fbpx

Директор на велешка гимназија обвинет за неправилно спроведена екскурзија

-

Велешкото Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против директор на средно училиште во градот, поради основан сомнеж дека сторил кривично дело несовесно работење во службата, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Како што информираат оттаму, обвинетиот директор се товари за неправилности во организирањето на екскурзија за учениците од трета година од училиштето.

„По завршувањето на постапката за избор на најповолен понудувач за организирање на наведената екскурзија, на 7 април 2016 година, откако истиот ден училишниот одбор донел одлука за избор, обвинетиот на 8 април 2016 година склучил договор за организирање на ученичката екскурзија со избраниот најповолен понудувач, по што се упатени известувања до сите понудувачи за извршениот избор. Но, спротивно на одредбите од правилникот за начинот на организирање на ученичките екскурзии во средните учлилишта, откако почнал да тече рокот за жалба на неизбраните понудувачи, на 10 април 2016 година, односно само два дена подоцна, овозможил реализација на екскурзијата. За автобусите со кои заминале учениците, не бил доставен записник за извршен вонреден технички преглед, не постар од еден месец, а со автобусите управувале возачи кои поседувале лекарски уверенија за психофизичка способност за управување со датум постар од дозволените шест месеци“, стои во соопштението на Обвинителството.

Оттаму додаваат дека жалбите што ги доставиле другите понудувачи станале беспредметни, бидејќи екскурзијата веќе била реализирана.

„На овој начин, директорот несовесно постапил при вршењето на своите овластувања и должности, со што потешко ги повредил правата на други лица“, велат од Обвинителството и додаваат дека предметот е отворен по допрен глас и била спроведена истрага, во која биле сослушани поголем број сведоци и обвинетиот директор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...