fbpx
Таг: Доналд Трамп

таг: Доналд Трамп

Започнува Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон

Во Лондон започна Северноатлантскиот совет (NAC) на шефовите на држави и/или на влади, на кој учествува и премиерот Зоран Заев, министерката Радмила Шекеринска и министрите Бујар Османи и Никола Димитров. Заев, се сретна и разговараше со премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Шпанија, Педро Санчез и канцеларката на Германија, Ангела Меркел. „Лидерите на овие земји сојузници на Македонија изразија целосна...

Трамп, ама за ајкулите

Твитер е несомнено омилената социјална платформа на претседателот на САД, Доналд Трамп. Во последните неколку денови, по поднесеното барање за негов импичмент, на неговиот Твитер профил Трамп има објавено 100-тина твитови и ретвитови. Во овие негови објави тој на своите следачи им објаснува за разговорот со украинскиот претседател и споделува твитови од неговите поддржувачи. Сепак она што најмногу ја привлече...

Грета ја исмејуваа и навредуваа откако повика на акција против климатските промени

16-годишната Грета Тунберг од Шведска од неодамна стана лицето на борбата против климатските промени. На 23 септември таа одржа говор на Климатскиот самит на Обединетите нации во Њујорк. Нејзиниот емотивен говор во кој таа ги повика лидерите на светот да превземат акции кон спречувањето на климатските промени, го подели светот. https://www.youtube.com/watch?v=u9KxE4Kv9A8 Од една страна зад неа застанаа голем број поддржувачи...

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести беше агенцијата Мета.мк. “It’s easy to manipulate passionate people.” Welcome to Veles, North Macedonia, where fake...

Трамп му пиша на Заев: Ви честитам за лидерството и посветеноста за Договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев вчера добил писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој во име на американскиот народ, честита за ратификацијата и имплементацијата на договорот од Преспа и нагласува дека Северна Македонија е голем партнер на САД, информираат од владината прес-служба. „Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство. Преку Вашите напори со...

Трамп до поддржувачите: Ваша грешка ќе биде ако ме отповикаат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на предизборен митинг во Билингс, главниот град на државата Монтана, вчера повторно се наврати на кампањата за негово отповикување од функцијата, велејќи дека ако до тоа дојде, виновни ќе бидат неговите поддржувачи што не гласале. На митингот на Мет Розендејл, кој е противкандидат за место во Сенатот на сегашниот сенатор од Демократите, Џон Тестер, Трамп...

Трамп му честиташе на Иванов: Договорот од Преспа го поплочува патот до НАТО и ЕУ

Договорот од Преспа го поплочува патот на Македонија до членството во НАТО и Европската Унија, му порачува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорге Иванов во честитката за Денот на независноста - 8 Септември. Трамп упати честитки и до граѓаните на Македонија. „Македонија има многу причини да биде горда за годинава. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот...

„Њујорк тајмс“ објави непотпишана колумна против Трамп од функционер на Белата куќа

Во редок преседан за најголемите американски весници, „Њујорк тајмс“ објави анонимна колумна од висок функционер во администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој вели дека заедно со многумина други, тој потајно работи за да спречи многу штетни политики на Трамп. Колумната има наслов „Јас сум дел од движењето на отпорот внатре во администрацијата на Трамп“. Анонимниот колумнист вели дека „Трамп...

ЕУ и САД ја прекинаа трговската војна

Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер се договорија дека „ќе ја прекинат трговската војна“ и ќе почнат преговори за отстранување на пречките во трговијата. „Ова е голем ден за слободната трговија. Веднаш ќе почнеме со преговорите, но добро знаеме во која насока одат“, изјави Трамп по состанокот со Јункер во Белата куќа. Тој додаде...

Европската унија и Јапонија потпишаа договор за слободна трговија

Договорот за слободна трговија кој го потпишаа Европска унија и Јапонија претставува „јасна порака против протекцинизмот“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во Токио, алудирајќи на американските царински тарифи кои ги воведе претседателот на САД, Доналд Трамп. „Покажуваме дека сме многу силни и во подобра позиција кога работиме заедно“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Договорот помеѓу...

„Ројтерс“: Трамп напаѓа на самитот, состанокот продолжи без Авганистан и Грузија

На главниот настан од самитот во седиштето на НАТО денеска, претседателот на САД, Доналд Трамп, одново ги нападна членките на НАТО поради тоа што не ги зголемиле трошењата за одбрана, по што самитот на претседателите на земји и на премиерите продолжи зад затворени врати, а покрај комплетните делегации на Авганистан и Грузија биле замолени да излезат и другите членови...

