fbpx

Вучиќ и Борисов разговарале за мигрантската криза и за регионалната безбедност

-

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и неговиот српски колега, Александар Вучиќ, телефонски разговарале за мигрантската криза и за безбедноста во регионот, објави кабинетот на српскиот премиер.

Тие ја нагласиле потребата од зголемување на билатерална комуникација и на соработката за подобрување на безбедноста и мирот на граѓаните на двете земји.

Кабинетот на Вучиќ соопшти дека други теми на разговор помеѓу премиерите биле соработката во енергетиката и градењето гасовод помеѓу Србија и Бугарија.

Во последните пет дена бил зголемен бегалскиот притисок од Бугарија и од Македонија во Србија. За време на овој период, 1.044 мигранти се обиделе илегално да ја преминат српската граница. Од воспоставувањето на заедничките полициски и воени тимови на 22 јули, во Србија 6.470 мигранти се обиделе нелегално да ја преминат границата. За време на овој период, биле фатени и 45 шверцери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...