fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Не е вистина дека различни серии од вакцината на „Фајзер“имаат различен состав

Во видеото паушално се тврди дека различни серии од вакцината на „Фајзер“ имаат различен состав и дека од одредени серии има процентуално повеќе починати пациенти. Вакцината на „Фајзер“ е иста во сите држави, се произведува во контролирани процеси и од националните влади и од интернационалните регулатори и од самиот производител.  Дополнително, ВАЕРС не смее да се користи како индикатор...

Порталб: Непотребна медиумска хиперболизација и глорификација на руска воена опрема

Ова е еден напис кој хиперболично и сензационално ја велича руската воена опрема. Насловот „Русија го претстави „Ѕверот на небото“: „Со ова ќе се справиме со Америка“ е типичен пример за непрофесионално новинарско известување, кое има за цел да предизвика заблуди во јавноста, пишува Порталб.мк. На 6 јануари 2022 година преку сензационален наслов, страницата “N-news Media” ги информира читателите дека...

Вистиномер: Во Австралија судиите не се ослободени од вакцинација

Судот во Викторија како независен од извршната власт, самиот се организира и самиот си носи одлука да одржува судења само кога сите учесници се целосно вакцинирани. Судиите не покажуваат отпор кон вакцинацијата. Фактот што владата на Викторија не е онаа што го наметнува задолжителното вакцинирање за судиите, туку тоа го прават тие самите, е тоа што во Австралија се...

Вистиномер: Не е точно дека првата одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии

Димитар Ковачевски сè уште не е премиер, за да може да одлучува за јавни набавки на Владата. Ковачевски мандатот за состав на Владата го доби на 30.12.2021 година, а собраниската седница за избор на нова влада е закажана за 15.01.2022 година, анализира „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На 12.01.2022 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја одлуката на Владата да распише...

Вистиномер: Народот боледува од омикрон варијантата на коронавирусот, а не од отровни вакцини

Не е вистина дека симптомите од омикрон варијантата на коронавирусот се нусефекти од „отровна вакцина“. Вакцините не содржат отрови, тие се сигурни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека бенефитот од вакцината далекусежно ги надминува несаканите ефекти. Омикрон сојот на коронавирусот е настанат со мутирање на вирусот при...

Вистиномер: Вакцините не се причина коронавирусот да мутира и лага е дека луѓето се разболуваат од вакцините

Вакцините не предизвикуваат да се разболите со коронавирусот, бидејќи ниту една одобрена вакцина не содржи активен вирус. Напротив, вакцината против ковид-19 ги заштитуваат граѓаните од тешка форма на болеста и ја намалува хоспитализацијата и смртноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири невистини дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат мутации на вирусот и дека...

Вистиномер: Новите соеви на вирусот не се предизвикани од вакцините

Сите научни докази говорат дека новите варијанти најмногу се шират помеѓу невакцинираните. Вирологот Фридеман Вебер од универзитетот „Јустус Либиг“ во Гисен е дециден дека невакцинираните лица се оние кои ја предизвикаат мутацијата на вирусот. Наспроти тврдењето во постот, научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате со коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел...

Вистиномер: Во Лерин имаше земјотрес, а не експлозија и детонации

Бесмислено е да се тврди дека во Лерин не се случил земјотрес, туку дека имало експлозија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ноќта на 09.01.2022 година бил регистриран земјотрес во близина на Лерин со јачина од 5.5 степени по Рихтер. Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, исто така, потврдија дека имаше земјотрес. Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, д-р Драгана Черних во изјава...

Вистиномер: Не е точно дека вакцинираните се „магнет“ за омикрон

Споделената данска студија во постот го тврди спротивното, односно дека зголемена трансмисија на омикрон сојот има повеќе кај невакцинираните лица во однос на вакцинираните. Најдовме зголемена трансмисија кај невакцинираните лица и намалена трансмисија кај лицата кои се бустер-вакцинирани, во споредба со целосно вакцинирани лица, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во пост на Фејсбук се изнесени...

Вистиномер: Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19 и...

Вистиномер: Лажна страница на КАМ маркети ги манипулира граѓаните дека ќе добијат ваучер од 5 илјади евра

Постот што го рецензираме, а во кој се тврди дека граѓаните ќе добијат 5 илјади евра од „КАМ маркет“ ако остават податоци на линкот во објавата, е лажен. Згора на тоа, злоупотребено е и официјалното име на компанијата за да се собираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи. Вистинската Фејсбук страница на „КАМ маркети“ има над 270 илјади...

ДЕМАНТ: При пречек на странски државници секогаш се интонираат кратките инструментални верзии на химните

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира дезинформациите дека намерно се изоставени одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија за време на посетата на бугарскиот премиер, Кирил Петков. Од Владата велат дека, согласно воениот и државен протокол, при пречек на странските државници на највисоко ниво секогаш и без исклучок Воениот оркестар на АРМ интонира инструментални кратки верзии...

Вистиномер: Рокот на употреба на вакцината на „Фајзер“ е продолжен од 6 на 9 месеци

Во ноември 2021 година МАЛМЕД објави писмо до здравствените работници во кое ги информира дека рокот на фајзеровата вакцина е продолжен од шест на девет месеци и дека новиот рок за употреба е одобрен и од европската агенција за лекови ЕМА. Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцините се безбедни и покрај новиот рок. Македонија не е единствената држава...

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек на оваа година, но...

Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот

Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од одлуки за поскапувања во енергетиката, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 04 јануари 2022 година објави соопштение преку кое...

Вистиномер: Не е доволно само да се вратите во Хрватска за да добиете 26.000 евра

Насловот што се споделува во постот на Фејсбук креира погрешна слика дека единствениот услов за добивање на финансиска стимулација е некој да се врати во Хрватска. Што не е точно. Хрватската влада неодамна предложи нови демографски мерки наречени „Ја избирам Хрватска“. Со нив се предвидува стимулација од 200 илјади куни или околу 26 илјади евра за повратниците од ЕУ....

Вистиномер: Имаше пренос во живо од судењето на Новак Ѓоковиќ во Австралија

Наспроти она што се тврди во постот кој го рецензираме, судењето во живо беше одржано. Поради големиот интерес на светската јавност за овој случај, австралискиот федерален суд реши да го емитува судењето во живо. Сите часови од долгото судење може да се погледнат на Јутјуб каналот на федералниот австралиски суд, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на...

Вистиномер: Не е точно дека во вакцините има течни кристали за контрола на умот

Не е вистина оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека Обединетите нации учествуваат во изградба на концентрациони логори. Освен тоа, небулозниот говор на лицето во видеото, според него, претставува...

Вистиномер: Граѓаните сè помалку им веруваат на институциите, на судството најмалку

Во изминатата 2021 година граѓаните покажаа голема недоверба во демократските институции, но и во други чинители во политичкиот живот на државата. Тоа, пак, придонесе кон верување на граѓаните во разни теории на заговор што се шират на социјалните мрежи и кои потенцијално може да бидат опасни и да го загрозат јавното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Над 80 организации го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите

Повеќе од 80 организации за проверка на факти од светот го повикаа Јутјуб подобро да се бори против дезинформациите коишто се шират преку видео содржините прикачени на оваа онлајн платформа. Глобалната коалиција на организации за проверка на факти посочува дека Јутјуб е главниот канал на онлајн дезинформации во светот, при што компанијата не прави доволно за да се справи...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...