fbpx
Таг: директор

таг: директор

Иванов за шеф за разузнавање го именуваше специјалистот за психолошко војување Иванов

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска за нов директор на Агенцијата за разузнавање (АР) го именуваше Зоран Иванов, откако на досегашниот, Наќе Чулев, му истече мандатот, соопштија од кабинетот на Иванов. Зоран Иванов досега ја извршувал функцијата началник на военото разузнавање во рамките на службата за воена безбедност и разузнавање. „Тој е професионален кадар на Министерството за одбрана и активен воен...

СДСМ Прилеп поднесе кривична пријава против директорот на прилепската гимназија

СДСМ Прилеп денеска поднесе кривична пријава во Основното јавно обвинителство Прилеп, против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, за кој велат дека извршил тешка злоупотреба на службената положба и овластувања. - Наместо да ги заштити децата од партиски злоупотреби, што му е должност, Николоски самиот, преку партиски говори во гимназијата, ги поттикнувал учениците на протести, на кои се...

Уапсен директорот на авиокомпанијата чиј авион се урна близу Меделин, Колумбија

Боливиските власти го уапсиле директорот на авиокомпанијата „Ламија“, чиј авион се урна во Колумбија, при што загинаа 71 лице, вклучувајќи го и речиси целиот фудбалски тим од Бразил - „Шапикоенсе“, јавуваат светските агенции. Директорот на боливиската чартер-авиокомпанија „Ламија“, Густаво Варгас, бил уапсен ноќеска, а обвинителот Иван Кинтанила, инаку член на меѓународната комисија задолжена за истраги на несреќи, за медиумите соопштил дека...

Директорот на ЦИА до Трамп: Не чепкај го договорот со Иран и внимателно со Русија

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, го предупреди новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ставањето крај на договорот меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран би било „катастрофално“ и „врв на глупоста“. Ваквиот став, Бренан го истакнува во интервју за „Би-би-си“, во кое исто така го советува Трамп да биде претпазлив во односите со...

Укинат притворот на директорот на косовската полиција

На регионалниот директор на косовската полиција, Нехат Тачи, укинат му е притворот во кој се наоѓаше од 29 септември. Неговиот адвокат Владимир Гајиќ за телевизија Н1 изјави дека Тачи вчера добил решение за продолжување на притворот кое судот го донел во петокот, но поднел жалба, а жалбата денеска му е усвоена. Тачи, командирот на косовската полиција за јужниот дел на...

Кристалина Георгиева е назначена за главен и извршен директор на Светска банка

Поранешната еврокомесарка за хуманитарна помош и за вонредни ситуации, Кристалина Георгиевa, денеска е назначена за главен извршен директор на Светска банка. - Европската комесарка за буџет на ЕУ и потпретседателката на Европската комисија, Кристалина Георгиева од Бугарија, поднесе оставка на таа функција во Брисел за да стане извршен директор на Светска банка – се наведува во соопштението на Комисијата, а...

Почина Гевин Мекфејден, менторот на Асанж и директор на „Викиликс“

Директорот на „Викиликс“ и ментор на основачот на интернет-страницата, Џилијан Асанж, Гевин Мекфејден, почина на 76-годишна возраст, објави Центарот за истражувачко новинарство, чиј основач е Мекфејден. Од организацијата засега не ја наведуваат причината за смртта на Мекфејден. На социјалната мрежа „Твитер“ на профилот на „Викиликс“ беше објавено дека Мекфејден, освен што му бил ментор на Асанж, бил и него најблизок пријател...

Агрон Буџаку ќе биде нов директор на Центарот за управување со кризи

Поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи. Ваква одлука била донесена на владина седница одржана во петокот. Тој доаѓа на местото на неговата сопартијка од ДУИ, досегашната директорка Сузана Салиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата заменик на народниот правобранител. Буџаку беше и првиот директор на Центарот за управување со...

Зоран Трајчевски: Имам притисоци од повеќе страни, но нема да им подлегнам

Имам притисоци од повеќе страни, потврди за „Мета“ директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на прашањето дали политичките партии се обидуваат да влијаат врз него. - Имам притисоци од повеќе страни, но нема да подлегнеме и ќе работиме професионално и транспарентно како и досега - вели тој. Ад хок телото за назор на медиумите со три...

