fbpx
Таг: граница

таг: граница

Хелсиншки: Власта не се справува соодветно со мигрантската криза

Власта не реагираа соодветно за да се справи со бегалската криза, применува сила врз мигрантите, а на хуманитарните активисти не им дозволува да влезат во меѓузоната за да им помогнат на мигрантите, сметаат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму велат дека прогласувањето на кризна состојба во државата мора да се донесе со проценка на Центарот за управување со...

МВР за состојбата на границата: Се чека доаѓањето на припадниците на АРМ

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) во текот на денот се очекува да им се приклучат на полициските екипи кои ја обезбедуваат јужната граница откако Владата завчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба поради големиот наплив на мигранти. Како што соопштуваат од МВР, во земјава се дозволува влез на на лимитиран број илегални мигранти од поранливите категории кои...

Краус: УНХЦР не поддржува затворање граници и нема информации за насилства

УНХЦР не поддржува затворање граници на било која земја во светот, но засега нема информации дека границата е официјално затворена и чекаме потврда од надлежните власти – изјави за „Мета“ Александра Краус, заменик-претставник на УНХЦР за Македонија. Краус вели дека засега не знаат какви ќе видат последиците од ваквата одлука на владата и од распоредувањето армиски сили. - Ситуацијата во Гевгелија...

„Легис“: Прогласувањето кризна состојба е прерана и непотребна мерка

Прогласување на кризна состојба и распоредување на армијата на јужната и северната граница е прерана мерка за нешто што може да се постигне со подобра и поефикасна организација на властите, велат експеритете. Јасмин Реџепи активист и хуманитарен работник од невладината организација „Легис“ вели дека владината одлука за прогласување кризна состојба поради зголемениот прилив на мигранти во државата е непотребна и...

ЕК: Македонија има право да контролира кој влегува на нејзина територија

Во согласност со меѓународните закони, Македонија има право да ги контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да им забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите. Ова денеска преку го соопшти прес-службата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Комисијата знае за одлуката на Владата да прогласи вонредна ситуација во областите долж јужната и северната...

Полицијата употребила солзавец против група мигранти на македонската граница

Припадници на македонската специјална полиција употребилe солзавец за да ги потиснaт мигрантите кои се обиделе да влезат од граничната зона во Македонија, јави новинската агенција Ројтерс, пренесува „Радио Слободна Европа“ Македонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите, главно Сиријци кои доаѓаат од Грција. Тие ноќта ја минале на отворено на граничната зона меѓу Македонија и Грција.

Владата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

Владата на вчерашната седница поради зголемениот прилив на мигранти во државата донела одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница. Ова денеска на прес-конференција го соопшти помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, додавајќи дека согласно законските прописи за обезбедување на јужната граница ќе биде ангажирана и Армијата на РМ. Како што соопшти...

Давутоглу: Турција ќе ја зголеми безбедноста на границата со Сирија

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, соопштил и дал уверување дека Турција ќе ги зголеми безбедносните мерки на границата со Сирија по вчерашниот бомбашки напад во градот Сурук, во кој загинаа 30 луѓе, јавуваат медиумите. Турските истражни органи сметаат дека експлозијата била предизвикана од жена-самоубиец од редовите на Исламска држава (ИД). Во бомбашкиот напад, кој се случи вчера, настрада група млади активисти, кои...

Границата со Србија затворена за мигрантите

Српските власти одлучиле да ја затворат границата со Македонија, на Табановце, за мигрантите и тоа е сторено утринава околу 7 часот, пишува „Нова ТВ“ (novatv.mk). Објаснувањето на Србија за овој потег е дека во бегалскиот камп во Прешево повеќе нема место. Кампот е преполн и нема капацитет да прими нови мигранти. Србија вели дека границата ќе остане затворена сè додека кампот...

Оградата на унгарско-српската граница ќе биде завршена до ноември

Унгарија до 30 ноември ќе ја заврши изградбата на оградата долж границата со Србија, соопшти унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде. Градењето на оградата на границата меѓу Унгарија и Србија почна на 13 јули, седум дена откако парламентот го усвои законот. Локалните медиуми ја пренесоа изјавата на унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер, кој рече дека оградата е привремено решение,...

