fbpx
Таг: автопат

таг: автопат

Автопатот Кичево – Охрид ќе чини поскапо, рокот за изградба пролонгиран

Крајниот рок за изградба на автопатот Кичево - Охрид ќе биде 30 јуни 2021 година, информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој додаде дека, потребата од продолжување на рокот за доизградба на овој капитален проект се јавува поради неусогласеност на проектната документација со реалните услови на теренот, како и променливата геологија на теренот која не одговара со онаа...

Формиран Советот за правосудство, „она на М“ засега не се продава, од догодина нема Кембриџ

Владата го формираше Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев. На денешната седница е утврден и составот на Советот. Во него ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, Јавниот обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен суд, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од...

За пругата до Бугарија одобрени 71,5 милиони евра

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека е ревидирана и одобрена Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамките на ИПА 2 програмата, и со неа за железничка и патна инфраструктура се обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори

Во врска со преименувањето на аеродромот и автопатот, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема иредентизам во актуелните имиња, се вели во соопштението на партијата. Од таму додаваат дека би било добро „граѓаните да слушнат дали одлуката на владата е дел од некоја поширока стратегија или повторно станува збор за еднострани постапки од кои Македонија нема никаква корист.“ „Владата не смее да...

Потпишан договорот за изградба на автопат од Тирана до Дебар

Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика денеска потпиша договор со компанијата „Ѓока Конструсион“ за изградба на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр), што Албанија ќе ја поврзува со Македонија кај Дебар. – Ова е еден многу значаен инфраструктурен објект што нашата земја ја поврзува со Македонија. Изградбата ќе чини 240 милиони евра, а во договорот стои дека државата обврските...

ВМРО-ДПМНЕ: И СДСМ одбегнува да каже на која држава е Заев премиер

СДСМ исто како и Зоран Заев одбегнува да каже на која држава е тој премиер, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ, а во врска со вчерашната средба на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас во Давос. „Од што се срами и од што бегаат и СДСМ и Заев? Наместо конкретни одговори и...

Единствена Македонија: Заев по стапките на Глигоров

Единствена Македонија, партијата на Јанко Бачев, која претходно се викаше НДМ, е изненадена од определбата на Зоран Заев за повторно враќање на штетната тактика на екстремна кооперативност во спорот за името, што ја применуваше поранешниот претседател Киро Глигоров, се вели во соопштението на партијата. „Вчера во Давос, Заев тргна по стапките на Глигоров и брзопотезно се согласи за промена на името...

Сугарески: Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе биде пуштен в година

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на форумот „Важност на Пан-европскиот коридор 10 за Република Македонија, Балканскиот полуостров и Европската Унија” кој се одржа денеска во Битола порача дека очекува следната година да биде пуштена новата автопатска делница Демир Капија - Смоквица, со што ќе се добие комплетен автопат на Коридорот 10 низ Македонија. Тој посочи и дека...

Сугарески: Во предлог-буџетот има повеќе пари за инфраструктурата и за гасификацијата

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, рече дека предлог-буџетот за 2018 година на Министерството за транспорт и врски изнесува 92,3 милиони евра, пари кои се предвидени за капитални проекти. При презентацијата на предлог-буџетот, Сугарески додаде дека овие пари ќе бидат наменети за инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и за комуналната инфраструктура. За гасификација се предвидени 36 милиони евра. - Во патната...

Во Благоевградско се спроведуваат проекти вредни 459 милиони евра

Во регионот околу бугарскиот град Благоевград, во близина на Делчево и на македонско-бугарската граница, во моментов се изведуваат проекти вредни 895 милиони лева, односно речиси 459 милиони евра, а парите се од Европските структурни и инвестицииски фондови, јави бугарската агенција „Фокус“. Најголемиот дел од тие пари, односно 739,2 милиони лева се од оперативната програма „Транспорт и транспортна инфраструктура“ и се...

