fbpx
Таг: безбедност

таг: безбедност

Паниката ги проретчи училиштата, МОН чека инструкции од кризниот комитет

Официјален став од Министерство за образование за затворање на училиштата нема, но и покрај тоа, голем дел од родителите самоиницијативно одлучуваат да не ги носат децата на училиште и во градинка. Според информациите на „Мета“ од терен, во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава се присутни половина или една третина од децата. Од Министерството за образование...

Шилегов: Мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува опасен по животот на граѓаните

Последните дождови покажаа дека „Скопје 2014“, мегаломанскиот проект на Никола Груевски, освен што е пералница за пари, станува реална опасност по безбедноста на граѓаните на Скопје, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој рече дека два дена екипите на комуналните претпријатија дежураат во „прескапо платените градби во центарот на Скопје и од нив вадат фекалии кои директно ја загрозуваат...

Вучиќ и Борисов разговарале за мигрантската криза и за регионалната безбедност

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и неговиот српски колега, Александар Вучиќ, телефонски разговарале за мигрантската криза и за безбедноста во регионот, објави кабинетот на српскиот премиер. Тие ја нагласиле потребата од зголемување на билатерална комуникација и на соработката за подобрување на безбедноста и мирот на граѓаните на двете земји. Кабинетот на Вучиќ соопшти дека други теми на разговор помеѓу премиерите биле соработката...

Локвенец: Граѓаните мора да бидат информирани дали има закани за безбедноста

Хари Локвенец, пратеник во Собранието и претседател на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразунавање и на Агензијата за разузнавање, денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека граѓаните мора да бидат информирани реално, точно и навремено за тоа дали навистина постојат закани за безбедноста на државата. Како што рече Локвенец, по изјавите на претседателот Ѓорге Иванов...

НАТО-форум за безбедност во Охрид

Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“. Форумот се одржува четврта година по ред, во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Германија и...

Охрид и Поградец заедно ќе набавуваат специјални пловила за безбедност на вода

Општина Охрид во соработка со Капетанијата на пристаништата изготви проект за набавка на специјални пловни објекти за безбедност на вода, за што средства ќе се бараат од ИПА-фондовите, информираат од секторот за туризам и за локален економски развој. Интерес за тоа покажал и албанскиот град Поградец, со кој Охрид заеднички ќе аплицира на следниот повик за распределба на средства од...

Во Кан забрането носење големи торби на плажа

Властите на францускиот град Кан им забранија на граѓаните и на туристите на локалните плажи да носат големи торби. Одлуката, како што велат, е од безбедносни причини и треба да спречи терористички напади. Градоначалникот на Кан, Давид Лиснар, изјави дека новата мерка овозможува да се спречи внесување „торби кои би можеле да содржат експлозив или оружје, а со тоа ѝ...

Штајнмајер: Трамп е закана и за американската и за светската безбедност

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, оцени дека републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, претставува закана за американската и за светската безбедност поради својата „политика на страв и на изолација“. Штајнмајер вели дека е загрижен поради, како што рече, двосмислените ветувања на Трамп. Тој ги посочува ветувањата на републиканецот дека „Америка повторно ќе ја направи силна“, како и...

Италија и Шпанија ја зголемуваат контролата на границите со Франција

Италија и Шпанија ќе ја зајакнат контролата на границите со Франција по вчерашниот напад во Ница, во кој 84 лица загинаа, а неколку десетици се повредени, откако возач на камион, полн со оружје и со гранати, влета на шеталиште. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, соопшти дека Италија ќе ги зголеми контролите на трите гранични премини кон Франција и...

Намалување на сивата економија и на несреќите на работно место бара ОРМ

Нови ефикасни решенија за намалување на повредите и на несреќите на работните места, воведување на системот на бонови при пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување и измени во Законот за трговски друштва, бара Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ). Во областа на безбедноста и здравјето при работа, ОРМ смета дека досегашната примена на законската регулатива во оваа област не ги...

