fbpx
Таг: Бразил

таг: Бразил

Ретроспективата на Манчевски во Бразил

Во Бразил почна ретроспективата на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Неговите филмови „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ ќе бидат прикажани како дел од едукативната и културна кино-дебата за човекови права (Human Rights Cinedebate) на бразилскиот Федерален универзитет на Рио Гранде до Сул. Ретроспективата почна со проекцијата на „Пред дождот“ на 26 август, а следуваат на 23 септемрви „Прашина“, на 21...

Бразилски бизнисмени осудени на 16 години затвор поради корупциски скандал

Двајца поранешни извршни директори на бразилскиот градежен гигант ОАС се осудени на 16 години затвор секој поради корупција, јавуваат светските медиуми. Според судот во Бразил, поранешниот претседател на ОАС, Хозе Алдемарио Пињеиро, и Агенор Медеирос биле вмешани во големиот корупциски скандал со државната нафтена компанија „Петробрас“. Покрај нив, во случајот, на помали затворски казни се осудени уште тројца, исто така,...

Турција го повика амбасадорот од Бразил поради ерменскиот геноцид

Турција го повика својот амбасадор во Бразил на консултации, откако бразилскиот сенат усвои резолуција во која масакрот над Ерменците во Првата светска воја за време на Отоманското Царство е окарактеризиран како геноцид. Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека амбасадорот Хусеин Дириоз се враќа во Анкара на консултации поради, како што се наведува, бразилското „извртување“ на историјата. Турција негира дека...

Бразил: По 30 години е уапсен италијански мафијаш

Бразилската полиција соопшти дека вчера е уапсен шефот на италијанската мафија Паскали Скоти, кој 30 години е во бегство и е осуден за убиство на повеќе од 20 лица во 80-тите години на минатиот век. Педесет и шестгодишниот Скоти е уапсен во градот Ресифе на североистокот на Бразил, во заедничка операција на бразилската сојузна полиција и на Интерпол. Паскали Скоти пред судот...

Стотина повредени во протестот на бразилските наставници

Повеќе од стотина лица се повредени во судирите меѓу полицијата и просветните работници кои во бразилскиот град Куритиба протестираат поради измената на пензискиот систем. На снимките емитувани на интернет-страницата на локалниот весник „Газета де Пово“, прикажана е полицијата како испукува солзавец кон демонстрантите кои се приближуваат до зградата на парламентот на државата Парана, каде се одржуваше гласањето за имена на пензискиот систем...

Масовни протести против власта во Бразил

Десетина илјади луѓе протестираа против владата на улиците во повеќе градови во Бразил. Ова е втор ваков протест за помалку од еден месец, додека анкетите покажуваат дека претседателката Дилма Русеф, четири месеци откако го почна вториот мандат, има најниско ниво на популарност поради корупцискиот скандал со државната нафтена компанија „Петробрас“ и поради лошата состојба на економијата и падот на вредноста...

Во Бразил загинаа 50 туристи

Откако туристички автобус падна во провалија длабока 400 метри во Бразил, загинаа педесетина луѓе. Во автобусот, според организаторот на патувањето, имало околу 50 туристи, но полицијата претпоставува дека бројката е поголема. Несреќата се случила во државата Санта Катарина, во Јужен Бразил. Според првичните информации, возачот загубил контрола врз автобусот.

Бразил: 140 повредени при судир на два воза

Најмалку 140 лица се повредени откако синоќа два патнички воза се судрија во бразилскиот град Мескита. Како што јавуваат локалните медиуми, воз удрил во друг воз кој стоел на станица. Патниците се полесно повредени и се хоспитализирани во локалните болници. Железничките служби и регулаторната агенција „Агетрансп“ почнаа истрага за причините за несреќата.

Јозеф Сафра го купи Корнишон во Лондон

Бразилската банкарска група „Сафра груп“ (Safra Group) на милијардерот Јозеф Сафра, го купи најпопуларниот облакодер во Лондон, кој го нарекуваат Корнишон (Gherkin) за повеќе од 700 милиони фунти (1.11 милијарди долари) Облакодерот е  висок 180 метри и се наоѓа во главната финансиска област на Лондон,Делоит. Договорот става крај на шпекулациите дека странски државен инвестициски фонд ќе ја купи зградата проектирана од...

Бразил: Возач прегазил 15 лица пред црква

Најмалку две лица се тешко повредени, кога возач изгуби контрола над возилото и влета во група луѓе кои стоеле на тротоар пред црква во Сао Паоло. Возачот со полна брзина ја прегазил групата, во која имало најмалку седум деца, по што побегнал, соопшти полицијата, која сè уште трага по сторителот. Полицијата се сомнева дека лицети било под дејство на алкохол, а...