Трговската војна помеѓу САД и Кина се повеќе се заострува, Трамп воведува нови царини

Соединетите Американски Држави направија нов список на увозни кинески производи во вредност од 200 милијарди долари годишно на кој од септември би можела да биде воведена царина, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер. Владата на американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми притисокот во трговската војна против Пекинг минатата недела и воведе данок на 34 милијарди долари увоз од Кина, во...

Туск: САД немаат подобар сојузник од Европската унија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го повика американскиот претседател Доналд Трамп наместо секојдневно да ја критикува Европа, да ги почитува своите сојузници. По потпишувањето на новиот договор за соработка помеѓу ЕУ и НАТО, Туск изјави дека САД нема, ниту ќе има подобар сојузник од Европа. Американскиот претседател, Доналд Трамп ги повика членките на НАТО, да ја исполнат обврската за издвојување...

ЕУ со реципрочни мерки кон САД, воведува царина за американски производи

Европската унија соопшти дека од јули почнува со воведување царини на увоз на американска стока, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увоз на челик и на алуминиум од Европа. – Листата на американски производи за кои ќе се воведе царина ќе биде готова овој месец и ќе се применува од почетокот на јули,...

Земјите погодени од одлуката на Трамп за оданочување на челикот, најавија контрамерки

Европските лидери реагираа остро на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, за воведувањето на данок на увоз на челик и алуминиум од земјите-членки на Европска унија, Канада и Мексико. Земјите кои се погодени од оваа одлука, која денеска стапува на сила, најавија контра-мерки. Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со Трамп, овие даноци ги опшал како „илегални“. Макрон исто...

Трамп планира да воведе царина на челикот и алуминиумот од земјите-членки на ЕУ

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп планира да воведе царина на увозот на европски челик и алуминиум, бидејќи не се добиени отстапки од Европската унија, пренесуваат светските агенции. Дополнителниот рок за воведување на царинска казна на челик и алуминиум истекува утре, бидејќи САД претходно ги продолжија преговорите со ЕУ за 30 дена. Американскиот претседател во март најави дека САД ќе воведат царина од...

Кина воведе царина од 25 отстo на 128 американски производи

Кина воведе царина од 25 отсто на 128 американски производи вклучувајќи ги и свинското месо и виното, како реципрочна мерка на САД за царината за увоз на челик и алуминиум од Кина. Зголемувањето на царината стапува на сила денеска и ќе влијае на увозот кој изнесува околу три милијарди долари. Пекинг информира дека овој потег ќе ги заштити кинеските интереси и...

Трамп го разреши Тилерсон, нов државен секретар е шефот на ЦИА, Мајк Помпео

Актуелниот директор на aмериканската разузнавачка служба ЦИА, Мајк Помпео, ќе биде нов државен секретар на САД и ќе го замени Рекс Тилерсон. Ова го објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Твитер“ и додаде дека Помпео извонредно ќе ја врши работата. Тој истовремено му се заблагодари на Тилерсон. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/973540316656623616 Американскиот претседател за нова директорка на ЦИА ја назначи досегашната заменичка на...

Трамп ја прифати поканата да се сретне со Ким Јонг-ун

Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун и американскиот претседател, Доналд Трамп ќе се сретнат лично во мај откако Трамп ја прифати поканата за средба но напомена дека санкциите за Северна Кореја ќе останат. Чунг Еуи-Јонг, специјалниот советник за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореја, кој пред неколку дена имаше средба со Ким во Пјонгјанг, на Белата куќа ѝ ја пренесол пораката...

Кочовски: Македонскиот челик не е директно погоден од тарифите кои ги најави Трамп

Најавата за воведување на увозни тарифи за челични и алуминиумски производи од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за Соединетите Американски Држави нема најдиректно да ги погоди македонските производители, бидејќи тој пазар не им е таргет, изјави за „Мета“ претседателот на Здржението на металургија при Стопанската комора на Македонија и директор на „Макстил“, Митко Кочовски. Но како што објасни, со воведувањето на овие...

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Преспанскиот договор има извесна „сива зона“ која може да се толкува различно и токму затоа е направен така, со цел да се чита пошироко за да постои пристап на...