Почна делењето сообраќајно-едукативни летоци за граничните премини

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски, и со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, денеска на граничниот премин Табановце со делење летоци на возачите кои транзитираат или престојуваат во Македонија, ја почнаа сообраќајно-едукативна акција насловена „Летна кампања 2015 година. Како што соопштија од МВР,...

Унгарскиот парламент го усвои законот за подигнување ѕид на границата со Србија

Унгарскиот парламент со големо мнозинство ѝ даде поддршка на контроверзната политика на владата на премиерот Виктор Орбан кон мигратската криза со која се соочува Европа, пренесува ХРТ. Парламентот го усвоил законот кој предвидува изградба на 175 киметри долга и четири метри висока ограда на границата со Србија, која треба да ги запре илегалните премини на мигрантите во Унгарија. Најголем број од мигрантите...

Орбан: Лошата политика може да го зголеми бројот на мигрантите

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, изјавил дека лошата политика може да ја зголеми масовноста на миграцијата и токму од оваа причина тој одлучил да воведе цврста политика за заштита на границите. „Штитејќи ја Унгарија, ние ја штитиме Европската унија“, изјави Орбан во интервју за државното радио. Говорејќи за Грција, Орбан истакна дека во иста позиција би била и Унгарија доколку во...

МВР им издало потврди на 5.005 бегалци

За десет дена, откако стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди на 5.005 странски државјани, со кои им се овозможува 72 часа легално да престојуваат на територијата на државата, соопшти МВР. Измените на Законот, Собранието ги изгласа на 18 јуни, по скратена постапка, и стапија на сила уште наредниот...

Стотици миграни на границата молат за помош и за влез во Македонија

На самата граница помеѓу Грција и Македонија, на грчка територија, стотици мигранти со денови безуспешно се обидуваат да влезат на македонска територија, пишува „А1 он“. Под ведро небо, без храна и здравствена заштита, апелираат за помош. Грција бара да заминат од нејзина територија, а Македонија ги спречува да преминат илегално. - Нè третираат како животни. За какви човекови права зборуваат?...

Унгарија ќе подигне четириметарска ограда на границата со Србија

Унгарија ќе изгради четири метри висока ограда на својата граница со Србија за да го спречи бранот илегални имигранти што од Србија се обидуваат да влезат во Унгарија, изјави шефот на дипломатијата, Петер Сијарто. - Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои денеска се соочува ЕУ. Земјите од ЕУ бараат решение за овој проблем, но Унгарија не може да си дозволи...

Шилегов: Да се донесат конкретни решенија за мигрантите

Бараме надлежните државни органи итно да донесат конкретни решенија за проблемот со мигрантите, кој ескалира во Македонија. Најавените измени на Законот за азил не се решение. Проблемот е сериозен и повеќедимензионален, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на прес-конференција. - Ако се тргне од најновата ситуација поради катастрофално лошите услови за живот на згрижените мигранти, власта на Груевски уште еднаш...

ИД го зазеде и последниот граничен премин на Сирија

Џихадистите од Исламска држава го зазедоа последниот граничен премин меѓу Сирија и Ирак што го контролираше сириската влада, соопшти активистичката организација Сириски набљудувачи за човекови права. Владините сили, според податоците на организацијата, се повлекле од преминот Ал-Танф. ИД контролира повеќе од 95.000 квадратни километри од Сирија, што е 50 отсто од територијата на земјата.

Борисов: Војската е ставена на готовс поради ситуацијата во Македонија

Бугарската војска е распоредена на границите и е ставена на готовс доколку во Македонија се влоши ситуацијата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов. Бугарскиот премиер соопшти дека подготвени се специјални пунктови за македонските граѓани со бугарски пасоши, кои во случај да се влоши ситуацијата, ќе одлучат да заминат во Бугарија.

Експлозија во близина на турската граница со Сирија

Неколку лица се повредени при експлозија кај полициски пункт во турскиот град Суруч, во близина на границата со Сирија, јавуваат турските медиуми. Засега не се познати причините за експлозијата ниту, пак, има официјална потврда од турските власти.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...