Најмалку 140 лица се повредени откако синоќа два патнички воза се судрија во бразилскиот град Мескита.

Како што јавуваат локалните медиуми, воз удрил во друг воз кој стоел на станица. Патниците се полесно повредени и се хоспитализирани во локалните болници.

Железничките служби и регулаторната агенција „Агетрансп“ почнаа истрага за причините за несреќата.