fbpx
Таг: бугарско вето

таг: бугарско вето

Европратенички и Никола Димитров со разочарување за бугарските блокади, Александар Јорданов среќен од „убавиот“ ден

По вкрстувањето на копјата меѓу поддржувачите на Северна Македонија и поддржувачите на тезите на Бугарија за историјата на вчерашната пленарна седница на Европскиот парламент (ЕП), кога се гласаше за Извештајот за Северна Македонија од известувачот - европратеникот Илхан Ќучук, од ЕП вчера попладне повторно разочарување од бугарската блокада на евроинтеграциите на земјава, заедно со изрази на солидарност и поддршка. Европратеничките...

Пендаровски: Не смееме да дозволиме негативни кампањи и теории на заговор против вакцинација од ковид-19

Пред почетокот на денешното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието на РСМ, сите присутни во салата со едноминутен молк им оддадоа почит на 2.169 граѓани кои ја загубија битката со корона вирусот. Пендаровски им се заблагодари и на лекарите, на медицинскиот персонал и на сите граѓани кои беа и сѐ уште се на првата линија на фронтот...

Опозицијата и власта на различен колосек по бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различни ставови по бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ. Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во интервју за „Студио 10“ на „24 ТВ“ денеска побара Собранието да усвои Меморандум во однос на идентитетските прашања, а покрај овој чекор, тој побара и формирање на експертска влада и организирање на нови предвремени парламентарни избори...

Заев обвини дека бугарското вето е неевропско однесување, за Захариева „вето“ е погрешен збор

Ветото на Бугарија, иако досега потврдуваше дека ги исполнуваме критериумите, е неевропски начин, неевропско однесување, а нејзиниот став е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ, порача премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до нацијата, откако вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ не го донесе посакуваното одобрување на преговарачката рамка за Северна...

Медлин Олбрајт: Бугарските барања за Северна Македонија се целосна трагедија

Мислам дека е целосна трагедија тоа што по долгото време потрошено на решавање на прашањето за името со Грците, Бугарите, заради поени на домашната политичка сцена, истакнаа такви барања за Северна Македонија, порача поранешниот Државен секретар на САД, Медлин Олбрајт, на седница на Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом (Долниот дом на Конгресот на САД). Таа одговараше на прашањето...

Амбасада на Холандија: Целосно неосновани и лажни се тврдењата дека Холандија го поддржа бугарското вето

Известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ се целосно неосновани и лажни вести, реагираше Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. „На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...