со Грција. Владиниот извор вели дека македонската влада ќе дејствува во согласност со политиката на ЕУ и засега не размислува за...

И Австрија воведува контрола на границите

Австрија ќе воведе привремени гранични контроли, соопшти денеска австриската министерка за внатрешни работи, Јоана Микл-Лајтнер. Таа истакна дека Виена, исто како и Германија, поради актуелната бегалска криза, ќе воведе „привремени гранични контроли“. Микл-Лајтнер, која престојува во Брисел, објасни дека за тоа веќе е информирана и Европската комисија. - Ние ќе дејствуваме како Германија – рече таа. Австриската министерка рече дека граничните контроли ќе...

Чешка испрати дополнителни сили на границата со Австрија

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека неговата земја испратила дополнителни полициски сили на границата со Австрија за да го ограничи бројот на бегалци што влегуваат во Германија. - Мерката е воведена за да се спречи кршење на законите и на правилата во шенгенската зона - рече Соботка, додавајќи дека чешката влада редовно ја проценува ситуацијата и доколку биде потребно, ќе воведе нови мерки. Чешка го заостри обезбедувањето...

Во Минхен исполнети капацитетите за прием на бегалци

Вкупно 12.200 бегалци стигнале вчера во Минхен, а утринава околу 700 стигнале на главната станица. Портпаролот на германската полиција денеска предупреди дека капацитетите во Минхен, главната точка за влегување на бегалците во Германија, се преполни. Возови ги пренесуваат бегалците до други делови од земјата. Во меѓувреме, приливот на бегалци во Унгарија достигна нов рекорд вчера, кога повеќе од 4.000 луѓе влегоа во...

СДСМ: Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија

„Никола Груевски и неговите следбеници, како Никола Попоски, знаат само да поставуваат огради и да креваат ѕидови. Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија“, велат од СДСМ. „Очигледно, власта на Груевски нема капацитет да се справи со бегалската криза и не може да обезбеди сигурен транзит на мигрантите низ државата. Штрајкот на машиновозачите, поради неисплатени...

МНР ја преведе изјавата на Попоски за оградата

Министерството за надворешни работи на Македонија денеска излезе со превод на изјавата за оградата на границата, на министерот Никола Попоски, дадена во интервју за унгарскиот неделник „Фиѓело“. Според МНР, Попоски за неделникот го изјавил следното: „Очигледно и кај нас ќе треба некаква физичка заштита за да го намалиме нелегалното преминување на границата. Тешко е тоа да се постигне за кратко...

Австрија го затвори автопатот на границата со Унгарија

Австрија утринава го затвори автопатот А4 на границата со Унгарија од безбедносни причини, додека десетина мигранти пеш се движат по патот кон Виена, соопшти портпаролот на полицијата во источната област Бургенланд. Околу 8.000 лица вчера влегоа во Австрија, а дополнителни 3.600 по полноќ, соопшти портпаролот.

Величковски: Попоски нека си го оградува партиското седиште, а не границата

Основно прашање денес е како Македонија може да помогне и како да се вклопи во европските напори и мерки за надминување на бегалската криза, а не како да постави жичена ограда на македонско-грчката граница, вели претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, по вчерашната изјава на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - Додека во Германија вчера беа соединети семејства на...

МНР ја проверува изјавата на Попоски за оградата

Министерството за надворешни работи сè уште нема информација дали министерот Никола Попоски во интервју за унгарскиот неделник „Фиѓело“ навистина рекол дека Македонија размислува да подигне ограда, слична на унгарската, за да ги заштити своите граници од бранот бегалци. - Сè уште чекаме верификација на изјавата – ни рекоа од МНР, притоа потврдувајќи дека министерот дал интервју за „Фиѓело“. Попоски во интервјуто вели...

