понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Емануел Макрон | 143 резултати

Макрон: ЕУ мора да спроведе реформи за да се натпреварува со САД и Кина

јануари 25, 2018

Европската Унија мора годинава да спроведе реформи за да може да се натпреварува со светските сили како што се Кина и САД, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека на амбициозните земји, ЕУ мора да им овозможи напредок кон европската интеграција, дури и ако […]

Макрон: ЕУ мора да се промени за да може да се натпреварува

јануари 24, 2018

Францускиот претседател Еумануел Макрон на Светскиот економски форум во Давос рече дека Европската Унија оваа година мора да се реформира. Како што вели тој, само така ќе може да се натпреварува со големите сили како Кина и САД. Макрон рече дека „амбициозните“ членки на ЕУ треба да овозможат брзо движење кон поголема интеграција, дури и […]

Макрон: Британија би можела да има посебен договор со ЕУ

јануари 20, 2018

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Велика Британија би можела да постигне посебен трговски договор со Европската Унија после Брексит. Сепак, Британија нема да има целосен пристап до поединечни пазари без прифаќање на нивните правила. -Кога ќе одлучите да не пристапите со заеднички ЕУ предуслови, немате полн пристап. Британија би можела да има длабоки односи […]

Европската Унија почна борба против лажните вести

јануари 15, 2018

Во Европската Унија се формираше работна група која треба да придонесе во идентификување на лажните вести и која ќе предложи начини за решавање на тој проблем. Тие се загрижени дека, лажните информации би можеле да влијаат на изборот на членки на Унијата. Тимот од 39 луѓе, кои денеска го имаа првиот состанок, треба да утврди […]

Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

декември 6, 2017

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека дошол моментот кога Ерусалим треба официјално да биде признат како претстолнина на Израел. „Одлучен сум дека дојде време официјално да се признае Ерусалим како претстолнина на Израел. Тоа е најдобро и е во интерес на САД во процесот на решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“, изјави Трамп. Тој рече […]

Макрон не го покани Трамп на климатскиот самит во Париз

ноември 7, 2017

Француските власти соопштија дека претседателот на САД, Доналд Трамп, не е меѓу стоте светски лидери поканети да присуствуваат на климатскиот самит во Париз, закажан за следниот месец. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, планира на самитот да форсира своја агенда под мотото „Да ја направиме нашата планета повторно голема“. Тоа е алузија на слоганот на Трамп за време […]

Макрон најави историска посета на Иран

октомври 14, 2017

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Иран, што ќе биде прва посета на шеф на француска држава или влада на Техеран од 1971 година. Макрон во телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани потврдил дека Франција останува посветена на нуклеарниот договор и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Макрон би можел да […]

Макрон: Турција останува важен партнер на Европската Унија

септември 7, 2017

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Турција останува важен партнер на Европската Унија и оти врските треба да бидат сочувани и покрај тоа што земјата во последно време се движи во непосакуван правец. – Реално гледано, Турција се оддалечува од Европската Унија во текот на последните месеци и ја премина границата, на начини кои не […]

„Викиликс“ објави 21.075 мејлови од кампањата на Макрон

јули 31, 2017

„Викиликс“ објави 21.075 мејлови од претседателската кампања на францускиот претседател Емануел Макрон. Како што е соопштено на интернет-страницата на „Викиликс“, чиј основач е Џулијан Асанж, станува збор за архива која може да се пребарува и во која има 21.075 верификувани мејлови кои се однесуваат на претседателската кампања. Мејловите датираат од април 2009 до 24 април […]

Путин, Порошенко, Макрон и Меркел телефонски разговарале за Украина

јули 24, 2017

Лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија разговарале телефонски околу решение за конфликтот на истокот на Украина. Владимир Путин, Петро Порошенко, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел прво го слушнале извештајот на претставникот на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка во Украина за почитување на прекинот на оган. „Лидерите потоа […]