ВМРО-ДПМНЕ реагира за унапредување полицајци во Гевгелија и за автопатот Демир Капија – Смоквица

ВМРО-ДПМНЕ денеска на две прес-конференции го обвини владејачкиот СДСМ дека е во паника и за партиски интереси деградира и унапредува полицајци, како и дека намерно не го пуштил во употреба автопатот Демир Капија - Смоквица, иако бил готов. - СДС ги губи изборите и во Гевгелија. Затоа Спасовски е во паника и носи решенија спротивни на закон за да ги задоволи...

Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе биде завршен до 28 февруари

Владата денеска го усвои предлогот за потпишување анекс на договорот за изградба на автопатска делница Демир Капија – Смоквица, со кој се продолжува времетраењето на договорот за изградба до 28 февруари 2018 година. Како што соопшти владината прес-служба, освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот. Градежните зафати...

Изградбата на автопатиштата продолжува, Владата потпиша анекс-договор со „Синохидро“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, вршителот на должност директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, и претставникот на „Синохидро“ во Македонија, Фан Јанг, денеска го потпишаа анексот на договорот за изградба на автопатската делница Миладиновци – Свети Николе – Штип. Потпишувањето на овој анекс-договор следува по донесениот закон за изменување и...

Сугарески се пофали со 188 милиони евра грантови обезбедени за 100 дена

За само 100 дена успеавме да обезбедиме 188,4 милиони евра грантови - неповратни средства за подобрување на патната, железничката и на комуналната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во своето обраќање до јавноста по повод 100 дена на функцијата. Тој рече дека би можел со часови да зборува за ситуацијата што го затекнала него и неговиот...

Автобус излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје, повеќе од 20 патници се повредени

Автобус излета од патот после патарината кај Велес, а повеќе од 20 патници се повредени. Патниците со возила на Итната медицинска помош се превезуваат на клиниките во Велес и во Скопје. Според првичните информации, возачот на автобусот изгубил контрола и излетал во близина на зимскиот пункт Кула кој се наоѓа на автопатот Велес - Скопје. Сообраќајот во тој дел од автопатот е во...

ВМРО-ДПМНЕ го демантира Сугарески за вредноста на автопатот Миладиновци – Штип

Горан Сугарески јавно изнесува невистини дека новиот автопат Миладиновци – Штип ќе чини дополнителни 20 милиони евра, пари што наводно требало да ги платат граѓаните на Република Македонија, одговори ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од опозициската партија велат дека дополнителните работи на автопатот нема да чинат ништо. „Не туку мафтајте со некакви документи и...

Автопатот Миладиновци – Штип ќе „изеде“ уште 20 милиони евра

Завршувањето на автопатот Миладиновци – Штип ќе значи трошок од уште 20 милиони евра, поради проблемите во изградбата. Претходниот министер за транспорт и врски, неколку дена пред заминувањето од власт на владата на ВМРО-ДПМНЕ, доставил информација до владата за тоа, но, како што рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, тоа досега се криело од јавноста. Сугарески изјави дека...

Српска државјанка загина во сообраќајна несреќа кај Удово

Д.П. (56), државјанка на Србија, утринава загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А-1, на делница Удово - Марвинци, наспроти селото Јосифово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Д.П била сопатничка во возилото и починала на местото на несреќата. Сообраќајката се случила утринава во 9.20 часот, помеѓу автомобил „тојота авенис“ управуван од В.С. од Србија и „пежо 308“ управуван од С.П., исто...

Во несреќи вчера загинале двајца мажи од Кумановско

Во две несреќи вчера попладнето, животите ги загубиле двајца мажи од Кумановско. Во првиот случај, како што извести МВР, околу 16.30 часот, Н.Ф.(49) од кумановското село Лопате, собирајќи слама во сопствената нива, паднал од тракторска приколка на која бил качен и бил прегазен од тркалото од приколката. Подоцна лекарите од кумановската болница, каде бил однесен, констатирале смрт. Увид на местото...

Мисајловски: Власта да продолжи веднаш со изградбата на патиштата

Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ се од витално значење за Република Македонија и не смеат да трпат застои или одложувања, a окрај тоа сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења, порача Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за транспорт и врски. Тој го обвини СДСМ дека „си...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...