Унгарската армија почна воена вежба на границата со Србија

Унгарската армија денеска почна воени вежби на нејзината јужна граница со Србија, како подготовка за евентуално нејзино вклучување во обезбедувањето на границата поради големиот наплив на мигранти. Будимпешта, како што веќе најави унгарскиот премиер, Виктор Орбан, планира да испрати војници како засилување на полицијата на јужната граница, каде илјадници мигранти секојдневно влегуваат во земјата од Србија. Предходно Унгарија постави ограда од...

Австрија ќе ги затвори границите за бегалци

Австрискиот канцелар најавува дека неговата земја ќе почне со затворање на границите откако викендов се соочи со наплив од 12.000 на бегалци, јавува британскиот весник „Индепендент“. Вернер Фајман рече дека мора да бидат укинати мерките договорени меѓу Австрија и Германија за прифаќање голем број бегалци од Унгарија. - Им помогнавме на повеќе од 12.000 лица во актуелната ситуација. Сега мораме, чекор...

Јолевски во посета на армијата на границата со Грција

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ, бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска во Гевгелија ќе ги посетат припадниците на АРМ, кои се ангажирани за асистенција на граничната полиција на границата на Македонија со Грција. За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Јолевски и...

Бугарските власти уапсија петмина осомничени терористи на границата со Македонија

Бугарските власти синоќа уапсиле пет лица осомничени за тероризам на граничниот премин Ѓуешево на границата со Македонија, јавуваат бугарските медиуми. Приведените се косовски државјани, возраст меѓу 20 и 25 години, јавува бугарската НОВА ТВ. Бугарските погранични власти потврдија дека петте странци се уапсени при обид да влезат во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), која раководи со истрагата, соопшти дека уапсените...

Унгарија ќе испрати 2.000 полицајци на српска граница

Поради рекордниот број на бегалци кои влегуваат во земјата, Унгарија денес најави дека на границата со Србија ќе испрати повеќе од 2.000 полицајци. Српско-унгарската граница во вторникот ја преминале 2.533 бегалци и тоа е најголем број на мигранти кои во еден ден влегле во Унгарија од Србија од почетокот на годината, соопшти унгарската полиција. - Заштитата на границата од 5 септември...

Македонија и Србија со заедничка зона за бегалците

Формирање на заедничка зона каде службениот пресонал заеднички ќе ги извршуваат своите обврски за да се намали времето на премин на патници и стока преку железничкиот граничен премин Табановце - Прешево, а истовремено и да се скрати времето на патување преку Коридорот 10. Тоа е новиот договор кој треба да се ратификубва помеѓу владите на Македонија и на Србија за утврдување на граничните...

Курц: ЕУ мора да и помогне на Македонија со мигрантите

ЕУ мора да помогне затоа што ситуацијата во Македонија е драматична, а земјата е оставена сама да се справува со големиот број мигранти, изјави денеска министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој е во еднодневна посета на Македонија каде со министерот за внатрешни работи, Митко Чавков го посети прифатниот камп за мигранти во Гевгелија. Тој напомена дека неопходен...

Бугарија распоредува војска на границите поради мигрантската криза

Бугарија ќе распоред припадници на армијата на границите со Македонија и Грција поради критичната состојба со мигрантите, соопштија бугарските власти. Како што јавувата медиумите од Софија, бугарското министерство за одбрана ќе предложи конкретни мерки кои ќе овозможат армија и полицијата подобро да ја обезбедуваат државната граница. Одлуката за распоредување на армиски сили е донесена на вчерашниот состанок во бугарското МВР,...

Либералите го поздравија дополнителното обезбедување на границата

Либералната партија го поздравува дополнителното обезбедување на јужната и на северната граница и истовремено ја повикува Владата да започне интензивна комуникација со европските и другите држави од регионот, „така што организираниот транзит на бегалците ќе гарантира нивен престој од најмногу 72 часа во Македонија до нивно безбедно заминување кон посакуваните дестинации во земјите од Европската унија“, соопштуваат од партијата. „Разбирливи...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...