fbpx

Вистиномер: Лажна страница на КАМ маркети ги манипулира граѓаните дека ќе добијат ваучер од 5 илјади евра

-

Постот што го рецензираме, а во кој се тврди дека граѓаните ќе добијат 5 илјади евра од „КАМ маркет“ ако остават податоци на линкот во објавата, е лажен. Згора на тоа, злоупотребено е и официјалното име на компанијата за да се собираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи. Вистинската Фејсбук страница на „КАМ маркети“ има над 270 илјади следачи, има вистински адреси од сите маркети, води до официјална веб-страница на компанијата, објавува голем број на летоци со ценовници и секојдневно има огромен интернет сообраќај, пишува „Вистиномер“ во својата проверка.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се вели дека „КАМ“ маркетите во државава доделуваат вредносни ваучери доколку корисниците на социјалната мрежа, односно оние кои се нивни фанови во групата на Фејсбук, исполнат неколку услови за добивање на ваучерите. Проблемот со овој пост е во тоа што се злоупотребува името на „КАМ маркети“, групата не е вистинска туку е лажна, а веќе има собрано над 7.500 членови. Постот е исклучително вирален, има добиено над 1.000 допаѓања и над 1.800 споделувања.

Денес, на почетокот на јануари, нашата продавница по случаен избор ќе подели купон од 5.000 евра на 100 луѓе.Напишете ги првите букви од вашето име и добијте подарок картичка со тоа име. Белешки; Споделете ја оваа објава и внесете го вашето име во колоната за коментари подолу, се вели во лажниот пост што го рецензираме.

Постојат неколку показатели дека страницата е лажна. Првиот е дека нема наведено официјална веб-страница од „КАМ маркети“, нема посочено официјална адреса на претставништвото на маркетот, фонтот со кој е испишано името е поинаков од оној на официјалната страница, нема многу голем број на следачи и има многу низок рејтинг од 1.2 ѕвездички од страна на корисниците.

Наместо адреса до седиштето на „КАМ“ маркетите, објавен е линк до страница која ги лаже посетителите дека се избрани за добитници на награда од 5 илјади евра. Дополнително од нив се бара да остават податоци кои се нивни лични, по што бесрамно се лаже, дека за 5 минути ќе ја добијат наградата. Оваа порака им стигнува на сите коишто ќе кликнат на линкот, а не само на 100 луѓе како што се тврди во лажниот наводно награден пост.

Интересно е да се забележи дека креаторот на лажната страница, за да добие на веродостојност, односно за полесно да ги изманипулира корисниците, има постирано и флаери од вистинските производи во КАМ маркетите со ценовници. Но, сето тоа е испомешано со лажни постови од никогаш недоделени награди во наградни игри. Страницата е прилично нова формирана на 14 ноември 2021 година.

Вистинската Фејсбук страница на „КАМ маркети“, пак, има над 270 илјади следачи, има вистински адреси од сите маркети, води до официјална веб-страница на компанијата, објавува голем број на летоци со ценовници, секојдневно има огромен интернет сообраќај. На оваа Фејсбук страница нема никакво условување на граѓаните да оставаат лични податоци за наводно да добијат 5 илјади евра.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот што го рецензираме, а во кој лажно се тврди дека граѓаните ќе добијат 5 илјади евра од „КАМ маркет“ ако остават податоци на линкот во постот, е лажен. Згора на тоа, злоупотребено е и официјалното име на компанијата за да се собираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи, за потреби на креаторот на лажната страница, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...