Судот му одреди притвор од 30 дена на директорот на косовската полиција

Вишиот управен суд во Ниш му одреди 30-дневен притвор на директорот на косовската полиција за регионот Косовска Митровица, Нехат Тачи. Тачи беше уапсен пред два дена, додека патувал кон Ниш за да присуствува на судски процес. Нехат Тачи (40) од Урошевац е уапсен на основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело тероризам.  

ИЗИИС забрани користење на неколку училници во училиштата во Скопје

Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) по препорака на Управувачкиот комитет за справување со кризи денеска ги посетуваше училиштата и градинките во Скопско за да ги увиди штетите и можните последици по серијата земјотреси од последните два дена. Како што дознаваме, тие посетиле повеќе објекти, а во некои училишта се забранети за користење дел од просториите. За вечерашниот...

Талески од куќен притвор распишал конкурс за директор на ЈКП „Нискоградба“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, од куќен притвор распишал конкурс за избор на директор на Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ од Битола. На интернет-огласникот „Најди работа“ на 3 септември е објавен оглас под број 670323, во кој стои дека градоначалникот на Општина Битола распишува јавен конкурс за избор на директор на ЈКП „Нискоградба“, Битола. Огласот трае до утре - 9 септември. Директорската...

Оливер Андонов ќе биде министер за внатрешни работи за еден ден

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог на Владата за нов министер за внатрешни работи. Андонов ќе биде министер за внатрешни работи само еден ден, до назначувањето на Оливер Спасовски од СДСМ, кој на ова место се враќа како дел од преодната влада, која почнува да функционира в сабота. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, потврди...

Директорот на Агенцијата за разузнавање крие стан од 90.000 евра, обвинува СДСМ

Директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Наќе Чулев, поседува луксузен стан, вреден околу 90.000 евра, кој не го пријавил во својот анкетен лист, обвини денеска СДСМ. Членката на извршниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Рената Јајоска, на денешната прес-конференција, пред зградата каде, како што рече, се наоѓа станот на Чулев, го покажа анкетниот лист на директорот на АР, изваден...

Директор на велешка гимназија обвинет за неправилно спроведена екскурзија

Велешкото Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против директор на средно училиште во градот, поради основан сомнеж дека сторил кривично дело несовесно работење во службата, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, обвинетиот директор се товари за неправилности во организирањето на екскурзија за учениците од трета година од училиштето. „По завршувањето на постапката за избор на најповолен понудувач за организирање...

Директор на основно училиште во Боговиње обвинува дека е бесправно разрешен

Емран Имери, кој неодамна беше сменет од функцијата директор на Основното училиште „Абдил Фрашери“ од Боговиње, денеска на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Општинаta, Хазби Идризи, го разрешил бесправно. - За моето разрешување нема никаква основа. Јас подолго време со градоначалникот на Боговиње комуницирав само службено. Се скаравме поради вработувања на мои и на негови блиски роднини. Потоа ни се расипаа...

Екстрадираниот Даневски бил уапсен при рутинска сообраќајна контрола

Поранешниот директор на Ветеринарната управа Зоран Даневски, од пред неколку дена е во штипскиот затвор, по негова екстрадиција од Бугарија каде се криеше од македонските власти кои го бараа со меѓународна потерница поради злоупотреби во агрокомбинатот „Џумајлија“, каде беше извршен директор. Во штипскиот затвор веќе една година се наоѓа неговиот постар брат, Слободан Даневски поранешен пратеник и градоначалник...

Запален автомобилот на директорот на затворот во Прилеп

Синоќа, засега непознати сторители се обиделе да го запалат автомобилот „дачија логан“ на директорот на затворот во Прилеп. Возилото, инаку, е сопственост на затворот. Кога видел дека возилото гори, директорот успеал да го изгасне пожарот, а од пламенот се оштетени хаубата и левата гума.

Уште двајца македонски бизнисмени во документите од Панама

Саво Станковиќ и Џон Јоновски се сопственици на фирми регистрирани во Панама, објави истражувачкиот тим на „Нова ТВ“. Саво Станковиќ е сопственик на македонската компанија „Хајтек корпорејшн“, произведувач на микронски печатени плочи, која почна како мал фамилијарен бизнис, а денеска е успешна компанија која оперира на европскиот и на американскиот пазар. Името Саво Станковиќ се појавува во документите од Панама...

Оливер Арсовски, нов директор на фестивалот „Охридско лето“

Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која ѝ заврши четиригодишниот мандат. Во периодот од 2007 до 2010 година, Арсовски беше директор на Македонската опера и балет, а двапати, во 2014 и во 2015 година, беше уметнички директор на фестивалот на забавна музика „Макфест“.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...