Франција предлага подобра контрола на муницијата на Балканот

јули 20, 2017

Франција на неодамнешниот самит за Западен Балкан во Трст предложила иницијатива што треба да овозможи подобра контрола на муницијата и на лесното вооружување во балканските земји. – Предложивме подобра соработка кога станува збор за складирање оружје и подобра контрола на лесното вооружување, што е водечки проблем во регионот. Сметам дека тоа е чекор напред во поглед на […]

Третото ракување на Трамп и на Макрон – „најчеличното“ досега

јули 15, 2017

На нивната прва средба, на 25 мај годинава на самитот на НАТО во Брисел, претседателите на САД и на Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон, имаа „двобој“ со две невообичаено долги ракувања. Во првото, Трамп грубо ја повлече раката на Макрон кон него. Второто, пак, беше цврст стисок од кој побелуваат зглобовите. Ни едниот ни […]

Трамп најави можност „нешто да се постигне“ околу Парискиот договор

јули 13, 2017

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој е во посета на Франција, на денешната заедничка прес-конференција со својот домаќин, францускиот претседател Емануел Макрон, најави дека „нешто може да се постигне“ во врска со Парискиот договор за климата, но не прецизираше што. „Нешто може да се случи во врска со Парискиот договор, но ајде да видиме што ќе […]

Трамп во дводневна посета на Франција

јули 13, 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пристига во дводневна посета на Франција, каде покрај средбата со францускиот колега Емануел Макрон, утре ќе присуствува и на парадата по повод францускиот државен празник, Ден на падот на Бастилја. Макрон свечено ќе ги пречека Трамп и неговата сопруга Меланија, по што е превиден состанок во Елисејската палата. Макрон и […]

Путин денеска ќе се сретне со Макрон, Меркел, Ердоган и со Јункер

јули 8, 2017

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Хамбург ќе има низа билатерални состаноци на маргините на самитот на Групата 20 индустриски развиени земји – Г20. Путин најпрво ќе разговара со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел, а потоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод […]

Макрон: Наесен ќе се укине вонредната состојба

јули 3, 2017

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека наесен ќе ја укине вонредната состојба во Франција која е на сила од терористичкиот напад во земјата во ноември 2015 година. – Повторно ќе воспоставам слобода во Франција со укинување на вонредната состојба наесен затоа што тие слободи се услов за постојаност на една силна демократија – изјави Макрон. […]

Со победата на парламентарните избори во Франција, засилен подемот на Макрон

јуни 19, 2017

Политичкиот подем на младиот француски претседател Емануел Макрон дополнително се засилува по победата на неговата центристичка коалиција на парламентарните избори во Франција, чиј втор круг се одржа вчера. Со 350 пратенички места од вкупно 577, коалицијата формирана од партијата на Емануел Макрон, Републиката напред (РЕМ), инаку формирана пред отприлика една година, и Демократското движење (Модем) […]

Партијата на Макрон победува на парламентарните избори во Франција

јуни 18, 2017

Најголем број гласови на парламентарните избори во Франција, односно во нивниот втор круг, кој се одржа денеска, има левоцентристичката партија Републиката напред, на актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон, и нејзиниот центристички коалициски партнер Модем. Според првичните резултати, тие освоиле 355 места од вкупно 577 места во парламентот, велат проекциите на Ипсос, според нецелосните резултати.

Прв круг на парламентарни избори се одржува денеска во Франција

јуни 11, 2017

Прв круг на парламентарни избори денеска се одржува во Франција, каде што 47 милиони Французи ќе излезат на гласање на 66.546 избирачки места. Аналитичарите предвидуваат дека првпат по 60 години може да бидат поразени и левицата и десницата, кои досега беа традиционални партии во оваа држава. Според досегашните анкети, центристичката партија на новиот претседател на […]

Макрон се сретна со Путин, ќе разговараат за Украина и за Сирија

мај 29, 2017

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска во Париз се сретна со новиот француски претседател, Емануел Макрон. Макрон го повика Путин да учествува на инагурациската изложба, која во Париз се одржува по повод 300-годишнината од дипломатската посета на Петар Велики на Франција во 1717 година. – Ја почитувам Русија, а претседателот Владимир Путин го повикав во рамки […]

Страна 6 од 7