Сугарески: Во предлог-буџетот има повеќе пари за инфраструктурата и за гасификацијата

-

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, рече дека предлог-буџетот за 2018 година на Министерството за транспорт и врски изнесува 92,3 милиони евра, пари кои се предвидени за капитални проекти.

При презентацијата на предлог-буџетот, Сугарески додаде дека овие пари ќе бидат наменети за инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и за комуналната инфраструктура. За гасификација се предвидени 36 милиони евра.

– Во патната инфраструктура продолжува изградбата на автопатиштата. Планирано е во март следната година да биде пуштен автопатот Демир Капија – Смоквица, до крајот на септември да биде изграден автопатот Миладиновци – Штип и дополнително да се направи анекс на договор за изградба на автопатот Кичево- Охрид, за што преговорите се во завршна фаза – рече Сугарески.

На крајот на следната година или на почетокот на 2019 година, треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце. Изградбата на патот Дебар – Тирана ќе биде и една од темите на најавената заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија, покрај железничката линија Кичево – Лин, за која е завршена проектната документација.

Во текот на 2018 година ќе почне и реконструкција на 26 патишта во земјата.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...