СДСМ: Лошите и небезбедни патишта во земјава земаат многу човечки жртви

Поради погрешните политики на криминалната власт, Македонија загуби речиси 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ за инфраструктури проекти кои можеа да се инвестираат во патишта, железници, водоводи, канализации и во инфраструктура, велат од СДСМ. - Километар автопат во Македонија во моментов чини повеќе од километар автопат во земјите членки на ЕУ, како Бугарија, Хрватска, па дури и Данска. Во...

Могерини: На светот му е потребна силна Европа

Целисходноста, па дури и опстанокот на Европска Унија е под знак прашање како никогаш досега, а на европските граѓани и на светот им е потребна силна ЕУ, пишува високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, во авторски текст што го пренесува „Данас“. Таа додава дека изминатите неколку години Европа станала нестабилна и помалку безбедна, а кризите во рамките...

Викторија Нуланд утре во Скопје ќе се сретне со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

Помошникот државен секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе допатува во Скопје. Предвидено е таа да се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и од создавање...

Сообраќајната сигнализација во Тетово не функционира

Семафорите на булеварите Благоја Тоска и Индустриска во Тетово постојано се во дефект. Во делови од Тетово недостига и хоризонтална сигнализација. Граѓаните реагираат дека вакви пропусти ја доведуваат во прашање безбедноста на пешаците и на возачите. - Секоја недела се расипуваат семафорите. Тоа создава голем метеж низ градот и не се чувствуваме безбедни. Нема доволно обележани пешачки премини, затоа и често се случуваат...

Русија е подготвена да разговара со Турција

Русија е подготвена да разговара со турските власти на секое ниво, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесува „Спутник“. Според него, на Русите треба да им се овозможи да летуваат во Турција уште оваа сезона, но неопходно е да се реши прашањето поврзано со безбедноста. - Станува збор за тоа да им се помогне на нашите луѓе кои сакаат да летуваат...

Британски новинар незабележан ја поминал сигурносната зона на стадионот во Марсеј

Репортер на британскиот таблоид „Сан“ успеал да се инфилтрира во сигурносната зона на стадионот „Велодром“ во Марсеј без никој да го запре. Рос Кембел успеал незабележан да пројде до местото на стадионот каде никој не смее да има пристап без акредитација, наведувајќи дека на својот пат не наишол на ниту една проверка, иако француските власти уверуваат дека се преземени сите мерки...

Денеска почнува „Еуро 2016“ во Франција

Со натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и на Романија, денеска почнува Европското првенство во фудбал „Еуро 2016“, кое се одржува во Франција и ќе трае еден месец. На првенството учествуваат 24 европски репрезентации, кои ќе играат на 10 стадиони во Франција, на кои се очекува посетеност од околу 2,5 милиони гледачи. Организаторите на „Еуро 2016“ тврдат дека се преземени сите безбедносни мерки...

Уапсен маж на аеродромот во Келн кој ја нарушил безбедноста

Уапсен е мажот кој влегол на терминал 1 на аеродромот во Келн без безбедносна проверка, поради што се откажани голем број на летови и подигната е тревога. Сите летала се вратени на терминалите додека не се реши ситуацијата. Официјалните лица и вработените во аеродромот се уште немаат дадено официјални изјави по повод инцидентот.

Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак

Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак, каде се сретна со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, разговарајќи за политичките и за безбедносните прашања. Ова е првпат Бајден, како клучна личност од Белата куќа за односите со Ирак, да ја посети оваа земја од повлекувањето на американските сили во 2011 година, но ова е трета посета овој...

Даглас Лут: Нема да има проширување на НАТО во блиска иднина

Американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Лут, смета дека нема простор за проширување на НАТО во блиска иднина поради страв дека тоа би ја дестабилизирало Русија, пренесува „Ројтерс“. Оваа агенција наведува дека такво нешто би можело да ја разочара Грузија и голем дел од балканските држави, потсетувајќи дека во декември минатата година Црна Гора добила покана за членство. На безбедносен форум во Лондон, тој...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...